Франциско Франко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
неговата екселенција
генералисимус


дон Франциско Франко
Franco0001.PNG

каудиљо на Шпанија
шеф на државата
Во служба
1 април 1939 – 20 ноември 1975
Претходник Мануел Азана*
Наследник Александро Родригез де Валакарел**

68 - ми премиер
Во служба
30 јануари 1938 – 8 јуни 1973
Потпретседател
Претходник Хуан Негрин
Наследник Луис Кареро Бланко
Лични податоци
Роден(а) Франциско Франко Бахамонде
4 декември 1892(1892-12-04)
Ферол, Галиција, Шпанија
Починал(а) 20 ноември 1975(1975-11-20) (на 82 год.)
Мадрид, Шпанија
Почивалиште Долина на паднатите
40°38′30.99″ СГШ 4°09′19″ ЗГД / 40.641944, -4.155278
Националност Шпанец
Партија Шпанска фаланга
Сопружник Кармен Поло
Деца Марија Дел Кармен
Живеалиште Ел Пардо, Мадрид
Вероисповед католик
Потпис
Military service
Припадност Шпанија
Род Шпански воени сили
Служба 1907–1975
Чин началник на Генералштаб
Заповедник на генералисимус
Битки/војни Втора мароканска војна
Шпанска граѓанска војна
*Како претседател
** Ја препуштил на Хуан Карлос I (крал на Шпанија)
*** Формално како "лидер на Владата на Шпанија"

Франциско Паулино Ерменегилдо Теодуло, познат како Франциско Франко (на шпански: Francisco Franco; 4 декември, 1892 - 20 ноември, 1975) или само Генерал Франко, бил шпански диктатор и лидер на националистичкиот воен бунт во Шпанската граѓанска војна, авторитарен водач на Шпанија, од октомври 1936 година па се до неговата смрт во ноември 1975 година. Тој дошол на власт преку екстремната десничарска Шпанска фаланга, меѓутоа тоа било од пропагандни причини, тој не припаѓал на ниту една политичка партија пред да ја заземе власта во државата. Како водач на Шпанија, Франко ги користел титулите каудиљо и генералисимус, но исто така бил формално именуван како неговата екселенција и шеф на државата.

Франко потекнувал од семејство со воена традиција, првично имал намера да се вклучи во шпанската морнарица, меѓутоа се вклучил во шпанските копнени сили. Учествувал во Втората мароканска војна и станал најмладиот генерал во Европа во 1926 година [1]. По враќањето во Шпанија го предводел задушувањето анархистичкиот штрајк во 1934 година, бранејќи ја конзервативната влада на Алкала-Замора. По формирањето на влада на Народниот фронт, составена од разни левичарски фракции, се зголемила нестабилноста. Насилство помеѓу милитантните групи нагло се зголемило со атентатот врз парламентарен лидер на конзервативците Хозе Калво Сотело, кој бил извршен како чин на одмазда за убиството на Жозе Кастиљо [2]. Франко и неговите приврзаници ја искористиле смрт на Калво како изговор за започнување на војна, иако тие веќе имале инициран план за воен бунт [3].

Франко и војската учествувале во државниот удар против влада на Народниот фронт. Меѓутоа државниот удар не успеа и еволуирал во Шпанската граѓанска војна, во текот на која Франко успеал да се наметне како водач на националистите против владата на Народниот фронт. По победата во граѓанска војна, во која победил со помош на Фашистичка Италија и Третиот рајх, тој го распуштил шпански парламент и воспоставил десничарски авторитарен режим и бил де факто регент на номинално возбновеното Кралство Шпанија.

Во текот на Втората светска војна, Франко водел официјално политиката на неутралност, делумно поради тоа што Шпанија не била закрепната од граѓанска војна. Сепак, тој го подржал формирањето на шпанската волонтерска т.н Сива дивизија која се борела на Источниот фронт како дел од силите на Оската против Советскиот Сојуз. Режимот на Франко бил мразен од кубанскиот лидер Батиста кој предложил заедничка акција помеѓу латинските држави и Соединетите Американски Држави за соборување на Франко во Шпанија [4].

