Аеродром Истанбул Ататурк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Аеродром Истанбул Ататурк
Atatürk Uluslararası Havalimanı
Istanbul Atatürk International Airport
{{{name}}}
Општо
Писти
Правец Должина Површина
ft m
18L/36R 9,843 3,000 Асфалт
18R/36L 9,843 3,000 Асфалт
06/24 7,546 2.300 Асфалт

Меѓународниот аеродром Ататурк во Истанбул (IATA: ISL, ICAO: LTBA) (Турски: Atatürk Uluslararası Havalimanı) е најголемиот аеродром кој ја опслужува Турција. Сместен на европскиот дел од градот, југозападно од центарот на Истанбул. Аеродромот е наречен во чест на Мустафа Ќемал Ататурк, основач на модерната Турска држава, како и нејзин прв претседател.

Порано служел како главен интерконтинентален патнички аеродром и карго центар за Истанбул додека не бил затворен за комерцијални патнички летови на 6 април 2019 година. Од тој момент, сите летови биле префрлени на новиот аеродром во Истанбул[1][2]

Tерминали[уреди | уреди извор]

Меѓународниот терминал

Постојат два патнички терминали на аеродромот, еден домашен (Терминал А) и еден меѓународен (Терминал Б), како и карго терминал (Терминал Ц). Отворен во 2001 година, меѓународниот терминал е модерен и многу полезно здание. Пред да се отвори меѓународниот терминал, постоеше само еден единствен терминал и неретко беше многу пренатрупано со патници. Терминалите се управувани од групацијата TAV (Tepe-Akfen-Ventures) од јануари 2000, кога групацијата инвестираше близу 600 милиони долари. Во 2005 TAV (Tepe-Akfen-Ventures) доби дозвола да управува со терминалите 15,5 години за рекордна сума од 3 билиони долари, што е најголема исплатена сума за приватизација во Турција, Источна Европа, Блискиот Исток како и северна Африка.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Аеродромот сѐ уште се соочува со проблеми со капацитетот. Рангиран е накаде помеѓу 35 и 40 место на списокот на најзафатени аеродроми со околу 25 милиони патници и 730.000 тони карго обработени во 2007 година. Со оглед на тоа дека патничкиот сообраќај се зголеми двојно во последните 5 години (домашниот се зголеми за 4 пати), како и подемот на турската економија и туризам, повеќе од јасно е дека на Истанбул ќе му треба нов аеродром во блиска иднина. Ататурк аеродромот го дели сообраќајот со аеродромот Сабиха Гокчен, аеродром кој е во делот на Истанбул кој се наоѓа во Азија.

Статистика[уреди | уреди извор]

Статистика на аеродромот во Истанбул
Година (месеци) Домашен Меѓународен Вкупно Вкупно(вклучувајќи транзит)**
Последни 12 месеци до 06/30/2008 * 9,796,499 14,365,004 24,161,503
2007 (вкупно) * 9,595,923 (+6%) 13,600,306 (+12%) 23,196,229 (+9%) 25,486,578
2006 (вкупно) 9,091,693 12,174,281 21,265,974
2005 (вкупно) 7,512,282 11,781,487 19,293,769
2004 (вкупно) 5,430,925 10,169,676 15,600,601
2003 (вкупно) 3,196,045 8,908,268 12,104,342
2002 (вкупно) 2,851,487 8,506,204 11,357,691

.

Карго Статистика (карго+товар+пошта)
Година (месеци) Товар
последни 12 месеци заклучно со 06/30/2008 * 754,674
2007 (вкупно)* 734,820 (+14%)
2006 (вкупно) 644,901 (+4.7%)
2005 (вкупно) 615,909 (+7%)
2004 (вкупно) 573,284 (+14%)
2003 (вкупно) 502,692 (+4.7%)
2002 (вкупно) 480,022 (---)

(*) Податоците се прелиминарни (**) Очекуван товар заснован на вкупниот транзит на Турските аеродроми.

Повеќе статистика[уреди | уреди извор]

Сервиси[уреди | уреди извор]

Бесплатен безжичен интернет е обезбеден околу местото за пристигање на патници како и околу портите за заминување на патници. Исто така постојат и неколку хотели во домен од 5 километри од аеродромот. На аеродромот постојат два Starbucks Coffee ресторани како и еден Gloria Jeans ресторан. Сите поголеми компании за изнајмување на автомобили можат да се најдат на аеродромот, а исто така може да се најде пошта, аптека како и фризерски салон.

Пристап[уреди | уреди извор]

Постојат неколку начини за да се стигне до центарот на Истанбул:

  • со воз: постои железнилка станица од центарот до аеродромот која поминува низ главните обележја од Европскиот дел од градот, вклучувајќи ја и меѓуградската автобуска станица. Патувањето од првата до последната станица трае околу 40 минути и еден билет чини околу 45 денари.
  • Аеродромски комби сервис: постои можност за аеродромски комби сервис опериран од Havas. Комбињата сообраќаат на секој 30 минути до главните центри во Истанбул.
  • Автобус: локални градски автобуси исто така сообраќаат до главната автобуска и железничка станица.
  • До аеродромот исто така може да се стигне и со автомобил користејќи го D-100 автопатот, како и TEM (Транс европскиот автопат).

Инциденти и несреќи[уреди | уреди извор]

  • Пожарот во 2006 година: Околу 15:30 часот по месно време, пожар се рашири од карго терминалот на аеродромот, на растојание од околу 1 километар од меѓународниот и домашен терминал. Пожарот беше ставен под контрола некаде 90 минути потоа. Во пожарот беа повредени 3 работници на карго терминалот.
  • На 23 март 2007 година, Ariana Afghan Airlines Airbus A300B4 по летот од Кабул до Анкара, се приземји на аеродромот, но неколку десетици метри по завршетокот на пистата. Временските услови за време на слетувањето беа многу тешки за слетување, и тоа се смета за главна причина за овиј инцидент.
  • На 11 Октомври, 2007 година, чартер лет од Египет, на авиокомпанијата AMC Airlines слета без помош на тркалата, при што ја помина целата писта. Еден патник беше повреден додека авионот беше во многу тешка состојба.

Авиокомпании и одредишта[уреди | уреди извор]

Turkish Airlines на паркингот на аеродромот
Внатрешност на терминалот

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Turkish Airlines aims to spread its wings at Istanbul's giant new airport“. Reuters. Посетено на 6 April 2019.
  2. „Full transfer of flights from Ataturk to new Istanbul hub begins“. Flight Global. Посетено на 6 April 2019.