Аеродром Љубљана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Аеродром Јоже Пучник Љубљана
Letališče Jožeta Pučnika Ljubljana
Ljubljana Jože Pučnik Airport
[[Слика:|centre|200px]]
{{{name}}}
IATA: немаICAO: нема
Преглед
Писти
Правец Должина Површина
ft m
13/31 10,827 3,300 Асфалт

Аеродромот Јоже Пучник во Љубљана (IATA: LJU, ICAO: LJLJ) (словенечки: Letališče Jožeta Pučnika Ljubljana), исто така познат и како Аеродром Брник, е аеродром кој ја опслужува Љубљана, Словенија. Аеродромот е лоциран на 19 километри од центарот на Љубљана[1] и 11 километри јужно од Крањ. Аеродромот бил официјално отворен на 24 декември, 1963 година.

Аеродромот е именуван по Јоже Пучник, словенечки интелектуалец, дисидент и политичар. Тој е база на Adria Airways - словенечкиот национален авиопревозник. На 8 декември 2004, аеродромот ја надминал бројката од еден милион патници на годишно ниво за прв пат откако е отворен. Во 2007, низ аеродромот поминале 1.524.028 патници. Во близина на аеродромот минува автопатот А2/Е61, а исто така од и до аеродромот транзитираат автобуси до Љубљана и Крањ.

Статистика[уреди]

+ Сообраќај на Љубљанскиот аеродром
Година Патници Карго
2000 991,693 12,396
2001 894,130 12,403
2002 872,966 12,021
2003 928,397 12,080
2004 1,048,238 11,780
2005 1,218,896 11,560
2006 1,334,355 15,309
2007 1,524,028 21,717
2008 1,673,050 17,188
2009 1,433,855 14,333
2010 240,588

Планови за експанзија[уреди]

Поради зголемувањето на авиосообраќајот во Словенија како и поради задолжителната поделба на шенгенски и не-шенгенски зони, властите на аеродромот имаат план за изградба на нов терминал. Првата фаза била започната во 2007 година, кога на Словенија влегла во Шенген зоната. Било додадено уште едно ниво на постоечкиот терминал, на кое биле додадени 4 порти. Втората фаза, која започнала во втората половина на 2008 година, вклучува изградба на нов терминал кој ќе биде изграден веднаш до првиот терминал. Се планира да има околу 40 шалтери за чекирање. Системот за багаж ќе има 3 ленти. На терминалот ќе има простор за авиокомпании, туристички агенции, ресторани, продавници, како и специјален простор за патниците од прва класа. Капацитетот на новиот терминал се планира на 850 патници за пристигање и заминување во рок од еден час.

Авиокомпании и дестинации[уреди]

Чартер[уреди]

Карго авиокомпании[уреди]

Наводи[уреди]