По војната, Гранко успеал да ја задржи и зцврсти својата власт во Шпанија преку спроведување на строги мерки: систематско потиснување на дисидентски и опозициските ставови преку цензура и принуда [5][6], затварање на идеолошките противници во логори низ цела Шпанија [7], спроведувањето на принудна работа во затворите [8], и употребата на смртната казна и тешките затворски казни како методи за заплашување на неговите идеолошки непријатели [9]. За време на Студената војна, САД воспоставиле дипломатски и трговски сојуз со Шпанија, поради силната анти-комунистичката политика на Франко.

Во почетокот на 60 - те години, Франковиот режим почнал со спроведување на реформи во економијата. Со што започнало економското т.н Шпанско чудо кое траело до 1973 година. Овој економски развој се оценува како најпозитивно наследство на Франковиот режимот. Во овој период, Шпанија во голема мера го надминала приходот по жител што ги разликува развиените од неразвиените земји и поттикнал развојот на доминантната средна класа. Чудото било потикнато од економските реформи спроведени од т.н технократи поставени од Франко, кој започнале крупни јавни инвестиции за развој на инфраструктурата, по препорака на Меѓународниот монетарен фонд. Технократите биле нова сорта на економисти кој ги замени старите од фалангистичкото движење кои биле склони кон изолационизмот.

По неговата смрт, Шпанија започнала транзиција кон демократијата. Денес, симболите од Франковиот режим како што се Националниот грб или знамето со царски орел, се забранети со закон во Шпанија [10].

Потекло[уреди]

Семеен грб на семејството Франко до 1940 година[11]
Ферол

Франциско Франко е роден во 12 часот и 30 минути на 4 декември 1892 година во Ферол, во стариот дел на градот. На 17 декември бил крстен во црквата Св. Франсис под името Франциско Паулино Херменегилдо Теодуло:

  • Франциско по неговиот дедо од татко страна.
  • Паулино од неговиот кум, Херменегилдо според неговата баба од мајчина страна.
  • Теодуло според светецот на чиј ден е роден.

Неговиот татко Николас Франко Салгадо потекнувал од Андалузија, меѓутоа фамилијата се преселило во Галиција. Фамилијарната гранка од татковата страна имале долга традиција на служење во шпанската морнарица. Во текот на два века, шест генерации непрекинато биле назначувани за поморски офицери се до таткото на Франко (22 ноември 1855 - 22 февруари 1942).

Негова мајка била Марија дел Пилар Бахамонде Пардо де Андараде (1865 - 28 февруари, 1934 година), а неговите родители се венчале во 1890 година. Младиот Франко го поминал своето детство со своите двајца браќа и две сестри:

  • Никола (Ферол, 1891-1977, подоцна поморски офицер и дипломат, кој бил оженет со Марија Изабел Паскуал дел Побил Равело)
  • Рамон (кој бил шпански пионир во авијацијата и имал различни политички ставови од Франко)
  • Марија дел Пилар (Ферол, 1894 - Мадрид, 1989, подоцна сопруга на Алонсо Јараиз Херез)
  • Марија де ла Паз (Ферол, 1899 - Ферол, 1900)

Воена кариера[уреди]

Втора мароканска војна[уреди]

Амблемот на шпанските домородни редовни сили т.н Регулареси

Франко сакал да ја продолжи фамилијарната традици со приклучување во шпанската морнарица, но запишувањата во поморската академија биле затворени во периодот помеѓу 1906 - 1913 година. Франко решил да се приклучи во шпанската копнена војска, со што била прекината долгата традиција на неговата фамилија. Во 1907 година тој се запишал на пешадиската академија во Толедо, каде што дипломирал во 1910 година. Бил именуван за наредник. Две години подоцна ја добил комисијата за Мароко. Обидот на Франко за физичка окупација на новиот африкански протекторат довел до Втората мароканска војна (1909 - 1927 година) со месното населени. Тогашната воена тактика допринела за голем број на порази на шпанските офицери, но дале можност за лесно напредување во воената кариера. Се зборувало дека офицерите можат завршат во гроб или како генерали (la caja o la faja)

Франко набргу стекнал репутација на способен офицер. Се придружил на т.н Регуларесите, колонијални шпански сили, составени од месното население, под команда на шпански офицери кој делувале слично како СА во Германија. Во 1916, Франко имал 23 години и веќе бил капетан, но бил ранет ранет во Ел Биутз. Неговото преживување допринело да си ја заврсти репутација меѓу шпанските трупи како човек кој има голема среќа (baraka). Неуспешно бил предложен за највиската шпанска награда за храброст, престижната Cruz Laureada de San Fernando, наместо тоа бил унапреден во мајор со што станал најмладиот заповедник на пешадијата во историјата на Шпанија.

Во периодот помеѓу 1917 - 1920 година бил стациониран во внтрешноста на Шпанија. Во 1920 година харизматичниот Милан Астрај ја формирал Шпанската легија, а Франко бил именуван за негов заменик и се вратил во Африка. На 24 јули 1921 година слобо предводената и уморна шпанска војска претрпела пораз кај Ануал. Легијата симболично ја спасила шпанската енклава кај Мелил и тоа под раководство на Франко. Во 1923 година Франко бил поставен за водач на Шпанската легија. Истата гоодина се оженил со Кармен Поло со која имал една ќерка Марија Дел Кармен која била родена во 1926 година [12]. Кум на неговата венчавка бил шпанскиот крал Алфонсо XIII, а овој факт подоцна му дал репутацијата на монархистички водач.

Бил унапреден во полковник и како таков во 1925 година го предводел истоварувањето на шпанската војска кај Ал Хоцеим, центар на мароканските бунтовнички сили. Истоварувањето и француската инавазија од југ преставувале целосен пад на Рифската република. За овој успех, во 1926 година Франко бил унапреден во генерал, а во 1928 година бил поставен за заповедник на новооснованата академија во Зарагоза.

За време на Втората Шпанска Република[уреди]

Франко во Африка
Амблемот на Шпанската легија

Франко и по падот на шпанската монархија во 1931 година, се држел до својот аполитизам (меѓутоа според некои извори, тој ја подржувал десницата и нејзиниот водач Примо Де Ривера, или во најмала рака имал слични погледи со нив за иднината на Шпанија). Во јуни воената академија била затворена од страна на шпанскиот воен министер Мануел Азане и тоа било повод за првиот негов судир со републиканците. Франко одржал говор пред кадетите, кој од страна на самиот министер бил оценет како навредувачки [13]. Следните шест месеци Франко останал без служба и бил под присмотра.

На 25 февруари 1932 година, Франко бил поставен за командант на гарнизонот во градот Ла Коруња. Тој не учествувал во обидот за државен удар предводен од Хозе Санџурџо, дури и испратил писмо до Санџурџо во кое негодувал за таквото движење. Под влијание на воените реформи, во јануари 1933 година Франко бил поставен на 24 место на пописот на бригадирите. Истата година ја добил командата над Балеарските Острови, положба која била повисока од воениот чин.

Во октомври 1933 година се одржале избори на кој победиле десничарите. На 5 јануари 1934 година избуванало револуционерно движење кое било насочено против десничарската влада. Центарот на востанието било во Астурија, а од таму за кратко време се проширило низ Шпанија. Франко, кој тогаш веќе бил генерал и наследник на воениот министер Хилдалго, бил поставен за командант на операцијата која имала за цел да го задуши востанието. Африканските единици, предводени од генералот Едуардо Лопез Очоа, требале да го извршат главниот удар. По две неделни тешки борби востанието било задушено.

Востанието, сите случувања околу него, како и причините кои довеле до граѓанската војна до ден денес се тема на полемика (пример: Енрикез Марадиелос и Пиа Мое [14][15][16]), меѓутоа има општа согласност дека Астуријанското востание го засилил антагонизмот помеѓу Франко и Енрикез Марадиелос. Франко ја мобилизирал војската против востанието и се залагал за одбрана на Републиката и воопшто на постојниот поредок во државата и општеството. На 15 февруари, Франко бил поставен за заповедник на африканските единици, а на 19 мај 1935 година бил поставен за врховен командант на генералштабот, највисока воена положба во Шпанија.

Општи избори од 1936 година[уреди]

Шпанско Мароко

По корупцискиот скандал Страперло, паднала владата на централно-деничарската коалиција и биле закажани нови избори. Биле формирани две големи коалиции: Frente Popular (левичари) и te Frente Nacional (десничари). На 16 февруари 1936 година за победници биле прогласени левичарите, меѓутоа тие имале мала предност. Следниот ден настанала хаотична состојба. Франко започнал со лобирање за прогласувње на државна криза, меѓутоа тоа не било прифатено, а левичарите дозволиле повторно да бидат преброени гласовите. На 23 февруари, Франко бил испратен на Канарските Острови каде командувал со мал број на луѓе. Во меѓувреме, заговорот кој бил предводен од Емилио Мола почнал да ги добива своите контури. Франко бил контактиран, но одбивал да учествува во него се до средината на јули. На 23 јуни 1936 година, Франко испратил писмо до владата во кое понудил своја помош за смирување и воведување на ред во војската, но не добил одговор.

