Аеродром Берлин Шенефелд

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Аеродром Берлин Шенефелд
Flughafen Berlin-Schönefeld
{{{name}}}
IATA: SXFICAO: EDDB
Преглед
Писти
Правец Должина Површина
ft m
07L/25R 8,891 2,710 Асфалт
07R/25L 9,843 3,000 Цемент

Берлин Шенефелд аеродромот е аеродром лоциран близу Берлин, кај гратчето Шенефелд. Во минатото, овој аеродром бил главен аеродром во Источна Германија, како и единствен аеродром кој го опслужувал Источен Берлин. Берлин Шенефелд ќе биде трансформиран во главен Берлински аеродром во 2011 година.

Содржина

[уреди] Историја

Берлин Шенефелд аеродромот беше формиран на 15 октомври 1934 година. После Втората светска војна, аеродромот беше користен како база на Советските воздухопловни сили. Во 1951 година, аеродромот беше вратен на градската управа. Помеѓу 1947 и 1990 година, аеродромот служеше како централен аеродром на источна Германија. Аерофлот Туполев Ту-144 почна да оперира од тој аеродром во 1970. По реунификацијата на Германија во 1990 година, оперирањето на три аеродроми во рамки на градот Берлин стана неподносливо па така, се одлучи да се направи нов, централен аеродром во околината на Берлин Шенефелд аеродромот кој до 2030 година ќе може да опслужува преку 50 милиони патници и ќе биде на рамниште на Лондон Хитроу и аеродром Франкфурт. Новиот Берлин Бранденбург аеродром, се очекува да биде готов до 2011 година, се наоѓа јужно од Берлин Шенефелд, но се очекува дека и Берлин Шенефелд ќе биде вметнат под контрола на Берлин Бранденбург аеродромот.

Карта на планираниот Берлин Бранденбург аеродром

[уреди] Авионски несреќи

На 12 декември 1986 година, Аерофлот Ту-134 се урна додека беше во процес на слетување на аеродромот. 72 од 86 патници на авионот починаа. На 16 јули 1989 година, Илјушин IL-62, се урна по полетување и 21 патник почина.

[уреди] Aвиокомпании и дестинации

Берлин Шенефелд аеродромот има 4 терминали. Аеродромот е мал во споредба со поголемите аеродроми, па така овие терминални може уште да се наречат и хали. Повеќето од авионите заминуваат од терминал А, со исклучок на еasyJet (терминал Б), Condor, Germanwings, SunExpress(терминал Д) и терминал Ц е резервиран за Израелските авиокомпании. Сите терминали се поврзани.

[уреди] Терминал A

[уреди] Терминал Б

Првиот easyJet лет пристига на аеродромот во Берлин
  • easyJet (Атина, Барселона, Базел, Белфаст, Бристол, Брисел, Будимпешта, Копенхаген, Женева, Глазгов, Хераклион, Ибица, Лисабон, Ливерпул, Лондон Гетвик, Лондон Лутон, Лион, Мадрид, Малага, Милано Малпенза, Наполи, Ница, Олбија, Палма де Мајорка, Париз Орли, Пиза, Рига, Рим Чиампино, Талин, Солун, Венеција)

[уреди] Терминал Ц

[уреди] Терминал Д

[уреди] Карго авиокомпании

[уреди] Транспорт до аеродромот

До аеродромот може да се стигне преку Berlin-Schönefeld Flughafen железничката станица, која не е многу далеку од аеродромот. Преку оваа станица поминуваат линиите Ѕ9 и Ѕ45 на секои 10 минути, кои ве носат до главната железничка станица во Берлин.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици