Менует

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Двојка како игра менует

Менует (од француски: menuet = „ситен“)[1] — стара француска игра во ¾ такт. Потекнува од францускиот збор menu- ситен, мал. Се игра во парови подредени во ред. Движењата се грациозни, со елегантни фигури. На секој збир чекори ( 2 мали чекора и 2 чекора на прсти) одговараат два такта од музиката.

Менуетот првпат се споменува во 14 век, но со залагањата на Луј 16 од 1650 година, станува службена дворска игра, за потоа нагло да се прошири и во останатите европски дворови. Ж. Б. Лили го внесува менуетот во своите опери и балети. Обично биле по два менуета, а нивниот редослед бил М1-М2-М1-М2. Вториот менует М2 секогаш бил напишан во три гласа ( на пр. –за две обои и фагот) а од него подоцна ќе се развие и триото. Околу 1700 година менуетот се применува и во инструментална суита, балетот и операта. Во времето на класицизмот, Ј. Хајдн го воведува и во сонатата, а Моцарт истото го прифаќа.

Иако менуетот се среќава во класицизмот, а подоцна и во романтизмот и импресионизмот, сепак бил цврсто врзан за духот на барокот за кој останал музички симбол. Побрзата варијанта на менуетот се нарекува паспје.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „менует“ - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет

Надворешни врски[уреди]