Дејвид Боуви

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
David Bowie

Bowie during the Heathen Tour in 2002.
Биографски податоци
Родено име David Robert Jones
Роден(а) 8 јануари 1947 (1947-01-08) (67 г.)
Brixton, London, England
Жанрови Rock, glam rock, art rock, pop
Занимања Musician, singer-songwriter,
record producer, actor
Инструменти Vocals, guitar, saxophone, piano,
keyboards, harpsichord, synthesizers,
mellotron, harmonica, koto, drums
Период на активност 1964–present
Издавачи Deram, RCA, Virgin, EMI, ISO, Columbia, BMG, Pye
Соработници The Riot Squad, Tin Machine
Мреж. место davidbowie.com

Дејвид Боуви (Дејвид Роберт Џоунс, роден на 8 јануари 1947 година) е англиски музичар, актер, музички продуцент и аранжер. Има водечка улога пет децении во светот на поп-музиката. Боуви е широко признат како иноватор, особено за неговата работа во 70-тите, и познат по неговиот специфичен глас и интелектуалната длабочина во работата. Боуви за првпат допре до јавноста во јули 1969 г., кога неговата песна „Space Oddity“ ја достигна англиската топ 5 листа на синглови. По тригодишен период на експериментирање, тој повторно се појави во 1972 г. за време на гламурозната рок ера со темпераментното, андрогено второ „јас” Зиги Стардаст, предводен од хит-синглот „Starman“ и албумот „The Rise and Fall of Ziggy Stardust and the Spiders from Mars“. Влијанието на Боуви во тоа време, како што е опишано од биографот Дејвид Бакли, ги предизвика основните верувања на рок-музиката на негово време и го создаде можеби најголемиот култ на поп-културата. Релатвно краткиот живот на личноста Зиги покажа само еден дел од кариера, одбележана со континуирана реинвенција, музичка иновација и впечатлива визуелна презентација.

Во 1975 г., Боуви го достигна најголемиот успех во Америка со број еден синглот „Fame“, напишан заедно со Џон Ленон, и со хит-албумот „Young Americans“, кој го карактеризира пејачот како „пластична душа“. Музиката покажа радикална промена во стилот, и отпрвин отуѓи многу од неговите англиски приврзаници. Потоа тој ги збуни очекувањата на неговата издавачка куќа и неговата американска публика со снимањето на минималистичкиот албум „Low“ (1977 г.) - првиот од трите соработувања со Брајан Ено во наредните две години. Сите три албуми од таканаречената „Berlin Trilogy“ стигнаа на англиската топ 5 листа и заработија трајни критички пофалби.

По нееднаквиот комерцијален успех во доцните 70-ти, Боуви го доби англискиот број 1 со синглот од 1980-та „Ashes to Ashes“ и моменталниот албум, „Scary Monsters (and Super Creeps)“. Тој се здружи со групата „Квин“ за изработка на број 1 хитот во Англија „Under Pressure“ од 1981-та, а потоа достигна нов комерцијален врв во 1983 со албумот „Let`s Dance”, во кој се наоѓаат песните „Let`s Dance“, „China Girl“, and „Modern Love“. Во текот на 90-те и 2000-те, Боуви продолжи со експериментирање во музичките стилови, вклучувајќи blue-eyed soul, industrial, adult contemporary, и jungle стил. Неговиот последен снимен албум беше „Reality“ (во 2003 г.), којшто беше поддржан со Reality-турнејата (2003 - 2004 г.). Биографот Дејвид Бакли ќе каже за Боуви: „Неговото влијание беше уникатно во поп-културата - тој ограничи и измени повеќе животи отколку која било споредлива фигура“. Во анкетата на БиБиСи од 2002-та година за 100 најдобри Британци, Боуви беше на 29-то место. За време на неговата кариера, тој продаде 136 милиони примероци од неговите албуми. Во Англија му беа доделени 9 платинести сертификати за албумите, 11 златни и 8 сребрени, а во Америка 5 платинести и 7 златни сертификати. Во 2004, се пласираше на 39-то место на листата на списанието „Ролинг Стоун“ на 100 најдобри артисти на сите времиња, и на 23-то на листаta na најдобри пејачи на сите времиња.

Историја[уреди]

1947-62 : рани години[уреди]

Давид Боуви (Дејвид Роберт Џоунс) е роден во Брикстон, Лондон на 8 јануари, во 1947 година. Неговата мајка, Маргарет Мери, „Пеги“ (мам Барнс) има ирско потекло и работела како редарка во кино, додека неговиот татко Хеивуд Стентон „Џон“ Џоунс, бил службеник за промоции во Barnardo´s. Семејството живеело на 40-та улица Стенсфилд, која се наоѓала блиску до границата на областите Брикстон и Стоквел во јужен Лондон. Еден сосед изјавил дека во 40-те Лондон бил најлошото место и најлошото време за одгледување деца. Боуви се школувал во училиштето „Stockwell Infant“ до неговата шеста година, стекнувајќи углед на надарено и одлучно дете, но и на жесток кавгаџија.

Семејството се преселило во 1953 во блиското предградие Бромли, каде што две години подоцна Боуви бил преместен во училиштето Burnt Ash Junior. Неговиот глас од школскиот хор бил опишан како „адекватен“, а неговото свирење покажало надпросечна музичка способност. На деветтата година, неговото играње за време на новововедените часови по музика и играње било неверојатно имагинативно: наставниците ги нарекувале неговите интерпретации живоуметнички, а неговиот став зачудувачки за едно дете. Истата година неговиот интерес за музиката беше далеку стимулиран кога неговиот татко купи колекција од американски музичари од 45тата, како што се: Frankie Lymon and the Teenagers, The Platters, Fats Domino, Elvis Presley и Little Richard. По слушањето на „Tutti Frutti“, Боуви подоцна ќе рече: „Го имав слушнато Бог“. Влијанието на Пресли врз него беше истотака нагласено: „Видов моја роднина како танцува на... Hound Dog и досега не сум ја видел да биде толку раздвижена од што било друго. Навистина ме импресионираше моќта на музиката. Веднаш потоа започнав да собирам грамафонски плочи. “ До крајот од следната година започна да свири на укулеле и tea-chest бас и започна да учествува во пабот Skiffle на свирки со пријателите, почна да свири пијано, во меѓувреме неговото сценско претставување на бројки од Присли и Чак Бери-комплетирано со кружење во трибјут на оригиналните уметници, се до неговата ликална група Wolf Cub беше опишано како „смирувачки“...како некој од друга планета. По неуспехот на неговиот единаесет плус испит во заклучувањето на образованието во Burnt Ash Junior, Боуви се приклучи на техничкото средно училиште Бромли.

Тоа беше необично техничко училиште, како что напиша биографот Кристофер Сандфорд: Покрај неговиот статус, во времето кога Дејвид пристигна во 1958та, тоа беше богато во мистериозен ритуал како и секое јавно англиско училиште. Постоеја куќи, именувани според државници од осумнаесеттиот век како Пит и Вилберфорс. Се носеа униформи и беше вклучен систем на награди и казни. Таму истотака беше даден акцент врз јазиците, наука, и особено дизајн, каде што колегијалната атмосфера процвета под раководството на Овен Фремптон. Во профилот на Дејвид, Фремптон беше предводен од силата на личноста, не од интелектот, неговите колеги во Bromley Tech не се издвојуваа во ништо, па ги испраќаа најмногу надарените ученици во училиштето за уметности, толку либерален беше режимот, така што Фремптон активно го охрабруваше својот син Петар даја продолжи музичката кариера заедно со Дејвид, партнерство, накратко недопрено во наредните 30 години.

