11 септември
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | септември | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
| 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
| 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
| 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
| 29 | 30 | |||||
Оваа статија е за датумот. За терористичките напади врз САД, видете Терористички напади од 11 септември 2001 година
11 септември е 254-иот ден во годината според григоријанскиот календар (255-и во престапна година). Остануваат 111 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1683 | Јован III Собјески од Полска пристигнал со своите војски пред Виена и помогнал во победата над турските војски кои ја држеле под двомесечна опсада. |
| 1941 | Претседателот на САД Франклин Рузвелт издал наредба до американското воено воздухопловство и до морнарицата да отворат оган врз сите бродови на силите на Оската кои ќе влезат во водите на западната хемисфера. Тоа значело конечно американско раскинување со политиката на изолационизмот. САД отворено застанале на страната на Велика Британија и на СССР, иако стапиле во војна дури по јапонскиот напад врз Перл Харбур. |
| 1944 | Сојузничките сили го завзеле Луксембург и се пробиле на германска територија. |
| 1944 | Струмичкиот партизански одред ја ослободил Струмица и околните села. |
| 1944 | Ослободен бил Ресен од фашистичкиот окупатор. |
| 1973 | Во заговор во Чиле предводен од Аугусто Пиноче убиен е претседателот Салвадор Аљенде и воспоставена е антикомунистичка воена диктатура. |
| 1996 | Република Македонија и Бахреин воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво. |
| 1997 | Република Македонија станала полноправна членка на Централно и источноевропската регионална иницијатива за управување со воздушниот простор (ЦИЕРВИ). |
| 2001 | Во САД биле извршени терористички напади во кои загинале 3.000 луѓе. Одговорноста за нападите ја презела организацијата Ал Каеда на Осама бин Ладен. |
| 2003 | Шведската министерка за надворешни работи Ана Линд починала откако претходниот ден била прободена со нож од Мијаило Мијаиловиќ, роден во Шведска со српско потекло. |
Родени:
| 1524 | Пјер Ронсар, француски писател. |
| 1913 | Феликс Ѓержински („Железниот Феликс“), полски комунист. |
| 1914 | Павле, српски патријарх. |
| 1919 | Ота Шик, чешки економист и политичар. |
| 1939 | Сократ Лафазановски, македонски сликар и балетски уметник. |
| 1945 | Франц Бекенбауер, германски фудбалер. |
| 1965 | Моби, американски музичар. |
| 1978 | Дејан Станковиќ, српски фудбалер. |
| 1979 | Бујар Османи, министер за здраство на Македонија. |
| 1980 | Кристоф ле Мевел, француски велосипедист. |
| 1980 | Александар Корнев, руски одбојкар. |
| 1992 | Марија Габриела де Фарија, венецуелска актерка и пејачка. |
Починале:
| 1733 | Франсоа Купрен, француски композитор. |
| 1794 | Свети Атанасиј Радовишки, македонски светец. |
| 1823 | Давид Рикардо, англиски економист. |
| 1971 | Никита Сергеевич Хрушчов, советски политичар и државник. |
| 1973 | Салвадор Аљенде, претседател на Чиле. |
| 2003 | Ана Линд, шведски министер за надворешни работи. |
| 2009 | Јоргос Папуљас, грчки министер за надворешни работи. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |