Аеродром Загреб
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Аеродром Загреб Zračna luka Zagreb/Pleso Zagreb Pleso Airport |
|||||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|
|||||||||||||||
| Писти | |||||||||||||||
| Правец | Должина | Површина | |||||||||||||
| ft | m | ||||||||||||||
| 05/23 | 10,669 | 3,252 | Асфалт | ||||||||||||
Аеродромот во Загреб (IATA: ZAG, ICAO: LDZA), кој е исто така познат и како аеродром Плешо е главен меѓународен аеродром кој ја опслужува Хрватска, а исто така и една од главните бази на Хрватското воено воздухопловство. Croatia Airlines ја воспостави својата централа на аеродромот. Со зголемување на сообраќајот од 14%, експанзијата на аеродромот е неминовна и веќе е започната во почетокот на 2008 година.
Содржина |
[уреди] Историја
Првото поле во Загреб кое беше користено за летање е изградено 1909 година и беше користено од Славољуб Едуард Пенкала за тестирање на авионите што тој самиот ги дизајнирал. Во 1927 година, Чарлс Линдберг слетува близу Загреб, во месноста викана Боронгај, по преминувањето на Атлантикот. Аеродромот започна со цивилно воздухопловство на 15 Фебруари 1928 година. После втората светска војна, комерцијалното воздухопловство беше преместено во воздушна база близу селото Лучко, југозападно од Загреб, на 1 Април, 1947 година. Рекордот го достигна 1959 година со 167,000 патници годишно. На 20 Април, 1962 година, повторно аеродромот беше поместен, овој пат на местото каде и денес се наоѓа, а тоа е близу селото Плешо. Најпрвин беше отворен со 2,500 метри долга писта и 1.000 метри² голем терминал. Нов 5000 метри² голем терминал беше отворен во 1966 година, како и експанзија на паркингот на аеродромот. Во 1974 година, пистата беше надградена на сегашните 3,250 метри и терминалот проширен на сегашните 12,000 метри². Аеродромот својот рекорд во превезени патници го доби 1979 година со 1,91 милиони патници. Во 2004 година на аеродромот е инсталиран нов систем за слетување CAT IIIb. VIP терминалот беше завршен и е лоциран југозападно од главниот терминал.
[уреди] Експанзија и модернизација
Нов терминал е планиран да се изгради до 2011 година. Планот, кој веше направен уште во 1997 година има капацитет од 11 порти за авионите, терминална зграда од 47,000 метри², и капацитет од 3 милиони патници на годишно ниво. Но, во 2007 на планот беа направени некои измени, па така, капацитетот е зголемен на 3,3 милиони патници на годишно ниво. Сегашниот план беше дизајниран од Тед Најсмит, и во него е вклучено ресторани, продавници, банки како и хотел кој ќе биде поврзан со подземен тунел со хотелот. Изградбата се очекува да чини околу 212 милиони евра и изградбата да трае од 2008 до 2010 година. Сегашниот терминал се очекува да биде приспособен во терминал за ниско буџетни авио компании.
[уреди] Авиокомпании и дестинации
- Aeroflot - Москва Шереметјево
- Air France - Париз де Гол
- Austrian Airlines - Виена
- B&H Airlines - Сараево
- Croatia Airlines
- Домашни - Бол, Дубровниk, Осиек, Пула, Сплит, Задар
- Меѓународни - Амстердам, Брисел, Копенхаген, Дизелдорф, Франкфурт, Гетеборг, Лондон Гетвик, Лондон Хитроу, Минхен, Париз де Гол, Подгорица, Приштина, Скопје, Рим Фиумичино, Сараево, Тел Авив, Виена, Цирих
- Czech Airlines - Прага
- Germanwings - Берлин Шонефелд, Келн/Бон, Дортмунд, Хамбург, Штутгарт
- Луфтханза - Минхен, Франкфурт
- Малев - Будимпешта
- SAS - Стокхолм
- TAP Portugal - Болоња, Лисабон
- Turkish Airlines - Истанбул Ататурк
- Wizz Air - Лондон Лутон
[уреди] Карго Авиокомпании
[уреди] Чартер летови
- Dubrovnik Airline - Барселона, Билбао, Мадрид
- Japan Airlines - Токио
- Skyservice - Белфаст, Торонто
- Nouvelair - Монастир