Боуви студираше уметност, музика и дизајн.Откако Тери Барнс, неговиот полубрат, го воведе во модерниот џез, неговиот интузијазам за музичари како Чарлс Мингус и Џон Колтреин ја натера неговата мајка да му поклони пластичен алто-саксофон во 1961та година. Тој наскоро држеше часови кај еден музичар од неговата населба. Беше сериозно повреден во училиште во 1962та, кога неговиот другар Џорџ Андервуд со прстен го удри по левото око, во борбата за некое девојче. Докторите се плашеа дека може да го загуби видот на окото, па затоа мораше да отсуствува од училиште наредните 4 месеци поради неколку серии операции. Штетата неможеше да биде целосно поправена, оставајќи го со грешна длабока перцепција и привремена дилатирана зеница (второто направи да има Боуви различно обоени очи, иако и двата ириса ја имаат истата сина боја). И покрај нивните тепачки, Андервуд и Боуви останаа добри пријатели, и Андервуд замина да создава уметнички дела за раните албуми на Боуви.

1962-68 : the Konrads to the Riot Squad[уреди]

Напредувајќи од пластичен саксофон до вистински инструмент во 1962, Боуви го формираше својот прв бенд на 15 години. Свирејќи рок ен рол на локални младински собири и венчавки, the Konrads имаа променлив состав од помеѓу четири и осум членови, помеѓу кои и Андервуд. Следната година, кога Боуви го напушти техничкото училиште, ги извести своите родители за намерата да стане поп ѕвезда. Неговата мајка веднаш ја среди неговата вработеност како другар на електриката. Исфрустриран од неговите другари од бендот и од нивните ограничени желби и ставови, го напушти својот бенд и се приклучи кон the King Bees. Toj му пиша на новоуспешниот претпиемач Џон Блум да го направи истото за нив, што Брајан Епштеин го направил за Битлсите и да заработи уште еден милион. Блум не одговори на неговата понуда, но го упати до партнерот на Дик Џејмс, Лесли Кон и го склучија првиот договор.

Кон брзо започна да го промовира Боуви. Неговата деби-песна, “Liza Jane”, спонзорирана од Дејви Џоунс и The King Bees, немаше комерцијален успех. Незадоволен од The King Bees и нивниот репертоар, Боуви го напушти бендот за помалку од месец и се приклучи кон Manish Boys, уште еден блуз бенд, кои мешаа фолк и соул-„Сонував да бидам нивниот Миг Џегер”, изјави Боуви. „I Pity the Fool“ не беше поуспешна од „Liza Jane“, и Боуви наскоро замина повторно за да се вклучи во The Lower Third, блуз-трио кои беа под влијание на The Who. Неуспехот на “You’ve Got a Habit of Leaving” го сигнализираше крајот на договорот со Кон. Изјавувајќи дека ќе го напушти поп-светот за да учи мимика на Sadler’s Wells-театарот, Боуви сепак остана со The Lower Third. Неговиот вон менаџер, Ралф Хортон, сведочи за неговиот премин во нова група, The Buzz, ја најави петтата неуспешна песна, „Do Anything You Say“. Додека беше со The Buzz, Боуви истотака се приклучи кон The Riot Squad, нивните снимања, во кои Боуви додаде дел од материјалот на Velvet Underground, помина неиздадена. Кен Пит, претставен од Хортон, ја презема функцијата на менаџер на Боуви.

Незадоволен со неговото сценско име Дејви Џоунс, кое во средината на 60те предизвика забуна заради Дејви Џоунс од The Monkees, Боуви го измени своето име според американскиот жител од 19ти век Џим Боуви и ножот кој тој го популаризирал. Неговиот соло-сингл од Април, 1967та, „The Laughing Gnome“, користејќи забрзан Chipmunk-вокален стил, не помина на топ-листата. Шест месеци по издавањето на неговиот деби албум, David Bowie, мешавина од поп, психоделиа и театралност, го следеше истата судбина. Требаше да биде неговото последно издавање за период од две години.

Фасцинацијата на Боуви од бизарното беше разгорена кога го запозна танчерот Линдзеи Кемп. „Живееше со неговите емоции, беше прекрасно влијание за мене. Неговиот живот ден за ден беше најтеатралната работа што ја имав видено. Беше се што мислев дека Бохемијата е воопшто. Се приклучив на циркузот.“ Кемп за неговиот дел изјави, „Јас всушност не го учев да биде мимичен уметник, но да биде повеќе свој однадвор...Му овозможив да ги ослободи ангелот и демонот од неговата внатрешност“. Учејќи ја драмската уметност заедно со Кемп, од авандгардскиот театар и мимика за италијанскиот commedia dell’arte, Боуви беше нурнат во создавањето на ликот да го претстави на светот. Сатиричниот живот во британскиот затвор, од Боуви напишаната песна „Over the Wall we go“стана песна за Оскар во 1967та. Уште една композиција на Боуви, „Silly Boy Blue“ беше издадена од Billy Fury, следната година. По Кемп, учествуваше Боуви заедно со Хермион Фертингеил во поетски менует, а двајцата почнаа и да се гледаат. Тие подоцна почнаа да живеат во стан во Лондон заедно. Свирејќи акустична гитара, таа оформи група со Боуви и басистот Џон Хачинсон. Во периодот помеѓу септември 1968ма и почетокот на 1969та, кога Боуви и Фертингеил раскинаа, триото изведе мал број концерти, комбинирајќи фолк, мерси-бит, поезија и мимика.

1969-73: од психоделичен фолк до гламурозен рок - Од Space Oddity до Hunky Dory[уреди]

Поради недостатокот од комерцијален успех, Боуви беше присилен да се обидува да заработува на различни начини. Тој се појави во Lyons Maid-рекламата за сладолед, но беше одбиен за друга од Kit Kat. Беше направен 30-минутен филм со настапи од негов репертоар, Love You till Tuesday, со намера за негово промовирање. И покрај неиздавањето до 1984та, филмските снимања во Јануари 1969та доведоа до неочекуван успех кога Боуви им кажа на продуцентите дека има нова песна за нивниот филм. Потоа тој со намера сними песна, што ќе го обезбеди неговиот комерцијален пробив. Space Oddity беше издадена подоцна истата година и се поклопи со првото слетување на месечината. Раскинувањето со Фертингеил брзо по завршувањето на филмот, Боуви почнал да живее со Мери Финиген како нејзин потстанар. Продолжувајќи го преминот од рок ен рол и блуз започнат со Фетингеил, Боуви заедно со Финиген, Кристина Остром и Бери Џексон започнале фолк-клуб во неделните вечери во Three Tuns-пабот во Бекенхем на главната улица. Ова наскоро прераснало во Бекенхем-уметничката лабораторија и постана екстремно популарно. Уметничката лабораторија беше домаќин на бесплатен фестивал на локален парк, подоцна овековечен од Боуви во неговата песна „Memory of a Free Festival“. „Space Oddity“ беше издадена на 11ти јули, пет дена пред лансирањето на Apolo 11, да стане хит на англиската топ пет листа. Вториот албум на Боуви, Space Oddity, излезе во Ноември.

Боуви ја запозна Ангела Барнет во Април 1969та. Тие стапиле во брак во рок од една година. Нејзиното влијание врз него било брзо, и нејзиното вклучување во неговата кариера го ограничи влијанието на Пит. По започнувањето како соло-уметник со Space Oddity, Боуви почнал да чувствува недостаток: „сопствен бенд за свирки и снимање-луѓе со кои може лично да се поврзе“. Недостатокот бил истакнат од страна на неговото уметничко ривалство со Марк Болан, кој во времето бил негов гитарист. Бендот бил прописно уреден. Џон Кембриџ, тапанар кој Боуви го запозна во уметничката лабораторија, беше придружуван од Тони Висконти на бас и Мик Ронсон на електрична гитара. По кратка и катастрофална манифестација како The Hype, групата се врати на конфигурација, презентирајќи се Боуви како соло-пејач. Нивната студиска работа беше нарушена од вжештено несогласување помеѓу Боуви и Кембриџ преку последниот тапанарски стил. Работите дојдоа до врвот кога Боуви го обвини дека му го расипал албумот. Кембриџ се откажа и беше заменет од Мик Вудменси. Не долго подоцна, во потег кој резултирал со години на судска постапка, во договорот според кој Боуви мораше да му плати надоместок на Пит, пејачот го напушти својот менаџер и го замени со Тони Дефрис.