Заговорниците одлучиле да се кренат востание со или без Франко (con Paquito o sin Paquito) како што истакнал Хозе Санџурџо, почесен водач на востанието. По неколку одложувања, било решено востанието да биде кренато на 18 јули. Откако било јасно дека ќе има пуч, Франко решил да им се придружи на заговорниците и ја добил командата над африканските сили. Приватниот авион на Франко - DH 89 долетал од Англија и на 11 јули го префрлил во Африка. Убиството на десничарскиот водач Хозе Калва Сотела од страна на владините полицајци го забрзале востанието. Еден ден пред одредената дата за започнување на пучот, африканската војска се побунила и одбила да ги извршува наредбите на своите офицери. На 18 јули, Франко објавил манифест [17], познат како Франков проглас за побуна, и се упатил кон Африка. Таму стигнал следниот ден и го презел командувањето. Една недела подоцна, бунтовниците кои уште тогаш биле именувани како Националисти, контролирале третина од Шпанија, а поголемиот дел од морнарицата била под контрола на републиканците со што Франко бил изолиран во Африка. Пучот бил неуспешен, но започнала Шпанската граѓанска војна.

Шпанска граѓанска војна[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Шпанска граѓанска војна.

Шпанската граѓанска војна започнала во јули 1936 година и официјално завршила со победа на Франко во април 1939 година, оставајќи засебе 190 000 [18] до 500 000 жртви [19]. И покрај договор за неитервенирање од август 1936 година, во војната вмешале странски држави, што довело до меѓународни реперкусии. Националистичката страна била поддржана од страна на Фашистичка Италија, која го испратила на Корпусот на доброволечките трупи, а подоцна се вмешал и Третиот рајх испраќајќи ја Легијата Кондор. Обединетото Кралство, Франција и Советскиот Сојуз ги подржувале Републиканците, а биле формирани и Интернационални бригади кои се бореле на нивна страна.

Првите месеци[уреди]

Мусолини и Хитлер
Општa карта на Шпанската граѓанска војна (1936-1939).
  Почетната Националистичка зона - јули 1936
  Националистичкото напредување до септември 1936
  Националистичкото напредување до октомври 1937
  Националистичкото напредување до ноември 1938
  Националистичкото напредување до февруари 1939
  Последна област под контрола на републиканците
Solid blue.png Главни националистички центри
Red-square.gif Главни републикански центри
Panzer aus Zusatzzeichen 1049-12.svg Копнени битки
Vattenfall.svg Поморски битки
Icon vojn new.png Бомбардирани градови
City locator 4.svg Логори
Gatunek trujący.svg Масакри
Red dot.svg Бегалски кампови

Иако Франко немал финансиски средства, бидејќи државниот трезор се наоѓал во Мадрид во рацете на владата, постоело организирано економско лоби во Лондон кое се грижело за неговите финансиски потреби, а Франко можел да смета и на соите соработници во странство. Во првите денови на востанието се воделе силни борби за освојување на контролата над протекторатот. Франко успеал од една страна да го придобие населението и нивните номинални водачи, а од друга страна успеал да ја наметне својата контрола на воените сили во Африка. Франко започнал да се пресметува со офицерите кои биле лојални на Републиката, при што биле ликвидирани 200 офицери, а меѓу нив се нашол и еден близок роднина на Франко [20].

Откако успеал да се наметне во Шпанско Мароко се наметнало прашањето за префрлување на неговите сили од Африка на Пиринејскиот Полуостров. Шпанската флота била под контрола на Републиката и бил блокиран Гибралтарскиот Проток. Наоѓајќи се во тешка положба, Франко започнал да бара сојузници. Побарал помош од Бенито Мусолини и од него успеал да издејствува безуловно оружје и авиони. Во меѓувреме, адмиралот Канарис успеал да го убеди Адолф Хитлер да даде потпора за националистите. Од 20 јули, Франко бил во состојба, благодарение на 22 - та германски Јункери Ју 52, да создаде воздушен мост до Севиља, каде неговите сили помогнале во освојувањето на градот.

