Аеродром Подгорица
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Аеродром Подгорица Aerodrom Podgorica Podgorica Airport |
|||||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|
|||||||||||||||
| Писти | |||||||||||||||
| Правец | Должина | Површина | |||||||||||||
| ft | m | ||||||||||||||
| 18/36 | 8.202 | 2.500 | Асфалт | ||||||||||||
Аеродромот во Подгорица (Српски/Црногорски: Аеродром Подгорица, Aerodrom Podgorica)(IATA: TGD, ICAO: LYPG) е меѓународен аеродром лоциран 11 километри јужно од центарот на Подгорица. Аеродромот е главна централа на Montenegro Airlines, и е еден од двата јавни аеродроми во Црна Гора.
Содржина |
[уреди] Главен Терминал
Со зголемениот авиосообраќај во Црна Гора во последните неколку години, сегашниот таканаречен "стар" терминал, мал, со само две порти за авионите, стана премал за протокот на патници, и со тоа градењето на нов терминал стана неизбежно. Нов патнички терминал се отвори на 14 Мај, 2006 година, на кој постојат 8 порти за пристигање и 2 порти за заминување, и е способен да прими околу 1 милион патници на годишно ниво. Покрај конструкцијата на нов терминал, надоградени беа и придружните објекти на аеродромот. Терминалната зграда е целосно алуминиумска со структура од стакло. На терминалот постојат неколку ресторани, кафе барови, продавници, како и подружници на неколку банки.
[уреди] Воено користење
Аеродромот во Подгорица е цивилен аеродром, но пистата исто така се користи и од страна на военото воздухопловство на Црна Гора.
[уреди] Авиокомпании и дестинации
- Adria Airways (Љубљана)
- Austrian Airlines (Виена)
- bmi (Лондон Хитроу)
- Croatia Airlines (Загреб)
- Jat Airways (Белград)
- Малев (Будимпешта)
- Montenegro Airlines (Белград, Франкфурт, Лондон Гетвик, Љубљана, Париз Де Гол, Рим Фиумичино, Виена, Цирих)
- Moskovia Airlines (Москва Домодедово)
- Norwegian Air Shuttle (Осло)
[уреди] Инциденти
- На 25 Јануари, 2005 година, авион од типот Фокер 100 под боите на Montenegro Airlines при слетување излезе од пистата. Два патника, пилотот и копилотот беа полесно повредени. Подоцна авиокомпанијата беше тужена од страна на патниците поради тоа што беше единствената авиокомпанија која оперираше на аеродромот тој ден, другите летови беа откажани поради недостиг од опрема за одледување.
- На 11 Септември, 1973 година, 41 лице загинаа, кога авион на ЈАТ се сруши на врвот Бабин Заб северно од Подгорица.