Студиските снимања продолжија и резултираа со трет албум на Боуви, The Man Who Sold The World (1970). Карактеризиран со тежок рок звук од неговиот нов придружен бенд, беше означено заминување на акустичната гитара и фолк рок стилот уште со Space Oddity. За негово промовирање во САД, Mercury Records ја финансираа брег до брег турнејата во која Боуви, во периодот помеѓу јануари и фебруари 1971та беше интервјуиран од радио станиците и медиумите.

Искористувајќи го неговиот андроген изглед, оригиналната корица на британската верзија открила два месеци подоцна дека го сликала како пејачот носи фустан, а потоа ќе го носи и во текот на интервјуата-како одобрение од критичарите, вклучувајќи го и Џон Менделсон од Стоунси кој го опишал како крајно привлечен, скоро вознемирувачки потсетува и на Lauren Bacall-и на улица, за да се измеша реакцијата внесувајќи смеа и во случај на маж пешак, правејќи пиштол и кажувајќи му на Боуви да му го бакне задникот. За време на турнејата набљудувањето на Боуви од двајца прапанк музичари доведе до развивање на концепт кој евентуално ќе најде форма во карактерот на Ziggy Stardust: комбинација од личноста на Iggy Pop и музиката на Lou Reed, создавајќи го крајниот поп-идол. Неговата девојка се сеќава на неговите начкртани натписи на салфетката од коктелот за некол откачен рок-лик наречен Iggy или Ziggy, и на неговото враќање во Англија тој изјави својата намера да создаде лик кој личи како да слетал на Марс. Hunky Dory (1971) направи да биде заменет Висконти, продуцент и басист на Дејвид Боуви во двете улоги од Кен Скот и Тревор Болдер, соодветно. Албумот забележа делумно враќање на феј поп-пејачот на Space Oddity, со Kooks, песна напишана за неговиот син, Данкан Зои Хеивуд Џоунс, роден на 30ти мај. (Неговите родители се одлучиле за неговото име поради грчкиот збор Zoe, што значи живот.) Како и да е, албумот опфаќа многу сериозни теми и го прикажува Боуви како покажува невообичаена директна почит кон неговите влијанија со Song for Bob Dylan, Andy Warhol, и Queen Bitch, имитација на Velvet Underground. Не бил значаен комерцијален успех во тоа време.

Ziggy Stardust[уреди]

Со неговиот следен влог, Давид Бакли ќе рече, „го предизвика основното верување на рок-музиката од негово време“и „го создаде можеби најголемиот култ во поп-културата“. Облечен во пругасти костуми, со неговата црвено обоена коса, Боуви го започна неговото Зиги Стардаст сценско шоу со Spiders from Mars-Ронсон, Болдер и Вудменси-во Toby Jug-пабот во Толворт на 10ти фебруари 1972та. Шоуто беше доста популарно, носејќи му статус на ѕвезда за време на турнејата во Англија во наредните шест месеци и создавајќи, како што е опишано од Бакли, култ на Боуви кој беше уникатен. Неговото влијание траеше подолго и стана покреативен од која било друга сила во рамките на поп- фанството. „The Rise and Fall of Ziggy Stardust and the Spiders from Mars“(1972), комбинирајќи тежок рок елементи од The Man Who Sold The World со полесен експериментален рок и поп од Hunky Dory, беше издаден во јуни. „Starman“, објавен како априлски хит на прво место на албумот, го истакна пробивот на Боуви во Англија. Албумот и песната се појавија за брзо време на врвот, проследени од јулскata Top of the Pops-изведба на песната. Албумот, којшто остана две години на листата, беше наскоро придружен од шестмесечниот Hunky Dory. Во исто време песната „John, I’m Only Dancing”, и „All the Young Dudes”, песна, која ја напиша и спреми за Mott the Hoople, се приклучи кон англиските хитови. Ziggy Stardust-турнејата продолжи и во САД.

Боуви придонесе за соло-пробивот на придружните вокали на Reed´s, Transformer, режирајќи го албумот заедно со Ронсон. Неговиот Aladdin Sane (1973) се појави на врвот на англиската листа, негов прв број еден албум. Опишан од Боуви како „Ziggy оди за Америка“, содржи песни кои ги напишал патувајќи низ САД за време на првиот дел од Ziggy-турнејата, која сега продолжува за Јапонија да го промовира новиот албум. Aladin Sane ги предизвика англиските топ пет синглови „The Jean Genie“ и „Drive-in Saturday“. Љубовта на Боуви кон глумата доведе до тотално внесување во создавањето на карактерите за неговата музика. „Надвор од сцената, јас сум робот.На сцената развивам емоции. Можеби затоа преферирам да се преоблекувам како Зиги за да бидам Дејвид.“ Со задоволство дојдоа одделни тешкотии, глумење иста улога во продолжен период, стана невозможно за него да го оддели Ziggy Stardust и подоцна, the Thin White Duke, од неговиот сопствен карактер во приватниот живот. Ziggy, вели Боуви,„ не сака да ме остави на мира со години. Тоа беше кога се почна да се влошува... Мојата цела личност беше во афект. Стана многу опасно. Имав доста сомнежи во врска со мојот разум.“ Подоцна неговите Зиги-серии, кои ги вклучуваат и двата лика, Ziggy Stardust и Aladdin Sane, беа таетрални афери исполнети со шокирачки моменти на сцената каде што Боуви вадеше појас за сумо-борење или пак глумеше дека има орален секс со гитарата на Ронсон. Боуви ја продолжување турнејата и имаше прес-конференции како Ziggy пред драматично и нагло пензионирање од сцената во лондонскиот театар Хамерсмит на 3ти јули 1973та. Снимката од последното шоу беше објавена во 1983та за филмот Ziggy Stardust and the Spiders from Mars.

По завршувањето со the Spiders from Mars,Боуви имаше намера да заврши со неговата личност Зиги. Неговoто рано творештво стана сега мошне баранo. The Man Who Sold The World беше реобјавен во 1972та заедно со Space Oddity. „Life on Mars?“ од Hunky Dory, беше објавена во јуни 1973та и стана број три во англиската поп-листа. Влегувајќи во истата поп-листа во септември, плочата на Боуви од 1967та, „The Laughing Gnome” го доби четвртото место. Pin Ups, колекција од насловни страни од неговите омилени од 60те, следеше во октомври, создавајќи хит број три во „Sorrow“ и истиот се искачил на местото број еден, правејќи ги неговите најпродавани дела за 1973та во Англија.

1974-1976: соул, фанк и the Thin White Duke[уреди]

Боуви се пресели во СAД во 1974 година, првин во Њујорк, а потоа во Лос Анџелес. Diamond Dogs (1974), беше производ на две различни идеи: музика базирана врз основа на дива иднина во некој пост-апокалиптичен град и претворајќи ја Орвеловата 1984та во музика. Албумот беше број еден во Англија, и петти во САД, лансирајќи ги хитовите Rebel Rebel и Diamond Dogs. За промоција на овие хитови Боуви ја лансираше турнејата “Diamond Dogs” низ градовите во Северна Америка помеѓу јуни и декември 1974 година.Со кореографија на Тони Бејзил и со богата продукција на специјални ефекти, беше снимен високобуџетен филм од страна на Алан Џентоб. Тој подоцна коментираше дека албумот “David Live” требало да го носи името “David Bowie is alive and well and living only in theory.” “David Live” , сепак го зацврсти статусот на Боуви како суперѕвезда, трасирајќи го патот до второто место на листата во Англија и број осум во САД. Тоа исто така го лансира и неговиот хит на десеттото место. После паузата во Филаделфија каде Боуви снимаше нов материјал, турнејата продолжи со нов акцент на соул-музиката.