Јункер Ју 52

Амбасадорите започнале силна дипломатска агитација во Обединето Кралство, Кралството Италија и Третиот рајх, со цел добивање на воена помоше, пред се авиони. Преговорите биле успешни, а дипломатите успеле да издејствуваат воена помош од Кралството Италија и Третиот рајх. На 2 август, италијанските и германските авиони започнале да слетуваат во Тетуан, а на 5 август, Франко успеал да ја пробие нлокадата и да постави конвој на бродови со околу 2 000 војници.

Во почетокот на август, состојбата во Андалузија била доволно стабилна за Франко да организира воена колона, од околу 15 000 војници под команда на Хуан Јагуеа, која промарширала низ Екстрамадура и стиганал се до Мадрид. На 11 август била освоена Мерида, а на 15 август - Бадајоз. Мусолини им наредил на италијанските волонтерските сили, околу 12 000 Италијанци, да тргнат кон Севиља, а Хитлер испратил посебна единица на Луфтвафе (2ЈГ/88) со 24 авиони. Сите тие авиони ги носеле симболите на шпанските националисти, а биле управувани од германски и италијански пилоти. На 21 септември, Франко и командантот на воената колона во Макведа, околу 80 км од Мадрид, организирале заобиколување со цел освојување на гарнизанот во Толедо, а успеале во тоа на 27 септември. Овој воен потег на Франко е оценет како контровезен, кој им овозможил на републиканците да ја зацврстат одбраната околу Мадрид и да го задржат градот таа година.

Издигнување[уреди]

Портрет на Франко
Франко и Емилијо Мола

На 20 јули, водачот на востанието Хозе Санџурџо загинал во авионска несреќа, а неговата смрт влијаела врз понатамошните настани. Политичкиот живот на територијата која била под контрола на Националистите, замрел [21]. Моќта се наоѓала во рацете на војните раководители: Емилијо Мола бил север, Гонзало Гуеипо Де Лијано во Севиља од каде ја контролирал Андалузија, Франко имал независна команда и Мигуел Кабанелас во Зарагоза од каде го котролирал Арагон.

На 24 јули била формирана воена хунта со центар во Бургос, на чело со најстариот и најискусниот генерал Кабалеса [22]. Во најтесното раководство биле Мола и уште 3 генерали и 2 полковници, а Франко влегол во август [23]. На 21 септември, била донесена одлука Франко да биде поставен за врховен командант (на овој облик на заедничко командување се спротиставувал само Кабанелас [24]), а на 28 септември Франко бил поставен за шеф на владата [25].

Мола сметал дека Франко е неподобен, но самиот тој бил дискредитиран како главен организатор на неуспешниот пуч кои се претворил во граѓанска војна. Од друга страна, Мола бил идентификуван со Карлистите, отколку со Фалангистите, а бил и во лошо односи со Германците. Де Лијано и Кабанелас имале слаби позиции во некои од националистичките кругови, бидејќи во минатото се произнеле против диктатурата на Мигел Прима Де Ривера. Самиот Ривиера, водачот на Фалангистите, бил затворен во Мадрид, а по неколку месеци бил ликвидиран. Франко кој бил одалечен од политиката и имал малку активни непријатели, неговата соработката со Италија и Третиот рајх [26] дополнително му ја зацврстиле позицијата.

На 1 октомври 1936 година, Франко јавно бил прогласен за генералисимус и Jefe del Estado (водач на државата) [27]. Мола бил против таа одлука, а Канабелас интервенирал за да ги смири страстите. Една година подоцна, позицијата на Франко се засилила уште повеќе, имено на 2 јуни 1937 година во авионска несреќа загинал Мола. Сите водачи кои го организирале заговорот против Републиката исчезнале во периодот помеѓу 1933 - 1935 година [28]. Има претпоставка дека зад смрта на Мола, стоела тајната служба на Третиот рајх.

Воена команда[уреди]

Франко во воена униформа
"Легијата Кондор", пешадиска обука во училиштето во Авила, Шпанија.

По преземањето на врховната воена команда, Франко лично ги раководел сите воени операции до крајот на војната. По неуспешниот напад врз Мадрид во ноември 1936 година, Франко презел друга тактика за победување во војната. Неговиот пристап за олеснување на гранизонот во Толедо, бил тема на многу дебати, како и голем други одлуки во тој период. Некој од неговите одлуки, како и онаа од јуни 1938 година, кога тргнал кон Валенсија , а не кон Каталонија, и денес се контроверзни.

