Кичево
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Кичево | |
|---|---|
Поглед кон Кичево |
|
| Mестоположба | |
Кичево на картата на Македонија |
|
|
Часовен појас : CET/CEST (UTC+1/2) |
|
| Општи податоци | |
| Име: | Кичево |
| Поштенски бр.: | 6250 |
| Повикувачки бр.: | (+389) 045 |
| Автомобилска ознака: | OH |
| Мреж. место: | kicevo.gov.mk |
| Историја | |
| Управа | |
| Држава: | |
| Општина: | Кичево |
| Градоначалник: | Благоја Деспотоски |
| Географија | |
| Надм. височ.: | 888 м |
| Население | |
| Население: | 27.067 |
| Образование: | |
Кичево е град во средишниот дел на Западна Македонија. Градот лежи во Кичевската Котлина под југоисточните падини на планината Бистра. Од Скопје Кичево е оддалечено 112 километри, а се наоѓа на речиси половина пат меѓу Гостивар (46 километри) и Охрид (61 километар).
Содржина |
[уреди] Местоположба
Кичево се наоѓа во западниот дел на Република Македонија, сместен во Кичевската Котлина, која преставува јасно обликувана природна целина, опколена од сите страни со високи планини. Припаѓа на горното сливно подрачје на реката Треска, на северната страна допира до превојот Стража, на западната страна се издига планината Бистра, на јужната страна по долината на реката Треска се протега до Илинска планина, а на источната страна допира со северниот дел на Порече. Градот Кичево, како урбан центар, се наоѓа на надморска височина од 625-650 метри. Останатите населени места се наоѓаат на надморска височина од 600 до над 1000 метри.
Што се однесува до површината, Кичево покрива најмал дел во споредба со другите општини, односно 49 км2, што претставува 5,9% од вкупната површина во кичевската котлина. Според бројот на жители, Кичево е најголема општина, со 52,5% од вкупниот број на жители во регионот.
[уреди] Клима
Кичевскиот регион се наоѓа под влијание на топло континенталната и планинската клима. Зоната на влијание на топло континенталната клима во Република Македонија е во висински појас од 600 до 900 м н.в. што значи во ова климатско подрачје во Кичевскиот регион се наоѓа градот Кичево и поголем дел од населените места, а планинските подрачја се под влијание на планинската клима. Годишната средна температура во потесното градско подрачје изнесува 10,7 °С при што апсолутниот месечен максимум на температурата изнесува 40,5 °С додека апсолутниот месечен минимум изнесува - 23 °С. Средната годишна максимална температура изнесува 17,1 °С, а средната годишна минимална температура изнесува 5 °С .
Наведените климатски и други природни услови во анализираниот регион влијаат ограничувачки на развојот на одредени овошни видови и овозможуваат одреден развој на други овошни видови. Релативно умерената и стабилна влажност на воздухот (74%) и топло континенталната клима овозможуваат одгледување на јаболчестите овошни видови (јаболка и круша), како и поволни услови за одгледување на некои од коскеските овошни видови (вишна, цреша, слива).
Исто така постојат услови за одгледување и на оревот и костенот. Ограниченоста на површините кои се наводнуваат и слабата количина на врнежи во последните години делуваат негативно на развојот на јаболчестите видови на овошки. Јаболката, па и крушата бараат висока влажност на воздухот и многу вода па затоа условите за нивно одгледување се најповолни покрај реките, водотеците и на површини кои се под систем за наводнување. Црешата и вишната се овошни видови кои не се многу прибирливи во однос на климатските услови и успеваат и на поголеми надморски височни што е многу значајно за регионот со оглед на неговата надморска височина. .....И покрај релативно добрите услови за одгледување на повеќе овошни видови, овоштарството во регионот во овој момент не претставува позначајна земјоделска гранка. На тоа влијае пред се слабата организираност на производството и пласманот, во однос на "специјализираните" региони за одредени овошни видови (а во кои постојат и релативно подобри услови за одгледување на тие овошни видови). Сегашната состојба со овоштарството во Кичевскиот регион (во кој под овоштарство постојат само 75 хa) покажува за стагнацијата на оваа земјоделска гранка во регионот. Споредбата со состојбата од пред десетина години кога под јаболка имаше околу 400 ха и под вишна околу 200 ха ја покажува тенденцијата на намалување на значењето на овоштарството како гранка во анализираниот регион.