Резултатот од снимањата во Филаделфија беше “Young Americans”(1975). Биографот Кристофер Сендфорд вели:- “Низ годините, повеќето британски рокери се обиделе на еден или друг начин да станат black- by- extension. Малку успеале како Боуви. Звукот на албумот, којшто пејачот го дефинира како plastical soul, предизвика радикална измена во стилот што во почетокот ги оддалечил неговите британски фанови. Young Americans им се придружи на хитовите број еден на Боуви, Fame како ко-автор со Џон Ленон кој придонел како придружен вокал и Карлос Аломар. Young Americans беше комерцијален успех и во САД и во Обединетото Кралство и ре-изданието на синглот од 1969 година Space Oddity стана првиот хит број еден на Боуви во Англија по неколку месеци откако Fame го достигна истото во САД. И покрај тоа што е досега добро изградена суперѕвезда, сепак според зборовите на биографот Кристофер Сендфорд:”покрај неговите рекордни продажби, сепак тој живееше во сиромаштија. “ Во 1975 година по една жолчна расправија Боуви го отпушти својот менаџер. Во кулминацијата на со месеци долгата расправија, Боуви според зборовите на Сендфорд гледаше како неговите пари исчезнуваат поради великодушните услови за Дефри. Мајкл Липман, адвокатот на Боуви додека траеја преговорите стана негов менаџер. Доколку Липман биде отпуштен, како надоместок во следните години би добил значителна сума.

Station to station (1976), прикажа нов карактер на Боуви. Визуелно карактерот е продолжение на Томас Џером Њутон, вонземскиот карактер што Боуви го играше во филмот „The man who fell to Earth“ истата година. Надградувајќи го фанкот и соулот од Young Americans, Station to station го навести “krautrock” и музиката на синтисајзерите во следните изданија. Степенот до кој зависноста од дрога делуваше врз Боуви се појави во јавноста кога Расел Харти го интервјуираше пејачот за неговото ток шоу на London Weekend Television. Кратко пред сателитски поврзаното интервју да почне беше објавена смртта на Франциско Франко. Кога беше побарано да биде откажано за да шпанската влада да оди со вести во живо, тој го одби тоа. Како што вели биографот Дејвид Бакли, во интервјуто пејачот зборуваше некако неповрзано и не можеше да склопи една поврзана реченица. Тој се предозира неколку пати во годината, и мораше да оди на терапија.

Јануарското издание на Station to station од 1976 година беше следено во февруари со почеток на трииполмесечна концертна турнеја низ Европа и Северна Америка. Целиот бенд кој беше собран на албумот и турнејата ќе продолжи стабилно да функционира како остаток од 70-те. Турнејата беше многу успешна но помина со многу политички контроверзии. Во Стокхолм рече дека Британија можела да профитира од фашистичкиот лидер, а на руско-полската граница беше уапсен поради поседување на нацистички реквизити. Врвот го достигна во Лондон во мај во познатиот “Victoria station” инцидент. Имено, пристигнувајќи со мерцедесот со отворен покрив пејачот ја разбранува публиката со поздрав што се смета како фашистички и тоа беше фатено на камера и објавено во “New musical express”. Сепак пејачот одговори на тоа дека бил само фатен на сред поздрав. Подоцна тој ќе ги осуди таквите свои испади и про-фашистички коментари од периодот на својата зависност. “ Бев надвор од умот, целосно полуден. Единственото нешто на што функционирав беше митологија.... сите тие нешта за Хитлер и десницата.... го открив кралот Артур. “ Според писателот Алан Франк, тој пишува за Боуви во The Times дека навистина бил луд и растроен. Тој имаше многу лошо искуство со тешките дроги.

1976-79 Ерата во Берлин[уреди]

Боуви во 1976 година се пресели во Швајцарија, каде што си купи имот на планина северно од Женевското Езеро. Во новата средина, употребата на кокаинот од негова страна продолжи, исто како што продолжи и неговиот интерес за неговите работи надвор од музичката кариера. Започна со цртање, продуцирајќи бројни постмодернистички дела. За време на турнејата, скицирал во тетратката, и фотографирал сцени за подоцнежни референци. Со посетувањето на галериите во Женева и “Brucke Museum” во Берлин, Боуви стана според зборовите на Кристофер Сендфорд:” плоден продуцент и собирач на модерна уметност. Тој не само што станал добро познат патрон на експресионистичката уметност, туку и заклучен во Clos des Mesanges тој започна курс за да се подобри себеси во полето на класичната музика и литература, а започна да работи на својата автобиографија. Кон крајот на 1976 година, интересот за германската музичка сцена во развој, како и неговата зависност од дрога, го натера Боуви да се пресели во Западен Берлин за да посетува терапија за одвикнување како и за ревитализација на неговата кариера. Работејќи со Брајан Ено, додека го делел станот во Schoneberg со Иги Поп, тој започнал да се насочува кон амбиенталната музика за првиот од трите албуми, ко-продуцирани со Тони Висконт, што ќе станат познати како Берлинска Трилогија. За исто време, Иги Поп со Боуви како коавтор и музичар го завршил својот прв соло албум “The Idiot” и неговото продолжение „Lust for life”, и турнејата по Обединетото Кралство, САД и Европа. Тој албум примил негативни критики по неговото издание- издание кое RCA, нервозна да продолжи воспоставениот комерцијална динамика, не го пречека баш најдобро, и поранешниот менаџер на Боуви, Тони Дефри, кој сеуште имал значаен финансиски интерес од аферите на пејачот, се обиде да го сопре. И покрај таквиот почеток, сепак Low му се придружи на хитот број три Sound and Vision, и изведбата ја надмина таа на Station to station, на топ листите во Англија каде што го зазема второто место. Водечкиот модерен композитор, Филип Глас го опиша Low како генијална работа во 1992 и го искористи како основа за неговата Symphony No.1, Low. Подоцна исто така, Глас го искористи следниот албум на Боуви како основа за неговата Symphony No. 4 Heroes, од 1996. Глас го пофали подарокот на Боуви како комплексни парчиња на музика кои се вешто замаскирани како едноставни.

Одекнувајќи како минималистички, инструментален приод кон Low, Нeroes ја инкорпорира поп и рок музиката до солиден степен. Како и Low, и Heroes е израз на Студената војна окарактеризирана во поделениот град Берлин. Инкорпорирајќи амбиентални звуци од различни извори, вклучувајќи и генератори, синтисајзери и кото, албумот беше уште еден хит искачувајќи се до третото место во Англија. Неговата насловна песна и покрај тоа што беше само 24-та на топ- листите во Англија, сепак доживеа долготрајна популарност, и реиздадена на германски и француски. Кон крајот на годината, Боуви ја изведе песната за телевизиското шоу на Марк Болан, Marc, и два дена потоа во божиќното шоу на Бинг Крозби, Peace on Earth/ Little drummer boy, верзија на The little drummer boy. Пет години подоцна, дуетот ќе ја потврди светската популарност, држејќи го третото место на топ листите во Обединетото Кралство на Божик 1982 година.

По комплетирањето на Low и Heroes, Боуви го помина поголемиот дел од 1978 година на “Isolar II world tour” доближувајќи ја музиката од првите два “Berlin Trilogy” албуми до речиси милиони луѓе на 70 концерти во 12 држави. Тој на оваа турнеја веќе ја имал победено зависноста од дрога , за што биографот Дејвид Бакли пишува:” Првата тура на Боуви по 5 години во која веројатно тој веќе не се анестезираше себеси со обилни количества на кокаин пред настап.... И покрај заборавот што дрогата го имаше донесено со себе, сепак тој беше во солидна ментална кондиција. “ Снимките од турнејата го направија live-албумот „Stage” кој беше издаден истата година.

