Czech Airlines
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Czech Airlines České aerolinie |
||
|---|---|---|
![]() |
||
| IATA OK |
ICAO CSA |
Ознака CSA |
| Формирана | 1923 | |
| Хабови | Аеродром Прага | |
| Редовна програма на лет | OK Plus | |
| Чекална | Crystal Lounge | |
| Соработки | SkyTeam | |
| Големина на флота | 36 (+6 порачки) | |
| Дестинации | 69 | |
| Родителска компанија | Министерство за финансии на Чешка | |
| Седиште | Прага, Чешка Република | |
| Клучни луѓе | Радомир Лашак | |
| Вебсајт: www.CzechAirlines.com | ||
Czech Airlines j.s.c. (чешки: České aerolinie, a.s., македонски изговор: чех ерлајнс), е чешка национална авиокомпанија која е базирана на аеродромот во Прага. Оперира на 69 дестинации во 41 земја, вклучувајќи ги сите европски метрополи, а исто така и одредени дестинации на Блискиот Исток и Северна Америка. Во 2006. година превезе околу 5 и пол милиони патници. Авиокомпанијата е член на SkyTeam алијансата.
Историја [уреди]
Czech Airlines е формирана на 6 октомври 1923 година, од страна на чехословачката влада. Дваесет и три дена подоцна првиот комерцијален лет помеѓу Прага и Братислава е воспоставен. Оперирала со домашни летови сѐ до 1930 година кога првиот меѓународен лет до Загреб беше воспоставен. По германската окупација на Чехословачка во 1939, развојот на авиокомпанијата беше стопиран. Во февруари 1948 година, Комунистичката партија се враќа на власт во Чехословачка. Со доаѓањето на власт, тогашната власт прекинува неколку западно европски дестинации, а исто така ја заменува флотата со авиони, па така наместо западно Европски и Американски авиони, во употреба влегуваат Советски авиони. Во 1957 година, Czech Airlines влегува во историјата како втора компанија која започнува да употребува авиони на млазен погон, со добивањето на авион од типот Туполев Ту-104А. Првиот прекуокеански лет беше остварен на 3 февруари 1962 година со летот до Хавана, Куба, користејќи Бристол Британија авион. Овој авион беше заменет со Илјушин ИЛ-18Д при крајот на 60-тите години од минатиот век, а исто така беа воведени и нови прекуокеански дестинации до Њујорк и Монтреал. Во 90-тите години од минатиот век, најголемиот дел од советските авиони беа заменети со авиони од западноевропските земји, како Боинг 737, Ербас А310, Ербас А320, како и ATR воздухоплови за кратки релации.
Дестинации [уреди]
Погледни опширно: Дестинации на Czech Airlines.
Флота [уреди]
| Авион | Вкупно | Патници (Бизнис/Економска) |
Дестинации | Забелешки |
|---|---|---|---|---|
| Ербас A319-100 | 9 (6 orders) |
135 | Дестинации на средни должини Европа и Блискиот Исток |
|
| Ербас A320-200 | 8 | 162 | Дестинации на средни должини Европа и Блискиот Исток |
|
| Ербас A321-200 | 2 | 212 | Дестинации на средни должини Чартер Летови |
на услуги од: HOLIDAYS Czech Airlines |
| АТР 42-500 | 7 | 46 | Кратки дестинации Централна Европа |
|
| АТР 72-200 | 2 | 64 | Кратки дестинации Централна Европа |
Ќе биде заменет со: АТР72-500 |
| Боинг 737-400 | 2 | 144 162 |
Кратки и средни дестинации Европа, Чартер Летови |
на услуги од: HOLIDAYS Czech Airlines |
| Боинг 737-500 | 8 | 108 | Кратки и средни дестинации Европа |
Ќе биде заменет со: A319 |
