Кратово

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кратово
Поглед кон Кратово
Поглед кон Кратово
Знаме на Кратово
Грб на Кратово
Mестоположба
Mестоположбата на Кратово
Општина Кратово на картата на Македонија.

Часовен појас : CET/CEST (UTC+1/2)

Општи податоци
Име: Кратово
Гесло: Градот на кулите и мостовите
Поштенски бр.: 1360
Повикувачки бр.: (+389) 031
Автомобилска ознака: KU
Портал: opstinakratovo.gov.mk
Историја
Стари имиња: Кратер
Коритос
Коритон
Управа
Држава: Flag of Macedonia.svg Македонија
Регион: Logo of Northeastern Region, Macedonia.svg Североисточен регион
Општина: Coat of arms of Kratovo Municipality.svg Општина Кратово
Градоначалник: Мите Андоновски
Географија
Површина: 376
Надм. височ.: 1000 м
Население
Население: 6.924
-мажи: 3.505
-жени: 3.419
Образование:
-високо: 542
-средно: 2.994
-основно: 2.460
-неписмени: 728


Кратовоград во североисточна Македонија, сместен во грлото на изгаснат вулкан. Градот е еден од најстарите градови во Македонија и на Балканот. Во 2002 година градот имал 6.924 жители.[1]

Глетка од центарот на Кратово
Кратовска (Табачка) Река со еден од неколкуте стари камени мостови во центарот на Кратово

Потекло на името[уреди]

Постојат повеќе примери за изворот на името на градот Кратово. Името Кратово доаѓа од местоположбата на градот, кој лежи на вулканска подлога, односно вулкански кратер. Според преданието, градот го добил името по зборовите „кират-ова“, по името на тврдината на бреговите на Кратовска Река, урната од Турците. Бо времето на Византија, градот е наречен „Коритос“ или „Коритон“.[2]

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Кратово.

Античка и средновековна историја[уреди]

Кратово во првата половина на XX век

Подрачјето било населено уште во римско време. Градот бил познат како рударски град под името „Кратишкара“, кој ѝ припаѓал на римската провинција Дарданија. Во византиско време, Кратово е познато како „Коритос“ или „Коритон“, што ја објаснува и неговата местоположба, „корито во кое се наоѓа градот“. Како сведоштво за животот и значењето на Кратово во античкиот и средновековниот период како важно рударско средиште, се остатоците од рудниците и големиот број подземни тунели и премини кои ги поврзувале и од кои се ископувала и пренесувала рудата.

Во времето на владеењето на Стефан Немања, во 1189 година, Кратово било присвоено кон Србија, под српска надвласт со градот властувал деспотот Јован Оливер.

Глетка на дел од Кратово од Радин Мост

Зa постоењето на Кратово раскажувал Хомеровиот еп "Илијада" во VI в.п.н.е. Како доказ служат и монетите од времето на Адолион Пајонски, крал кој владеел од 315 до 285 г.п.н.е. Во тоа време, градот тргувал со злато, сребро и бакар.

Османлиско ропство[уреди]

Во втората половина на 14 век, Кратово потпаѓа под Отоманска империја. Во 16 век и во 17 век, во составот на новоосвоените територии на Османлиското царство, градот станал подрачен центар.[3] Градот го посетил и турскиот султан Мурат. Од 1689 до 1805 градот бил запустен.

Географија[уреди]

Кратово се наоѓа во североисточниот дел на Република Македонија, помеѓу општините Крива Паланка, Пробиштип, Свети Николе, Куманово и Кочани, во западниот дел на планината Осогово, во кратер на изгаснат вулкан. Низ него тече Крива Река и три помали реки.

Кула во Кратово

Кратово е поврзан со регионалниот пат „Р-206“, кој овозможува поврзување на градот со другите магистрални патишта:

Клима[уреди]

Климата е умерено континентална и планинска, поради надморската височина на градот. Во стругата на реката Крива се чувствува влијанието на Вардарската долина и Средоземјето.

Температурата на воздухот се разликува во летниот период во однос на зимскиот период. Максималната температура во летниот период е 38,5°С, а минималната во зимски период е -16,5°С, просечно температура изнесува 11,3 °С.

Врнежите се движат од 550 мм до 750 мм воден талог на 1м², во зависност од апсолутната височина. Најизразени врнежи има во април, мај, октомври и ноември, а најсушни се месеците - август, септември и февруари. Кратово спаѓа под влијание на југозападни ветрови кои доведуваат до топло и врнежливо време, а североисточните ветрови дуваат од планинските делови и условуваат суво и ладно време.

Население[уреди]

Кратовска стара куќа

Во 1836 година, градот имал 56.000 жители.[4] Во втората половина на 19 век, бројот на населението било неизменето. Во турските записи пишува дека од 303 жители, 74 биле исламизирани, што во тогашна Македонија, Кратово спаѓал меѓу градовите кои биле најнаселени со муслимани.[5]

Според пописот од 2002 година, во градот Кратово живеат 6.924 жители[6] од кои:

Стопанство[уреди]

Развојот на Кратово започнува во втората половина на XX век. Меѓу значителните претпријатиа од тоа време, се комбинатот „Силекс“, фабриката за брусеви и брусно платно „Иднина“, модната конфекција „Кратовчанка“ и други производни капацитети, во кои почнало поширокото вработување. Во транзицијата се затвориле сите поголеми производни капацитети. Градот има невработени 1.899 лица.[7] Денес од поголемите претпријатиа во Кратово работат: „АДК РИК-Силекс“, состав на повеќе профитни центри и „Иднина“, производство на брусеви, брусно платно и хартија. Градот има 150 трговски друштва и 4 текстилни погони. Во гранката на земјоделието, најзастепени се културите пченица и јачмен. Градот е аграрно индустриски[8]

Култура[уреди]

Улица во Кратово

Кратово во средниот век бил познат по своеата Кратовско книжевно училиште, које заедно со книжевното училиште на манастирот Св. Гаврил Лесновски биле особено активни од 12 век до 14 век. Во училиштата се препишувале стари книги и се пишувале нови текстови од црковна содржина, со што Кратово во раниот среден век станал културен центар.

Кратово ги има следниве културни установи: музеј на град Кратово, домот на културата и градска библотека. Од образовни институции има, едно средно училиште ДСУ „Митко Пенџуклиски", детската градинка „Царка Андреева“, интернат, приватно училиште за странски јазици и едно основно ОУ „Кочо Рацин".

Во Кратово има три православни цркви. Во време на турското владеење градот имал преку 20 цркви, од кои се пронајдени остатоци.

  • црквата “Св. Никола-чудотворец” во Царина маала, обновена 1848 год.
  • црквата “Св. Јован Претеча” - во средна маала, обновена 1836 год. и
  • црквата “Св. Ѓорѓи Кратовски” сместена во старите гробишта. Таа била посветена на единствениот маченик, прогласен за светец од Кратово од 16 век “Св.Ѓорѓи Кратовски” кој поради својата вера во христијанството бил спален 1515 год. во Софија. Во негова чест и слава и во чест на зачекорувањето во третиот сехристијански Милениум, Советот на општината Кратово го прогласил празникот „Свети Ѓорѓи Кратовски” за патронен празник на градот кој се слави на 24 февруари, а светецот „Свети Ѓорѓи Кратовски” станал симбол и заштитник на градот и општината.

Архитектура[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Архитектура во Кратово.
Саат-кулата во Кратово
Куќа со традиционална архитектура во Кратово

Кратово е изградено со типична староградска македонска архитектура и е познато по своите кули и мостови. Во градбите е значителен каменот и дрвната конструкција, пересте и плитар, со што на градбите им овозможува еластичнот и цврстина. Стреите и таваните биле украсувани со декоративни штички. Чардаците на секоја куќа се посебно обележие на кратовската куќа. Од чардакот зависела и обликата на куќата. Вратите на куќите се еден од најубавите и најобработени детаљи, тие се како еднокрилни или пак двокрилни. Во минатото секоја кратовска куќа имала бања за капење. Како посебна просторија во куќата имала огниште, кое служело за загревање на просториите и за готвење храна.[9]

Археолошки локалитети[уреди]

Медиуми[уреди]

Кратово има радио станица Радио Кратово, која ја објавува информативната дејност во општината и градот. Градот има две државни и две приватни телевизиски станици кои работат на територијата на целата држава и една кабловска телевизиска станица „Крателсат”.

Спорт и рекреација[уреди]

Подрачјето на градот е покриено со природно зеленило, располага со убави излетнички места, како: планината „Лисец“ и „Буковец“ и долината на реката Злетовица и Крива Река. Градот го има хотелот „Кратис” и повеќе угостителски објекти и градски олимписки базен во сопственост на АД РИК „Силекс”-Кратово.

Во градот има, една спортска сала, фудбалски стадион на фудбалскиот клуб „Силекс”, кој се натпреварува во Првата Македонска фудбалска лига. ФК Силекс во минатото освоил три шампионски титули и два купа на Македонија. Исто така, има и два женски ракометни клуба: РК „Кратово” и РК „Добра Вода”, кои се натпреваруваат во Првата Македонска ракометна лига, карате клуб и шаховски клуб “Кратово”.[10]

Личности[уреди]

Родени во Кратово
Починале

Поврзано[уреди]

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]