Последното парче од она што Боуви го нарекуваше своја Трилогија, Lodger, ја избегна минималистичката, амбиентална на претходните два дела правејќи делумно враќање на поп-рокот базиран на гитара и тапани од неговата пред-берлинска ера. Резултатот беше комплексна мешавина од New Wave и World Music со наместа инкорпориран “Hejaz non- Western scales”. Некои песни беа композирани користејќи ги Ено и “Oblique Strategies” на Петер Шмид. Албумот беше снимен во Швајцарија. Пред неговото издавање Мел Либерман од RCA рече: “Би било фер да го наречеме делото на Наредникот Боуви... концепиран албум кој го отсликува потстанарот како бескуќник, скитник избегнуван и жртва на животните притисоци и технологијата. Како што запишал Кристофер Сендфорд: „Рекордот ги потцрта така големите надежи со сомнителни избори и продукција која го напиша крајот на 15-годишното пријателство на Боуви со Ено.” Lodger го достигна четвртото место на топ листите во Англија и беше сингл број 20 во САД и им се придружи на англиските хит синглови Boys keep swinging и DJ. Кон крајот на годината Боуви и Анџела покренаа постапка за развод и после неколкумесечна судска постапка бракот заврши во раната 1980 година.

1980-1989: Од суперѕвезда до мегаѕвезда[уреди]

“Scary monsters (and Super creeps)” (1980) го произведе хитот број еден Ashes to ashes придружуван од текстуалната работа на гитаристот и синтисајзеристот Чак Хамер и посетување на карактерот на мајорот Том од Space Oddity. Песната даде меѓународна изложеност на подземното движење “New romantic” кога Боуви го посети лондонскиот клуб “Blitz”- местото за излегување на членовите на New romantic за да регрутира неколку члена вклучувајќи го и Стив Стренџ од бендот Visage за да глумат во придружното видео, кое е познато како едно од најиновативните на сите времиња. “While scary monsters” користи востановените принципи од берлинските албуми. Критичарите сметаат дека тоа е далеку подиректен музички и лирички. Работ на хардрок-албумот вклучува и видлив гитарски придонес од Фрип, Пит Тауншед, Чак Хамер и Том Верлејн. Бидејќи Ashes to Аshes беше хит број еден на англиските топ сингл листи, Боуви започна со три месечна работа во Бродвеј на 24ти септември, глумејќи во “ The elephant man”.

Боуви во 1981 година сними дует со Queen за песната Under pressure. Дуетот беше хит, станувајќи третиот хит број еден во Англија на Боуви. Истата година тој се појави во германскиот филм “Christiane F.”, вистинска животна приказна за тинејџерска зависност од дрога во Берлин во 70-те. Саундтракот во кој што музиката на Боуви е видлива, беше издаден неколку месеци подоцна. Боуви ја доби главната улога во телевизиската адаптација на претставата од Бертолт Бреч Baal на BBC во 1981 година. Заедно со тоа беше издаден “David Bowie in Bertolt Brecht`s Baal”- продолжен албум со пет песни снимени порано во Берлин. Во март 1982та, еден месец пред филмот на Пол Шрадер “Cat people”, насловната песна од Боуви “Cat people ( putting out fire)”, беше издадена како сингл , што не доживеа голема популарност во САД а во Англија влезе меѓу топ 30. Боуви доживеа нов врв на својата популарност и комерцијален успех во 1983 година со песната Let`s dance. Ко-продуциран од Чик Нил`с Роџерс, албумот доживеа голема популарност во САД и Англија. Неговите три сингла беа топ 20 хитови во двете држави, каде насловната песна беше хит број еден.

Боуви достигна нов врв на популарност и комерцијален успех во 1983та со хитот Let´s Dance. Новиот албум, изработен заедно со Chic´s Nile Rodgers, помина со платина и во Англија и во САД. Три песни од него станаа топ дваесет во двете држави, каде што секој од насловите го допре врвот. Modern Love и China Girl го зафатија бројот 2 во Англија, придружени од неколку промотивни докажани видео спотови што како што кажува биографот Дејвид Бакли “беа тотално апсорбирачки и активни архетипови во поп светот”. Let´s dance со мало наративно опкружување од млад aбориџински пар, цели кон “Youth ” и ”China Girl” каде што (подоцна цензурирано ) сцена на плажа како водат љубов ( се однесува на филмот From Here to Еternity) беше провокативна за да и гарантира постојано вртење на MTV. До 1983та Боуви бил прогласен како еден од најважните видео артисти на денот. Lets dance бил следен од турата Serious Moonlight, а за тоа време Боуви бил придружуван од гитаристот Ерл Слик и придружните вокали Френк и Џорџ Симс. Турнејата траела шест месеци и била екстремно популарна.

Tonight (1984) уште еден денс-ориентиран албум,каде Боуви соработува со Тина Тарнер и повторно со Иги Поп. Вклучувал број на насловни песни, а меѓу нив во 1966та Beach Boys хитот God Оnly Кnows. Албумот го раѓа трансатланскиот топ десет хит Blue Jean за себе инспирација за краток филм за кој Боуви добива Греми музичка награда за најдобро кратко музичко видео Jazzin´ for Blue Jean. Боуви настапува на Вембли во 1985та за Live Aid мулти вреднуван концепт за жените во Етиопија. За време на настанот беше промовирано видеото за дуетот на Боуви и Џегер. ”Dancing in the Street” набргу стана број еден веднаш штом беше објавен. Истата година Боуви соработува со Pet Metheny Group за да ја снима This is not America за саундтрак на The Falcon and the Snowman. Пуштена како сингл песната станала меѓу топ 40 песни во САД и Англија.

На Боуви му била дадена улога во 1986та во филмот Absolutе Beginners. Беше слабо прифатен од критичарите, но песната на Боуви се искачува до број 2 во Велика Британија. Исто така се појавува како Џарет, кралот на Гоблините, во 1986та Џим Хенсон во филмот Labyrinth за кој што напишал 5 песни.Неговиот последен соло албум од декадата беше од 1987та Never Let Me Down каде што го пронајде лесниот звук на претходните два албума , наместо претпочитаниот тежок рок заедно со индустриал техно денсе период. Бирајќи го шестото место во Велика Британија, албумот ги вади хитовите како што се Day in, Day out, Time Will Crawl, Neber Let Me Down. Боуви подоцна го опишал како неговo дно нарекувајќи го одвратен албум. Поддржувајќи ја Never Let Me Down и претходен од девет промотивни прес шоуа, започна 86та Glass Spider турнеја на 30ти мај. Бендот за враќање го вклучувал Петар Фремптон како водечка гитара. Кртичарите ја проценија турнејата како препродуктивна , велејќи дека тоа се однесува на сегашните рок трендови во нејзините посебни ефекти и танци.

1989-91 Tin Machine[уреди]

Боуви ја прекина неговата соло кариера во 1989та, повлекувајќи се во релативна анонимност во однос на членството во групата за прв пат од раните 70-ти.Хард- рок квартетот , Tin Machine започна да постои откако Боуви започна со ескпериментална работа со гитаристот Ривс Габрелс. Последната линија е комплетирана со Тони и Хант Сејлс , кои Боуви ги познавал од доцните 1970ти за нивното учество , на тапани и бас односно на албумот на Иги Поп од 1977та Последен за живот . Иако тој настојуваше Тin Machine да работи рамноправно, Боуви доминираше како во пишување на песните така и со донесувањето на одлуките. Деби-албумот на бендот Tin Machine беше првично популарен иако имаше политизирани стихови кои што не беа универзално прифатени. Боуви една песна ја опиша како симплистичка, наивна, радикална произнесувајќи се за појавата на нео-нацистите, во погледот на биографот Кристофер Сендфорд. Потребни беа нерви за откажување од дрогата, фашизам и ТВ, во смисла дека стигна до ниво на литературен стил. ЕМИ се пожали на стихови кои проповедаат или “повторувачки” , “минималистички” или “непроизводствени”. Но албумот сепак се искачи до бројот 3 во Англија. Првата турнеија на Тin Machine имаше комерцијален успех но се зголемуваше незаинтересираноста помеѓу фановите и критичарите да се прифати презентацијата дека Боуви е само член на групата. Неколки синглови на Tin Machine не успеа и Боуви после несогласувањата со ЕМИ ја напушта истата. Како и неговата публика и неговите критичари, Боуви се повеќе станува незадоволен со својата улога како само еден член на групата.Tin Machine започнаа со работа на својот втор албум , но Боуви се воздржа и се врати кон соло кариерата. Изведувајќи ги своите поранешни хитови за време на седуммесечната Sound+Vision-турнеја тој имаше комерцијален успех и се докажа уште еднаш.

