Turkish Airlines

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Turkish Airlines
Türk Hava Yollari
Winglet B737-800.JPG
IATA
TK
ICAO
THY
Ознака
TURKISH
Формирана 1933
Хабови Истанбул Ататурк
Секундарни хабови Сабина Гокчен
Редовна програма на лет Miles & Smiles
Соработки Star Alliance
Големина на флота 110
Дестинации 140 (32 домашни + 108 меѓународни)
Седиште Истанбул, Турција
Клучни луѓе Чандан Каритекин (Chairman), Темел Котил (CEO)
Вебсајт: http://www.thy.com/
Turkish Airlines Building
Авион на Turkish Airlines.

Турска национална авиокомпанија(Турски:Türk Hava Yolları Anonim Ortaklığı, македонски изговор: Туркиш ерлајнс) (THY), е национален авио превозник на Република Турција. Оперира на 123 дестинации во странство и 23 дестинации во границита на Турција. Главната база е меѓународниот аеродромот Ќемал Ататурк во Истанбул. Компанијата има околу 12.000 вработени, и е официјален чен на Star Alliance.

Историја[уреди]

Авиокомпанијата беше основана на May 20, 1933. Започна операции најпрвин од Истанбул, а потоа и од Анкара. Во септември 1937 компанијата доби три De Havilland D.H. 86B. Следниот Декември, авиокомпанијата доби и четврт авион. Овие авиони го зголемија домашниот сообраќај со летови до Истанбул Ататурк, Ешкисехир, Измир, Анкара, Адана, Кајзери и Дијарбакир. Во најголемата реорганизација на авиокомпанијата, државната авиокомпанија THY, беше заменета со мешана корпорација, Türk Hava Yolları AO (THY) на 20 февруари 1956. Барањето за влез во Star Alliance беше прифатено во декември 2006. На April 1, 2008, Турската национална авиокомпанија стана полноправен член на Star Alliance.

Дестинации[уреди]

Погледни опширно: Дестинации на Turkish Airlines.

Договори за делење на летови[уреди]

Turkish Airlines има договор за делење на летови со следните авиокомпании:

Флота[уреди]

Флотата на Turkish Airlines се состои од следниве авиони заклучно со мај 2008:

Turkish Airlines Флота
Авион Вкупно Број на седишта
(Бизнис/Економска)
Дестинации Забелешки
Ербас A310-200 1 208 (18/190)
Ербас A310-300 3 210 (18/192) еден е претворен во карго авион
Ербас A319-100 2 124 (12/112)
Ербас A320-200 18 150 (0/150)
156 (0/156)
Ербас A321-200 17
186 (15/171)
195 (15/180)
202 (15/187)
Ербас A330-200 5 250 (22/228) Европа, Блиски, Среден и Далечен Исток, Северна Америка AVOD во економска и бизнис класа
Ербас A340-300 7 271 (34/237) Северна Америка и Далечен Исток AVOD во економска и бизнис класа.
Боинг 737-400 9 150 (12/138)
Боинг 737-800 46 165 (90/75)
Вкупно 110


Turkish Airlines Карго Флота
Авион Вкупно Капацитет
(Максимална носивост)
Дестинации Забелешки
Ербас A310-300F 3 Европа и Азија Ќе бидат додадени повеќе
по претворање на авиони од патнички во карго авиони


Ербас A310-300.
Ербас A321-200.

Инциденти и несреќи[уреди]

Во својата 75 годишна историја, Turkish Airlines има 3 авионски несреќи надвор од границите на Турција, како и 18 несреќи во границите на Турција. Првиот инцидент се случи на 17 Февруари, 1959 година, кога авионот се урна во услови на густа магла за време на слетувањето на аеродромот Гетвик во Лондон. Во авионот беа тогашниот Турски премиер Адриан Мендерес кои се упатуваа во Лондон со цел потпишување на мировниот договор за Кипар. Мендерес беше меѓу 10-тте преживеани патници од тој лет. Инцидентот со најмногу жртви беше летот број 981, кој се урна во Франција на 3 Март, 1974 година, поради експлозивна декомпресија, при шти 346 патници загинаа.