15 септември
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | септември | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
| 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
| 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
| 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
| 29 | 30 | |||||
15 септември е 258-иот ден во годината според григоријанскиот календар (259-и во престапна година). Остануваат 107 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1786 | Италијанскиот лекар и природонаучник Луиџи Галвани ја открил струјата, која според неговото име подоцна е наречена - галванска. |
| 1812 | Француската армија предводена од Наполеон дошла до Кремљ во Москва. |
| 1821 | Дотогашните шпански колонии Костарика, Никарагва, Ел Салвадор, Гватемала и Хондурас прогласиле независност. |
| 1822 | Францускиот ориенталист Жан Франсоа Шамполион успеал прв да ги дешифрира хиероглифите на Каменот од Розета најден во египетското место Решид, во 1799 година. Тој утврдил дека хиероглифите не се симболично, туку фонетско писмо. Шамполион е основач на египтологијата. |
| 1830 | Отворањето на железничката линија Ливерпул – Манчестер на која е употребена парната локомотива. „Ракета“ е проследена и со првата железничка несреќа со случајна смрт на англискиот државник Вилијам Хускисон. |
| 1835 | Бродот „Бигл“ со Чарлс Дарвин пристигнал на островите Галапагос. |
| 1916 | Тенкот е за првпат употребен во борбени дејства во Битката на Сома во Франција. |
| 1993 | Во Скопје е регистрирана Асоцијацијата на европските студентски структури при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. |
| 1995 | Во Скопје, пред влезот на канцеларијата за врски на САД е поставен нов амблем чиј натпис гласи „Амбасада на САД“, со што формално мисијата на САД во Македонија го означи подигањето на нивото на дипломатските односи на релацијата Вашингтон - Скопје. |
| 2002 | Парламентарни избори во Република Македонија, на кои ќе победи коалицијата За Македонија Заедно предводена од СДСМ и Бранко Црвенковски. |
Родени:
| 1254 | Марко Поло, венецијански трговец. |
| 1878 | Јон Драгумис, грчки дипломат. |
| 1890 | Агата Кристи, британска писателка. |
| 1894 | Жан Реноар, француски филмски режисер. |
| 1913 | Ристо Кордалов, македонски револуционер. |
| 1925 | Кирил Лавров, советски и руски филмски актер. |
| 1937 | Роберт Лукас, американски економист. |
| 1941 | Јуриј Норштејн, руски аниматор. |
| 1941 | Виктор Зубков, руски премиер. |
| 1959 | Драги Митревски, македонски археолог. |
| 1978 | Ненад Трповски, македонски кајакар. |
Починале:
| 668 | Констанс II Ираклиј, византиски император. |
| 885 | Папа Адријан III, римски папа. |
| 1852 | Артур Велсли Велингтон, британски маршал. |
| 1896 | Димитар Матов, македонски фолклорист. |
| 1936 | Александрос Зајмис, премиер на Грција. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |