Малев

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Malév Hungarian Airlines
Magyar Légiközlekedési Vállalat
Malév Hungarian Airlines 737-800.jpg
IATA
MA
ICAO
MAH
Ознака
MALEV
Формирана 1946
Хабови Аеродром Будимпешта
Редовна програма на лет Duna Club
Соработки Oneworld
Големина на флота 24 (+10 нарачки, 4 oпции)
Дестинации 50
Седиште Будимпешта, Унгарија
Клучни луѓе Péter Leonov (Извршен Директор)
Вебсајт: http://www.malev.hu
Malév head office

Малев (унгарски: Magyar Légiközlekedési Vállalat) е национален авиопревозник на Унгарија и авиокомпанијата е базирана на аеродромот во Будимпешта. Лета на 50 дестинации низ 34 земји ширум светот. Малев е член на алијансата Oneworld од април 2007 година.

[уреди] Историја

Компанијата официјално е основана на 29 Март, 1946 година, кога Унгарско - Советска компанија за цивилно воздухопловство беше формирана. Флотата во тоа време броеше 2 авиона, Li-2 и Po-2. За време на комунистичкиот режим во Унгарија, флотата на Малев се состоеше главно од авиони од советско потекло, од типот Туполев, со кој сообраќаше на дестинации во Европа и Блискиот Исток. Некаде при крајот на комунистичкиот режим, Малев во својата флота додаде авион од типот Боинг 737-200. Моментално флотата на Малев брои вкупно 18 авиони од типот Боинг 737, еден авион од типот Боинг 767, како и неколку авиони од типот Фокер 70 и Бомбардиер CRJ 200. На 12 Јули, 2007 година, Лојд Пакстон беше назначен за извршен директор на авиокомпанијата. Пакстон беше во бордот на директори на British Airways цели 35 години. На 14 Септември, 2007 година, Лојд Пакстон даде отказ на работното место, при што, за негов заменик беше назначен Петер Леонов.

[уреди] Дестинации

Погледни опширно, Дестинации на Малев.

Авиокомпанијата главно лета на дестинации низ Европа, но исто така оперира и на некои дестинации до Северна Америка и Азија. На 29 Октомври, 2007 година, Малев објави дека ги прекинува северно Американските дестинации за време на зимскиот период, со главна причина дека сообраќајот за време на зимскиот перид е драстично намален, и со тоа придонесува загуба за авиокомпанијата.

[уреди] Флота

Малев Флота
Авион Вкупно Патници Дестинации Забелешки
Боинг 737-600 6 102 (19/83) Европа, Азија, Блискиот Исток
Боинг 737-700 7 119 (24/95) Европа, Азија, Блискиот Исток
Боинг 737-800 5
(Позајмен за време на зимска сезона 08/09)
164 (19/145)
180
Европа, Азија, Блискиот Исток и Африка еден авион позајмен на Livingston Energy Flight
Боинг 767-200ER 1 185 (24/161) САД, Канада, Азија
Планирано е да биде исклучен од сообраќај во блиска иднина
Бомбардиер Q400 4 (од Септември 2008) 72 Европа 4 нарачки (2012), 4 опции (2013)
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици