Орбитал (англ. Orbital) ― англиско електронско музичко дуо од Отфорд (во Кент), составено од браќата Фил и Пол Хартнол. Името на групата е преземено од обиколницатаМ25 околу Голем Лондон, која имала значајна улога во развојот на раната рејв-сцена како место на одржување на концерти и журки.[1] Исто така, на корицата од три нивни албуми се прикажани стилизирани атомски орбитали. Во текот на деведесеттите, групата „Орбитал“ добивала добри критики и била комерцијално успешна, а пред сѐ била позната по своите импровизации за време на настапите во живо и по уникатноста на техно-изведбите. На почетокот биле под влијание на раната електро-фанк и панк-рок музика.