Моби

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Основни биографски податоци[уреди]


Моби (Ричард Мелвил Хал) роден (11 септември 1965) во Харлем, Њујорк, а пораснал во Дариен, Конедикат. Неговите родители го нарекле Моби набрзо по неговото раѓање поради новелата Моби - Дик која ја напишал Херман Мелвил, неговиот правујко. По осум Топ 40 песни во 1990-тите со техно музика, неговиот најголем успех е албумот Play, издаден во 1999, кој е продаден во 9 милиони копии ширум светот. Тој свири на синтисајзер, гитара, бас гитара и тапани. Има издавано музика со псевдонимите Voodoo Child, Barracuda, UHF, The Brotherhood, DJ Cake, Lopez, Mindstorm, и Pippy Baliunas. Покрај останатото во јавноста е познат и како една од најконтрaверзните личности во техно музиката. Откако ги завршил студиите и дипломирал на универзитетот SUNY Purchase, со насока социологија, тој почнал да се насочува повеќе кон својата животна идеа, да создава музика.

Почетоците на Моби[уреди]

Кариерата ја започнал во раните 1980 како дел од панк бендот наречен Vatican Commandos, со кој издал и ЕП наречено Hit Squad for God. Бил ди-џеј во клубот The Beat во Port Chester, Њујорк во 1985. Подоцна во 1989 потпишал договор за снимање со Instinct Records. Негов прв успех беше "Go", прогресивната снимка која користеше делови од темата на Лаура Палмер. Со неа достигна во листите на најдобри десет во Велика Британија во октомври 1991 доби можност се појави во Top of the Pops што многу допринесе кон славата на неговиот прв албум, The Story So Far. Во 1993 се врати со The Prodigy, Orbital и Aphex Twin.

Развојот на неговата кариера помеѓу 1994 и 1998 година[уреди]

Неговиот прв албум за Mute Records беше Everything Is Wrong во 1995 кој доби награда од критиката и мал комерцијален успех. Оваа соработка ја продолжи во почетокот на 1996 со двојниот албум Everything Is Wrong - Mixed and Remixed. Брзо потоа, неговата издавачка куќа, Instinct промовираше албум наречен Rare: The Collected B-Sides 1989-1993. Една песна на овој албум "Thousand" го постигна рекордот за најбрза песна на сите времиња. Достигна дури 1015 BPM. Подоцна во 1996 промовираше нов хард рок и електро албум наречен Animal Rights и беше на турнеја низ Европа со Red Hot Chili Peppers. Во 1997 го промовираше I Like to Score, колекција од неговата музика која била користена во филмската продукција. Меѓу овие дела беше и преработката на "James Bond Theme" користена за Џејмс Бонд филмот "Утре никогаш не умира". Animal Rights и I Like to Score немаа голем комерцијален успех.

Периодот помеѓу 1999 и 2001 година


Оваа декада исполнета со музика, Моби ја круниса со албумот од 1999 Play. Албумот се состоеше од 18 песни и беше прв албум во историјата кој имаше комерцијална дозвола за сите песни. Песните на албумот беа прифатени од неколку радио формати иако албумот можеше да биде финансиски успешен дури и без радио изведби. Како додаток на славата, албумот Play се истакнува и со своите блуз снимки соберени од страна на Ален Ломакс. Во 2001, Моби ја донапиша и ја продуцираше "Is It Any Wonder" со Софи Еллис Бекстор за нејзиот прв соло албум Read My Lips. Но различна верзија на оваа песна беше промовирана на "Music Gets the Best of Me" како сингл и вклучена во промоцијата на Read My Lips. Верзијата која ја создаде Моби беше поставена на интернет. Во 2001, Моби го основа Area: One Festival. Тоа беше популарен рок фестивал карактеризиран со повеќе видови на електронска музика. Во 2001, доби груби коментари од Еминем откако ја нарече неговата музика хомофобична. Еминем подоцна го сатиризираше Моби (меѓу останатите) во "Without Me", нарекувајќи го "36-годишно келаво незадоволство", и притоа изјави дека "Никој не слуша техно!". Двајцата се конфронтираа во МТВ Видео и Музички Награди, иако Моби изрази почитување кон Еминем како уметник.

Периодот помеѓу 2002 и 2004

Во 2002, го промовираше 18, албум кој имаше 18 песни. Најпопуларната песна на албумот беше "We Are All Made of Stars". На кратко имаше и телевизиска емисија на МТВ во 2002, Señor Moby's House of Music која се фокусираше најмногу на електронската музика. Во 2003, продуцираше песна за Бритни Спирс за нејзиниот албум In The Zone. Песната беше наречена "Early Mornin". Не беше промовирана како сингл, но им беше омилена на обожавателите.