[уреди] Население и етнички состав на населението во Кичево
Според пописот од 2002 година градот Кичево има 30138 жители, од кои:
- Македонци - 15 031 (53,55%)
- Албанци - 7 641 (30,55%)
- Турци - 2 406 (8,06%)
- Роми - 1 329 (5,41%)
- Срби - 82 (0,30%)
- Власи - 77 (0,28%)
- Бошњаци - 8 (0,03%)
- други - 496 (1,83%)
[уреди] Историја на Кичево
Кичево како населба е првпат споменато под името Ускана во времето на владеењето на Античкиот Македонски владетеле Персеј, градот имал значајна улога во Македонско - Римските војни (170-169 г.п.н.е.). Подоцна во 1018 година градот е споменат под името Кичавис во документите на тогашниот Византиски владетел Василиј II.Во средниот век споменатите територии потпаѓаат под средновековната Српска Држава, што се потврдува со даровницата на Кралот Милутин кој во 1294 го опсипал со подароци манастирот Свети Ѓорѓија во село Кнежино. Кичево и Кичевско потпаѓаат под турска власт кон крајот на четиринаесетиот век. По освојувањето, градот бил претворенвоен и а дминистративен центар. Со се' поголемиот прилив на странски капитал кон крајот на деветнаесетиот век, турската империја пројавила интерес за експлатација на рудните богатства во овој регион, особено за бакарот и манганот, а во градот се започнало со градителски и комунален развој. Во подножјето на Кичевското Кале бил подигнат градски часовник, а во центарот на градот била изградена убава чешма и била донесена вода за пиење.Првите никулци на Македонската Револуционерна Организација започнале со револуционерната работа на Ѓаконт Јосиф на манастирот Света Богородица - Пречиста, и на учителите на повеќе Кичевски села.нгличанецот Едминд Спенсер бил капетан и многу патувал, пред се, во разузнавачки цели. Во 1850 година ја посетил и Македонија. Поминал крај Кичево. Интересно е што во неговиот патепис Спенсер наведува дека Кичево е местото каде порано се наоѓал градот „Скиртијана“. Познато е дека во Кичевската котлина се наоѓал древниот град Ускана (Хискана), чија локација сеуште не е точно утврдена. Изворот за овој податок не е наведен, но е доста интересен. Еве што друго пишува Едмунд Спенсер за Кичево во својот патепис:
“Напуштајќи ја прекрасната долина на Дреска, поминавме преку планината на пат за Критчово, древната Скиртијана, која денес претставува мало село што нема повеќе од стотина куќи. Се почувствувавме меланхолично гледајќи го прекрасниот и простран басен во кој беше сместено селото, каде што почвата очигледно беше мошне плодоносна, но малку обработена. Неколку напуштени села беа расфрлани во околината покажувајќи дека оваа област мора некогаш да била место каде што се одвивал некој смртоносен судир, а тоа било неодамна. Критчево е сместено во подножјето на еден планински венец, не многу висок, овде-онде покриен со шума, претставувајќи еден освежителен предел во овие области на Македонија, каде студениот гол камен често е главната карактеристика на пределот; иако овие планини некаде испреплетени со бројни плодни површини, мали долини или клисури, каде што течат водите на Зајас, Карасу, Кандрису и на неколку помали реки се влеваат во реката Вардар, сепак се чини дека земјата е добро прилагодлива за земјоделство; сепак единствените жители кои ги сретнавме на нашиот пат беа неколкумина номади со нивните стада.”