Во октомври 1990та, деценија после разводот со Ангела, Боуви и Сомалискиот супер модел Иман биле запознати од страна на заеднички пријател. Боуви изјавува “ги крстев децата ноќта кога се сретнавме-беше апсолутно наеднаш”. Tin Machine продолжи со работата истиот месец, но нивната публка и критичари, незадоволни од првиот албум, покажаа интерес на вториот. Враќањето на Tin Machine беше означено со широк публицитет и конфликт околу насловната тема, откако започнала, новата насловна тема Победа, сметана од aктот на четирите древни статуи Kuoroi, проценети од Боуви да биде „деликатен вкус”, „шоу на погрешни имагинарни слики“, вклучувајќи четки за рендерирање на безполови фигури. Tin Machine повторно одат на турнеја, но после пропаѓањето на албумот Tin Machine Live: Oy Vey, Baby бендот се распаѓа и Боуви иако ја продолжува соработката со Гебрелс ја продолжува и својата соло кариера.

1992-99 Електроника[уреди]

Во Април 1992та Боуви се појавува во Tribute-концерт за Freddie Mercury по смртта на фронтменот на Queen претходната година. Настапувајќи со Heroes и All the Young Friends тој бил придружен од Under Pressure со Annie Lennox, којa го завземалa вокалот на Меркjури. Четири дена подоцна, Боуви и Иман се земале во Швајцарија. Настојувајќи да се преселат во Лос Анџелес, тие барале удобен имот, а се нашле во нивните хотели под полициски час. Во 1992та година започнале немири во Лос Анџелес. Наместо таму се сместиле во Њујорк.

Во 1993та година се појавил првиот соло албум на Боуви по пропаѓањето на Tin Machine, соул, џез и хип хоп влијание на Black Tie White Noise. Правејќи истакнувачка употреба на електронска музика, албумот, кој ги соединил Боуви со продуцентот на Let's Dance , Нил Роџерс го потврдува враќањето на Боуви во неговата популарност, погодувајќи го првото место на УК листите топ 40 вклучувајќи ги во првите 10 песни.Боуви истражил нови правци во The Buddha of Suburbia, саундтрак за албум направен за ТВ серија според новелата на Ханиф Куреиши. Таа содржи некои нови елементи воведени во Black Tie White Noise, и исто така сигнализира нови правци на алтернативен рок. Алубумот добил позитивни критики, но го достигнал само 87-то место на англиските листи. Повторното обединување на Боуви со Ено, квази индусkата Outside(1995) првично е замислен како прв том не-линеарни наративи на уметноста и убиство. Играјќи ги ликовите од кратка приказна напишана од Боуви, албумот го достигнува врвот на англиските и американските листи, и дадоа први три синглови во Америка. Во налив на измешани реакции од фановите и критичарите, Боуви го избрал Nine Inch Nails,како негов партнер за турнејата Outside. Посетувајќи градови во Европа и Северна Америка помеѓу септември 1995та и фебруари наредната година, турнејата го гледа враќањето на Гебрелс како гитарист на Боуви. Боуви беше примен во салата на славните на рокенролот на 17ти јануари 1996та година.Вклучувајќи експерименти во Британската џунгла и драмендбејс беше критички и комерцијален успех во Англија и САД и два синглови од албумот станале меѓу топ 40 синглови. Песната на Боуви Се плашам од Америка од филмот на Пол Верховен Шоу девојки беше снимен за албумот , и ремиксиран од Трент Резнор за издавање како сингл.Тешката ротација на придружното видео , исто така вклучувајќи го Резнор, придонесува за песната да остане 16 недели во САД 100 топ листа. Турнејата Earthling се одржала во Европа и Северна Америка помеѓу јуни и ноември 1997та. Боуви се реобединува заедно со Висконти во 1998та за да ја снима Sky Life за филмот Rugrats. И покрај тоа што песната беше поправена, подоцна ке биде преправена и пуштена како Safe на Б-страната на синглот во 2002та година Everyone Says Hi. Повторното обединување води кон други соработки вклучувајќи лимитиран едитуван сингл , пуштена верзија на песната Without You I´m Nothing, во соработка со Висконти.

1999-до денес: Неокласицистот Боуви[уреди]

Боуви го создал саундтракот за Омиркон, компјутерска игра во која и тој заедно со Иман се појавуваат како карактери. Објавена истата година ги содржела пресниманите песни од Омиркон, неговиот албум „Hours“, избрана песна заедно со текст од победникот на интернет натпреварот за Сајбер хитови-интернет Алекс Грант. Користејќи широка употреба на живи инструменти, албумот беше излез на Боуви од тешката електроника. Снимањата за планираниот албум „Toy“ со намера да карактеризира нови верзии на некои од поранешните дела на Боуви како што и трите нови песни,започна во 2000 година но албумот никогаш не беше објавен. Боуви и Висконти ја продолжија нивната соработка, продуцирајќи нов албум со навистина нови оригинални песни, а како резултат се јавува албумот од 2002та година „Heathen“. Александрија Зара Џоунс, ќерката на Боуви и Иман се родила на 15ти Август.

Во Октомври 2001та година, Бовуи го отвара концертот за Њујорк, добротворен настан за жртвите од 11ти Септември со минимален настап на Simon & Garfunkel's "America, придружуван со настап на бендот во полн состав за Heroes. Во 2002та година бил издаден и албумот Heathen и за време на втората половина од годината турнејата за истоимениот албум. Турнејата се одвивала во Европа и Северна Америка, а започнала во Лондонза време на фетивалот Meltdown за кој што Боуви истата година бил назначен како уметнички директор. Меѓу делата кој ги одбрал за фестивалот биле и Philip Glass, Television и Polyphonic Spree. Покрај песните од новиот албум турнејата искористила и постар материјал од творештвото на Боуви. Подоцнa песните од новиот албум, придружени од Боувиевите Low и Reality(2003) водеа до нова светска турнеја, која ги покриваше Европа, Сад, Канада, Нов Зеланд, Австралија и Јапонија, “A Reality Tour”, која според проценетата посетеност од 722,000 заработи повеќе од која било друга турнеја во 2004та. На сцената во Осло, Норвешка на 18ти јуни, Боуви беше удрен во окото со лижавче од негов фан. Една недела подоцна страдаше од болка во градите за време на настапот на бурниот фестивал во Шесел, Германија. Прво се мислеше дека е притиснат нерв во рамото, но болката подоцна беше дијагностицирана како акутно блокирана артерија, за што беше неизбежна ангиопластика во Хамбург. Останатите 14 дена од турнејата беа откажани.

По закрепнувањето од операција на срцето, Боуви го намали неговото музичко појавување, излегувајќи само еднаш на сцена и во студио. Пееше во дуетот „Changes”од 1972та со Butterfly Boucher за анимираниот филм Shreak 2 од 2004та. За време на релативно мирната 2005та, тој го сними вокалот за песната „(She Can) Do That“, напишана со Брајан Трензо, за филмот Stealth. Тој се врати на сцената на 8ми септември 2005та, појавувајќи се со Arcade Fire за американскиот народен телевизиски настан Fashion Rocks, и настапи со канадскиот бенд за вторпат во истата недела подоцна за време на CMJ-музичкиот маратон. Тој им беше придружен вокал во песната „Province“ од TV on the Radio за нивниот албум Return to Cookie Mountain, сними реклама со Snoop Dog за сателитското радио XM и му се придружи на Lou Reed во албумот No Balance Palace на данските стари рокери Kashmir од 2005та.

Боуви ја прими греми наградата за животно дело на 8ми фебруари 2006та. Во Април изјави, „ ќе земам годишен одмор, без турнеи, без нови албуми.“ Направи огромно изненадување со појавувањето на концертот на Дејвид Гилмор на 29ти мај во салата Ројал Алберт, во Лондон. Настанот беше сниман и делот од песните во кој го придружуваше беа објавени. Настапи повторно во ноември, покрај Алиша Кис, на хуманитарен настан во Њујорк.