Периодот помеѓу 2005 и 2006 година

Во 2005 го промовираше албумот Хотел првиот по тригодишна пауза. Веднаш по оваа промоција беше испланирана турнеја низ Европа, поставување на нова веб страна и нови зделки во врска со музиката. На (6. ноември 2006) излезе компилација на неговите најголеми хитови, насловена како Go: The Very Best of Moby која вклучуваше и нова песна "Њујорк, Њујорк", интерпретирана од Деби Хари. Различни верзии на овој албум го имаат неговиот сингл "Slipping Away" на различни јазици и со различни пеачи. Моби ја обедини повторно легендарната група на Ричард Барон од 80-ите, Бонгос за да ја продуцираат и да ја изведат новата верзија на нивната песна "Bulrushes". Резултатот "Bulrushes 2007" е вклучена како бонус песна на специјалното издание на дебитантскиот албум на бендот, Drums Along The Hudson, промовирана од Cooking Vinyl Records на (12. Јуни 2007}. Тој се појави и на спотот на оваа песна. Достигнувањата на Моби во 2007 година На (24. фебруари 2007) објави на неговиот интернет весник дека моментално е во процес на пишување на 400 песни од кои 20 за новиот албум кој би требало да излезе околу септември. На 29. септември Моби се придружи на Ричард Барон на сцена за "20th Century Boy". Конечно на 4 октомври сајтот на Моби го најави името на неговиот седми албум. Last Night би требало да се промовира на (10 март 2008). Главниот сингл од албумот ќе биде насловен "Everyday It's 1989". Моби направи и ремикс компилација за видеоиграта Биошок заедно со Оскар, наречена "The BioShock EP". Дискот беше достапен со купување на издавачкото издание на играта. "The BioShock EP" вклучва три ремикс песни и една оригинална снимка: Beyond the Sea, God Bless the Child, and Wild Little Sisters.

Иновации

Моби користеше некои невообичаени иновации во неговата кариера. Неговиот сингл од 1995 "Everytime You Touch Me" имаше особини на ремиксот на Џуд Себастиан. На некои изведби на евроската турнеја во 2005 "Live Here Now" им додели на обожавателите компакт диск со снимки од изведбата 10 минути по завршувањето на концертот. Неговиот сингл од 2005 "Lift Me Up" имаше особини како додаток на бројни ремикси. Многу од албумите на Моби вклучуваат есеи кои тој самиот ги има напишано. "Everything Is Wrong" имаше есеи за преголемото конзумирање "Ние користиме отровен хлорски избелувач за да ја зачуваме долната облека бела" и за религиозните водачи на САД "Зошто христијаните не одат да шират милост, сочувство и самопожртвуваност?", и "The End of Everything" каде дискутира за вегетаријанците "Можете ли да погледнете животно во очите и да му кажете: "Мојот апетит е поважен од твоето страдање?". Покрај музиката Моби е целосен вегетарианец, христијанин и самопрокламиран симплтон (поради неговите често искрени и идеалистички проценки). Живее во делот Мала Италија во Њујорк Сити каде што живеел цела декада во мал стан во петкатна зграда спротивно од Дејвид Буви. До неодамна беше ко-сопственик на мал ресторан и чајџилница наречена TeaNY. Исто така го организирал "Колективот на мали идиоти" "Little Idiot Collective", група на уметници. Има потпишано да плати $207.000 за да биде првата поп ѕвезда која патувала во вселената, на компанијата за вселенски туризам Virgin Galactic’s VSS Enterprise вселенски брод во 2010. Во интервју за Психологијата денес, Моби изјави дека кога имал 19 години пробал LSD и почнал да добива напади на паника. Тој тврди дека повеќе не ги користи често како порано, но можеби некогаш тој: ”ќе има премногу кофеин, ќе биде под стрес за работата и ќе биде во врска која пропаѓа и пак ќе почнат”. Тој е многу отворен во врска со ова со цел да им помогне не обожавателите кои страдаат од слични панични нереди.

Други активности

Моби е познат активист и спонзор за плејада од прогресивни идеи, работејќи со MoveOn и PETA. Тој ги создал MoveOn Voter Fund's "Bush in 30 Seconds" натпреварите заедно со Лаура Даун и директорката на MoveOn Ели Паризиер. Во последните неколку години активно се ангажира во неутралниот активизам и учествува во Бордот на директори на организацијата Аменд, непрофитно здружение кое имплементира програми за заштита од повреди во Африка. Тој смета дека оваа организација е многу ефикасна и успешно водена. Во 2004. беше почестен со "Music Has Power Award" за неговата подршка на музичката терапија и неговата посветеност и помош за снимање на телевизиска програма.

Религија

Во 2003 во интервју за BBC, Моби зборува за неговоао средба со Евангелието, "Околу 1985 година ги прочитав подучувањата од Исус и веднаш ми дојде идејата Исус бил некако видовит. Кога велам Јас го сакам Исус и го сакам неговото учење , тоа го мислам на наједноставен и наивен начин. Не велам дека сум во право". На (19 Јануари) 2007), по гледањето на филмот на Александра Пелоси, "Пријателите на Господ", Моби напиша, "Филмот ме потсетува колку е одалечена верзијата на евангелието за христијанство од учењата на Исус".

Музиката на Моби во филмови и реклами[уреди]

  • 2002 We Are All Made Of Stars Pentium реклама
  • 1992 First Cool Hive Scream
  • 1997 Inside Riding Giants
  • 2005 The Pursuit of Happyness
  • 1999 God Moving Over the Face of the Waters Syriana
  • 1999 One Day in September
  • 2000 Flower Gone in 60 seconds
  • 1995 New Dawn Fades Heat
  • 2006 Anthem Miami Vice