Аеродром Сараево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Аеродром Сараево
Međunarodni Aerodrom Sarajevo
Sarajevo International Airport
{{{name}}}
Општо
Писти
Правец Должина Површина
ft m
12/30 8,666 2,641 Асфалт

Аеродромот во Сараево (IATA: SJJ, ICAO: LQSA), исто така познат и како аеродромот Бутмир, е најголем аеродром на територијата на Босна и Херцеговина, лодиран неколку килоемтри југозападно од главниот град Сараево.

После Дејтонскиот договор во 1996 година, аеродромот беше повторно отворен, и меѓу првите авиокомпании кои почнаа да сообраќаат беа B&H Airlines, Austrian Airlines, Луфтханза, Turkish Airlines и Croatia Airlines. Во 2019, 1,143,680 патници патувале преку аеродромот, во споредба со 323,499 во 2001.[1]. Во 2005 година, Меѓународниот совет за аеродроми ја додели наградата Најдобар аеродром во категоријата до 1 милион патници на годишно ниво.

Историја[уреди | уреди извор]

Потребата за аеродром во Сараево беше нагласена во 60-тите години од минатиот век. Аеродромот Сараево - Илиџа беше отворен на 2 јуни 1969 година. Во 1970 година, Франкфурт беше првото одредиште кое беше воспоставено од аеродромот. Исто така, аеродромот служеше како помошен на аеродромите во Загреб и Белград. Првото проширување на аеродромот беше направено пред почетокот на Зимските олимписки игри во Сараево, 1984 година. Во првите недели на војната во БиХ, аеродромот беше преземен од страна на српските сили кои му нанесоа сериозни штети на аеродромот. Од јуни 1992 година до крајот на војната, аеродромот беше под контрола на Обединетите нации, кои го користеа за транспорт на хуманитарна помош. Аеродромот беше отворен за цивилна авијација повторно на 16 август 1996 година, и од тогаш постепено е реновиран.

Авиокомпании и одредишта[уреди | уреди извор]

Чартер

Карго

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Bosnian, Flying (7 January 2020). „Record year for Sarajevo and Tuzla airports“.