Боуви беше избран за големиот фестивал во 2007та во Менхетен, за избор на музичари, и настапи во албумот на Скарлет Јохансон, за насловната на Том Вејтс, Anywhere I Lay My Head. На 40та годишнинаод слетувањето на месечината во јули 1969та со неговиот пробив со Space Oddity, EMI објави индивидуални снимки од снимањето на песната, во 2009та беше објавен контест за нејзин ремикс. Во јануари, 2010та беше објавен дупли албум со материјал од турнејата во 2003та. Во март, 2011, неговиот необјавен албум, Toy од 2001ва се појави на интернет, со материјал, искористен за Heathen и поголем дел од неговите песни од Б-страната , како и многу нечуени верзии од неговото рано творештво.

Актерска кариера[уреди]

Биографот David Buckley напишал, “Значењето на придонесот на Боуви во популарната музика може да се најде во неговата извонредна можност да анализира и селектира идеи надвор од мејнстримот(главната тенденција) – од уметноста, литературата, театарот и филмот – и да ги воведе внатре така што постојаноста на поп културата константно се менува ”. Buckley вели “Само една личност го издигна гламурозниот рок до нови угледни висини и воведе игра на ликови во поп музиката, обединувајќи ги театарот и популарната музика во една моќна целина”. Кариерата на Боуви исто така била обележана и од неколку улоги во филмовите и театарските продукции, што му донело признавање и како актер.

Почетоците на неговата актерска кариера датираат од неговиот комерцијален пробив како музичар. Студирањето на авангарден театар и мимика под водство на Lindsay Kemp, тој ја добил улогата на Cloud во театарската продукција на Kemp во 1967та, Pierrot in Turquoise (подоцна направен е филм за истата, The Looking Glass Murders, 1970). Тој има глумено во црно-бел краток филм, The Image (1969), играјќи ја улогата на момче сениште кое излегува од слика на проблематичен сликар за да го прогонува. Истата година во филмот на Leslie Thomas според комичната новела The Virgin Soldiers, Боуви кратко се појавува. Во 1976 тој добил признанија за неговата прва голема филмска улога, Thomas Jerome Newton, странец од планета пред умирање, во The Man Who Fell to Earth во режија на Nic Roeg. Just a Gigolo(1979), што претставува англиско-германска копродукција во режија на David Hemmings, е филм во кој Боуви се појавува како главна улога како пруски офицер Paul von Pryzgodski, кој после враќањето од Првата Светска Војна, е откритие на баронесата Marlene Dietrich како постојан жиголо.

Боуви ја имал главната улога во театарска продукција на бродвеј , The Elephant Man, заработувајќи високи отцени за експресивната изведба. Тој ја одиграл улогата 157 пати во периодот помеѓу 1980та и 1981та. Christiane F. – Wir Kinder vom Bahnhof Zoo, биографски филм од 1981 кој се фокусирал на зависноста од дрога млада девојка во западен Берлин, со појава на Боуви како самиот себе си на концерт во Германија. Музиката за овој филм содржела голем дел од неговиот материјал од неговите Berlin Trilogy албуми. Боуви глуми и во The Hunger, ревизионистички вампирски филм, со Cathrerine Deneuve и Susan Saradon. Во филмот на Nagisa Oshima во истата година , Merry Christmas Mr.Lawrence, базиран на новелата на Laurens van der Post, The Seed and the Sower. Боуви го глумеше и Major Jack Celliers, затвореник од војна во јапонски концентрационен логор. Боуви се појавил и во Yellowbeard, пиратска комедија од 1983та создадена од членовите на Monty Python, како и мала улога како Colin, убиецот во филмот Into The Night од 1985. Тој одбил да ја одигра улогата на негативец, Max Zorin во James Bond филмот A View to a Kill.

Absolute Beginners(1986), рок мјузикал базиран на новелата за животот во Лондон од Colin Maclnnes во 1959та, ја користел музиката на Боуви а и тој самиот имал мала улога во истиот. Истата година тој ја одиграл улогата на Jareth, крал на гоблините, во мрачната фантазија Labyrinth од Jim Henson. Две години подоцна го глумел Pontius Pilate во филмот од 1988та, The Last Temptatiot Christ на Martin Scorsese. Боуви глумел портрет на незадоволен вработен во ресторан во The Linguini Incident (1991), како и мистериозниот FBI агент Phillip Jeffries во филмот на David Lynch, Twin Peaks : Fire Walk With Me (1992). Тој има мала но клучна улога како Andy Warhol во Basquiat, на Julian Schabel во 1996та, исто така и во филмот на Giovanni Veronesi, Spaghetti Western II Mio West (1998, издаден како Gunlinger’s Revenge во Англија во 2005та) во улога на најстрашниот пиштолџија во регионот. Тој го одиграл ганстерот Bernie во филмот на Andrew Goth, Everybody Loves Sunshine (1999), и се појавил во телевизискиот хорор серијал The Hunger. Во Mr. Rice’s Secret (2000), ја одиграл главната улога како комшија на смртно болно дваесет и две годишно момче. Во годините што следеле се појавува како себе си во Zoolander.

Боуви го играл портретот на физичарот Никола Тесла во филмот на Кристофер Нолан, The Prestige (2006), филм за ривалство помеѓу двајца магионичари во раниот период од 20-от век. Тој го позајмил својот глас за анимираниот филм Arthur and the Invisibles како моќниот негативец Maltzard, како и за ликот Lord Royal Highness во SpongeBob’s Atlantis SquerePantis. Во филмот August во 2008, во режија на Остин Чик, тој ја одиграл споредната улога на Ogilvie, заедно со Josh Hartnett и Rip Tom, со кој работел во 1976та за The Man Who Fell to Earth.

Сексуална ориентација[уреди]

Buckley пишува, “Ако Зиги ги збуни и неговиот креатор и неговата публика, голем дел од таа конфузија е центрирана на тема сексуалност.” Боуви се изјавил како бисексуалец во интервју со Melody Maker во јануари во 1972та, чекор кој го направил напоредно со првите снимки за неговата кампања за статус на ѕвезда како Ziggy Stardust. Во септември 1976та во интервју за Playboy, Боуви изјавил “Вистина е – јас сум бисексуалец. Но не можам да негирам дека го искористив тој факт многу добро. Претпоставувам дека е најдобрата работа што ми се има случено.”

Во интервју со Rolling Stones во 1983та, Боуви изјавил дека неговата јавна декларација за неговата бисексуалност била “најголемата грешка што некогаш сум ја направил”, и исто така во други пригоди тој изјавил дека неговиот интерес за хомосексуалната и бисексуалната култура повеќе бил продукт на времето во кое се наоѓал и ситуациите во кој бил отколку неговите лични чувства. Како што е опишано од Buckley, тој рекол дека бил воден повеќе од “присилно игнорирање на моралните вредности од колку вистинската биолошка и психолошка состојба на битието.” Подоцна во 2002 му било поставено прашањето дали се уште мисли дека неговата јавна декларација за неговата бисексуалност е најголемата грешка што некогаш ја направил од страна на Blender, на што тој одговорил: “Интересно... не мислам дека беше грешка во Европа, но дефинитивно беше многу потешко во Америка. Нема проблем со тој што народот знаеше дека сум бисексуалец. Но немав намера да носам никакви пароли ниту да бидам претставник на било кој група на луѓе. Знаев што сакав да бидам, а тоа беше композитор и изведувач, и почувствував дека бисексуалност ми стана нешто по што бев препознат овде долг период. Америка е многу пуританско место, и јас мислам дека бисексуалноста ми стоеше како пречка на патот за многу работи кои сакав да си направам. ”

Гледиштето на Бакли на овој период е дека Боуви, “табу-разбивач и дилетант.. кој ги користел сексуалните интриги како негова способност да шокира”, и дека “најверојатно е вистика дека Боуви никогаш не бил геј, ниту пак континуирано активен бисексуалец... да, тој од време на време, експериментирал, дури и само поради љубопитност и вистинска верност кон кршење на закони и должности. ” Биографот Кристофер Сендфорд рекол дека според Мери Финиген, со која Боуви имал афера во 1969та, пејачот и неговата прва жена Angie “живееја во свет во фантазијата.. и тие создадоа нивна бисексуална фантазија.” Сендфорд кажува како, за време на бракот, Боуви “направил позитивен фетиш од повторувајќи ја шегата дека тој и неговата жена се запознале додека ‘имале односи со ист човек’... геј сексот од секогаш бил анегдотски и работа за смеење. Јасно е дека вистинскиот вкус на Боуви бил насочен на другата страна што може јасно да се забележи дури и само од дел од приказна за неговите афери со жени.”

Музицирање[уреди]

Од времето на неговите најрани снимки во 1960та, Боуви располага во широк спектар на музички стилови. Неговите рани композиции и изведби биле под големо влијание не само од рокенрол музичарите како Little Richard и Elvis Presley но исто така и од поширокиот свет од шоу бизнисот. Тој особено се борел да се емулира Британскиот музички театарски композитор на песни и актер Anthony Newley, чии вокални стилови тој често ги превземал, и ги искористил за неговиот дебитантско издание во 1967, Dawid Боуви (со одвратност кон делото Newley ја уништил копијата што ја добил од издавачот на Боуви).

Музикологот Џејмс Перон ја набљудувал употребата на Боуви на промените на октавите за различни повторувања на истата мелодија, како пример во неговиот комерцијален пробивен сингл, “Space Oddity”, и подоцна во песната “Heroes”, за да се добие драматичен ефект; Перон забележал дека “во ниските делови на неговиот вокален регистер... неговиот глас има скоро crooner-like богатство.” Вокалниот инструктор Џо Томпсон ја опишува вибрато техниката на Боуви како “особено препознатлива.” Шиндер и Шварц го нарекле него “вокалист со извонредни технички можности, кој може да го доведе неговото пеење до одредени ефекти.” Овде исто така како и во неговите сценски вештини и пишување на песни, очигледна е камелеонската природа на Боуви: историографот Мајкл Кемпбел рекол дека текстовите на Боуви “ги заробуваат нашите уши, без прашање. Но Боуви континуирано се префрла од личност во личност како што ги донесува и текстовите... неговиот глас се менува драматично од една во друга секција.”

Боуви свири многу инструменти, меѓу кои електрични, акустични и гитара со дванаесет жици, алт,тенор и баритон саксофон, клавијатура вклучувајќи и пиано, синтисајзер и мелотрон, хармоника, стилофон, ксилофон, вибрафон, кото, тапани и перкусија, и жичани инструменти вклучувајќи виола и чело.

Наследство[уреди]

Иновативните песни на Боуви и сценските вештини довеле до нова димензија во популарната музика во раните 1070-ти, имале големо влијание на најзината непосредна форма и понатамошниот развој. Пионерот на глам рок, Боуви, според музичките историчари Schinder и Schwartz, има заемна одговорности со Марк Болан за креирањето на овој жанр. Во исто време, тој ги инспирирал иноваторите на панк рок музичкото дружење – историчарот Мајкл Кемпбел го нарекува “еден од првобитните влијатели на панкот”. Биографот Дејвид Бакли пишува, “Во време кога панк рок музиката гласно ја припитомувала три минутната поп песна во шоу на јавен пркос, Боуви скоро целосно го напуштил традиционалното рок оркестрирање .” Издавачката куќа на Боуви се обидувала да го изрази неговиот единствен статус во популарната музика со слоганот, “Постои стар бран, постои нов бран, и постои Боуви…” Музикологот Џејмс Перон му дава заслуга за “носење софистикација во рок музиката”, и критичките прегледи често ја признавале интелектуалната длабочина на неговата работа и влијание.

Бакли пишува дека, во раните 1970 поп светот кој бил “Надуен, полн со себе, облечен во кожа, само задоволен.. Боуви го предизвикал коренот на вербата во рок музиката н неговите денови.” Како што е опишано од страна на Џон Пеел, “Единствената истакната карактеристика за прогресивниот рок во раните 70-ти бил што немало никаков напредок. Пред Боуви да се појави на сцената, луѓето не сакале многу промени.” Бакли вели дека Боуви “го соборил целото движење што значело да се биде рок ѕвезда”, со резултата дека “После Боуви не постоела друга поп икона од негов ранг, бидејќи поп светот што произведува вакви рок богови не постои повеќе.. жестокиот удел на култот на Боуви исто така бил единствен – неговото влијание траело подолго и било повеќе креативно од колку било која друга сила во рамките на поп културата.” Бакли заклучил дека “Боуви претставува и ѕвезда и икона. Огромното тело на неговата работа... го креирал најверојатно најголемиот култ во популарната култура... неговото влијание било единствено во популарната култура – тој се пробил и променил повеќе животи од било која слична фигура.” Боуви бил претставен во Rock and Roll Hall of Fame во 1996та. Низ постојани преродувања, тој го забележал своето влијание како продолжувало да се шири и расте: музичкиот критичар Бред Филики пишува дека низ декадите, “Боуви постанал познат како музички камелеон, менувајќи и диктирајќи трендови како што тој го менувал својот стил”, влијаејќи врз модата и поп културата до степен “на секунда до Madonna”. Биографот Томас Форгет додава, “Бидејќи тој успеа во толку многу различни стилови на музика, просто е невозможно да се најде популарен изведувач што не бил под влијание на Дејвид Боуви.”

Награди и признанија[уреди]

Комерцијалниот пробив на Боуви, со песната “Space Oddity”, му донесе Ivon Novello посебна награда за оригиналниот. За неговата изведба во 1976та во филмот со тематика научна фантастика, The Man Who Fell to Earth, се здобил со Satum-награда за најдобар глумец. Во декадите кој доаѓале тој добивал бројни награди за неговата музика и соодветните видео клипови за истата, добивајќи, меѓу другите две Grammy-награди и две BRIT-награди.

Во 1999та, Боуви бил назначен за Командир на Ordre des Arts et des Lettres од страна на Француската влада. Тој добил почестен докторат од Berklee College за музика истата година. Тој ја одбил понудата за Командир на Англија во 2000та, и витештво во 2003та, изјавувајќи: “Никогаш нема да имам намера да прифатам бил што од овој вид. Јас сериозно не знам за што е тоа. Сигурно не е нешто за што работев целиот мој живот.”

Низ неговата кариера тој има продадено точно 136 милиони албуми. Во Англија, тој бил награден со 9 Платинести, 11 Златни и 8 Сребрени албуми, и во САД, 5 Платинести и 7 Златни. Во гласањето издадено од страна на BBC во 2002та за 100 Greatest Britаns(100 Најголеми Британци) тој го заземал 29-то место. Во 2004та, Rolling Stone списанието го рангирало како 39-ти на нивната листа на 100 Greatest Rock Artists of All Time (100 Најголеми Рок Изведувачи на Сите Времиња) и 23-ти најдобар пејач на сите времиња. Боуви бил претставен во Rock and Roll Hall of Fame на 17ти Јануари 1996.

Дискографија[уреди]

  • David Bowie (1967)
  • Space Oddity (1969)
  • The Man Who Sold the World (1970)
  • Hunky Dory (1971)
  • The Rise and Fall of Ziggy Stardust and the Spiders from Mars (1972)
  • Aladdin Sane (1973)
  • Pin Ups (1973)
  • Diamond Dogs (1974)
  • Young Americans (1975)
  • Station to Station (1976)
  • Low (1977)
  • "Heroes" (1977)
  • Lodger (1979)
  • Scary Monsters (and Super Creeps) (1980)
  • Let's Dance (1983)
  • Tonight (1984)
  • Never Let Me Down (1987)
  • Black Tie White Noise (1993)
  • Outside (1995)
  • Earthling (1997)
  • 'Hours...' (1999)
  • Heathen (2002)
  • Reality (2003)