Аеродром Катанија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Aеродром Катанија Catania-Fontanarossa Airport
|
|||||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Писти | |||||||||||||||
| Правец | Должина | Површина | |||||||||||||
| ft | m | ||||||||||||||
| 08/26 | 7989 | 2438 | Асфалт | ||||||||||||
Катанија Фонтанароса аеродромот (италијански: Aeroporto di Catania-Fontanarossa) (IATA: CTA, ICAO: LICC) е лоциран 5 километри јужно од Катанија, град кој е втор по големина на територијата на Сицилија. Аеродромот е најфрекфентен на Сицилија како и петти најфрекфентен аеродром во Италија со 6,083,735 патници. Со цел да се задоволи зголемениот проток на патници, нов терминал беше изграден кој опфаќа 20 порти како и 6 мостови за влаз во воздухопловите.
Содржина |
Историја [уреди]
Аеродромот Катанија има интересна историја која датира од 1924 година, кога беше првиот аеродром во регионот на Катанија. Но, кон крајот на 1940 година се увиде дека аеродромот станува премногу фрекфентен, па така се реши да се изгради нов, поголем аеродром, кој започна со работа во 1950 година. По околу 20 години на подем и зголемен проток на патници, во 1981 година аеродромот повторно беше реконструиран, како и во 2007 година кога беше изградена нова терминална зграда.
Паркинг [уреди]
Аеродромот нуди 1022 паркинг места, од кои 20 паркинг места се резервирани за инвалидизирани лица, краткотраен паркинг може да се најде кај влезовите Т4 и Т5.
Транспорт [уреди]
Аеродромот е лоциран во близина на автопатот А19, кој ја поврзува Катанија со Палермо и централна Сицилија, како и автопатот Е45, кој ја поврзува Катанија со Сиракуза. Исто така постои и автобус кој нуди превоз до центарот на Катанија и до централната железничка станица во Катанија.
Авиокомпании и дестинации [уреди]
- Air Berlin (Берлин Тегел, Дизелдорф, Нирнберг, Цирих)
- Air Italy (Наполи)
- Air Malta (Казабланка, Женева, Лондон Гетвик, Малта, Минхен)
- Air One (Џенова, Лампедуза, Милано Линате, Наполи, Пиза, Рим Фјумичино)
- Alitalia (Милано Линате, Милано Малпенза, Рим Фјумичино)
- Alitalia Express (Милано Линате)
- BluExpress (Рим Фјумичино, Ница)
- British Airways (Лондон Гетвик)
- Brussels Airlines (Брисел)
- Centralwings (Варшава)
- easyJet (Милано Малпенза)
- Eurofly
- Finnair
- Helvetic Airways (Цирих)
- Jetairfly
- Ливингстон
- Lufthansa (Минхен)
- Македонски Авиотранспорт (Скопје) Сезонски
- Meridiana(Болоња, Фиренца, Милано Линате, Олбија, Париз де Гол, Торино, Верона)
- Monarch Airlines (Лондон Гетвик, Лондон Лутон, Манчестер) (чартер летови)
- MyAir (Болоња, Букурешт Банеаса, Милано Малпенза, Милано Орио Ал Серио, Венеција)
- SkyEurope (Братислава, Будимпешта, Прага)
- Thomsonfly (Лондон Гетвик, Манчестер)
- transavia.com (Амстердам, Париз Орли)
- TUIfly (Келн/Бон,Дизелдорф, Франкфурт, Хамбург, Хановер, Минхен, Штутгарт)
- Windjet (Барселона, Форли, Мадрид, Милано Линате, Милано Орио Ал Серио, Москва Домодедово, Париз де Гол, Парма, Пиза, Рим Фјумичино, Санкт Петербург, Торино, Венеција, Верона)
- XL Airways France (Париз де Гол)