Спенсер го посетил Кичево во еден од најтешките периоди низ кој поминал градот. Имено во годините, непосредно пред да помине тука, Кичево било арена на еден од многуте крвави судири во Османлиската империја, кои се јавиле како последица на ослабнувањето на централната власт во Истанбул, а јакнењето на локалните паши, бегови, кои почнале да се одметнуваат. Во тоа време господар на Кичево бил Абди бег, вееројатно лојален на султанот. Абди бег бил убиен од страна на Хамза паша од Скопје, кој потоа се населил во тврдината на Китино кале, по што почнал страшен терор врз локалното население. Се зборува дека во тврдината го опслужувале дури 400 слуги. Кога Ајредин паша успеал да го порази Хамза паша и да го заземе повторно Кичево, тврдината била запалена и разрушена. Потоа животот почнал да се враќа во нормала. Сево ова се случувало за време на одметнувањето на Али паша – Јанински, во првата половина на 19 век, време кога се случува феудална анархија во Османлиската имерија. Како причина било искористено укинувањето на јаничарскиот ред во 1826 година од страна на султанот Махмуд II, по што голем број на турски феудалци се одметнале и почнале со масовен терор во областите каде владееле. Поради тоа нсаелението се повеќе ги напуштало селата преселувајќи се во градовите. Едмунд Спенсер несомнено бил сведок на периодот после феудалната анархија во Кичево. По направените обиколки и првите контакти со печалбарите по Кичевските села Пере Тошев заедно со Јосиф во 1878 година ја формираат првата вооружена чета на чело со Дуко Тасев, а во чии редови бил и Јордан Пиперката. Тие ќе бидат предводници на познатата Брсјачка буна во 1880 година. Исто така, на 2 Август 1903, започнува востание на чело со Арсо Војвода и Јордан Пиперката, а се држат ослободени територии до 9 Август кога востанието било крваво задушено. Кичево и Кичевско дефинитивно е ослободено од петвековното ропство во 1912 година по завршувањето на првата Балканска Војна. Но дури тогаш страдањата биле уште поголеми особено во Втората балканска Војна кога населението било поделено на две страни па не се знаело на која страна и за чии интереси се гине.Во 1919 година со Версајската Конференција овој регион припаѓа на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците кои водат систематска политика на асимилација на населението. Во невероватно тешки услови, овој регион ја дочекува фашистичката окупација 1941 година, каде поголемиот дел од Македонија ја окупираат Бугарските сили, а Кичевско припаѓа по Италијанска окупација. Но Кичево нема да ги изневери старите револуционерни обичаи и се одзива на повикот на КПМ за револуционерна борба за слобода, а како идеен водач се јавува Кузман Јосифоски Питу. На 15 декември 1941 година била формирана првата партиска организација во село Карбуница. За време на Втората светска војна Кичево бил првиот слободен град и слободна територија заедно со Дебарца во 1942 година. Од градот и околината се исто така произлезени и многу партизани. Со историскиот референдум во 1991 година на 8-ми Септември , Македонија станува независна Држава, со изградба на повеќепартиски систем и пазарно стопанство, а Кичево влегува во системот на транзиција.
- Потекло на името Кичево
Античкото име за градот е Ускана. Во странските патеписци кој поминувале низ Македонија од XIV I XV век, градот Кичево е споменуван уште како Критчово или Кртчово име кое го добило после населувањето на Словените. Според Марко Цепенков сестрата на Крале Марко, Кита владеела овде на калето (наречено Китино Кале) кое е всушност денешното Кичевско Кале со саат-кулата, и според градот го добил името Кичево. Во отоманскиот период, градот го носел името Крчово (денес употребувано од Албанците), со што се смета дека познатиот македонски просветител Јоаким Крчовски најверојатно водел потекло од Кичево или Кичевско.
[уреди] Стопанство и економија
Главно обележје на стопанството во регионот му дава Рударско-Енергетскиот комбинат "Осломеј" кој е со капацитет од 660.000 квч годишна продукција и е прв објект од ваков вид изграден во Република Македонија. Во Кичево е доста развиена трговијата, а најпознати стопанско - индустриски објекти се поранешниот рудник за железо Тајмиште (сега има производство на здрава храна), рудникот за јаглен и термоелектрана Осломеј, фабриката Тане Цалески. Градот Кичево и кичевско се познати и по најдобриот и највкусниот бурек на Балканот, а кичевчани се и најпознатите пекари и фурнаџии во Белград.
[уреди] Туризам
На само 3 километри од центарот на градот на падините на Бистра се наоѓа познатото излетничко место Крушино.
[уреди] Знаменитости на градот
- Китино Кале
- Манастир Св Богородица Пречиста (Кичевска)
- Манастир Св. Ѓорѓија-село Кнежино
- Саат Кула-Кичево
- Стара Чаршија-Кичево
[уреди] Личности
- Родени
- Томе Момировски (4 април 1927) - македонски раскажувач, романсиер, есеист, критичар и преведувач.
- Калиопи (р. 28 декември 1966) - познат и истакнат македонски уметник, вокален интерпретатор, композитор и текстописец
- Горан Б. Стојаноски (р. 1966 година) - македонски писател.
[уреди] Кичево на интернет
- Кичево-официјална страна 1
- Кичево-официјална страна
- Интернет портал
- FACEBOOK: Официјална група - Општина Кичево
- FACEBOOK: Municipality of Kicevo
[уреди] Наводи
|
|||||||
|
|||||||
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Кичево“ |