Франко откако не добил помош од европските демократски држави, побарал и добил дополнителен воен ангажаман од Третиот рајх, во облик на Легијата Кондор. Оваа воена помош вклучувала воени службеници, инструктори и околу 91 000 Германци и 91 000 Италијанци. Овие сили му понагале на ФРанко во текот на целата војна. Италијанската воена помош бил во форма на Corpo Truppe Volontarie, а италијанските трупи учествувале во сите поголеми воени операции, CTV доминирал во воздушниот простор во текот на целата војна.

Покрај помошта на Италија и Третиот рајх, Франко успеал да издејствува и околу 20 000 војници од страна на португалскиот диктатор Антонијо Де Оливиера Салазар. Германските и Италијанските сили учествувале до крајот на Шпанската граѓанска војна, а парадирале и на денот на освојувањето на Мадрид. Франко изјавил дека ќе ја освои престолнината на Шпанија за три месеци, меѓутоа му требале три години.

Политичка команда[уреди]

Рамон Серано Сунер
Знамињата на Фалангистите (лево) и Карлистите (десно)

Франко успеал да ги обедини идолошки некомпактабилните партии - Фалангата и Карлистите под своја власт. Оваа политичка формација ги смирила екстремните и германофилски Фалангисти мешајќи ги со антигерманските и промонархистички Карлисти.

Зетот на Франко, Рамон Серано Сунер бил негов главен политички советник, вешт политичар и тактичар, успешно манипулирал со оделните десничарски партии, ги насочувал едни против други за да ја зацврсти позицијатa на Франко.

Во еден момент успеал да ги острани Мануел Хадило - водач на Фалангистите и Мануел Фал Конду - водач на Карлистите, со што Франко станал неприкосновен авторитет сред десничарските и националистичките кругови во Шпанија.

За да ја зацврсти својата позиција, Франко спроведувал терор. Од почетокот на 1937 година, секој смртна казна која требало да биде спроведена, морала да биде одобрена или потпишана лично од Франко, меѓутоа има мислења дека за голем број од убиствата Франко не бил запознаен.

Од почетокот на востанието, генералите на Хунтата спроведеувале ситематски терор за да го скршат отпорот. Ликвидациите кои биле спроведувани во текот на граѓанската војна, продолжиле и по победата на Франко. Бројот на жртвите се движи околу 15 000 до 27 000 души.

Крајот на Граѓанската војна[уреди]

На 4 март 1939 година било кренато востание во републиканскиот камп, кое имало за цел да го спречи наводнотѕо востание на комунистите кое било планирано од Хуан Негрин. Востанието било предводено од Сегисмунд Касада и Јулијан Бастеира, бунтовниците успеале да го освојат Мадрид и се обиделе да постигнат договор со Франко, меѓутоа тој не прифаќал ништо друго освен безусловна капитулација. Попуштиле под Франквиот притисок и на 27 март 1939 година, Франко го окупирал Мадрид со што официјално паднала Републиката. Истиот тој ден, Франко го положил својот меч на олтар во црква и дал заклетва дека тој мач повеќе никогаш нема да го употреби освен ако Шпанија не се најде во опасност, заклетвата ја одржал до крајот на својот живот.

Франко за време на Втората светска војна[уреди]

Хитлер и Франко
Во предниот ред, од лево кон десно: Карл Волф, Хајнрих Химлер, Франко и министер за надворешни работи на Шпанија Серано Сунер во Мадрид, октомври 1940 год.

Во септември 1939 година започнала Втората светска војна во Европа. Во градот Андеј - Франција, на 23 октомври 1940 година Франко имал средба со Адолф Хитлер. Германскиот водач побарал Шпанија да земе учество во војната на страна на Оската, а меѓу остантото било дискутирано за воената опрема, Гибралтар, француската Северна Африка и сличмо. И покрај инсистирањето на Хитлер, но не бил постигнат договор[29].

Шпанија под раководство на Франко останала неутрална во војната, меѓутоа помошта на Хитлер и Мусолини во текот на граѓанската војна, како и силното германолфилско и фашистичко расположение кое владеело меѓу шпанските десничари, допринеле Франко да понуди различни видиви на помош за Третиот рајх и Италија. Тој дозволил да се формира т.н Сина Дивизија, составена од шпански доброволци кој се бореле на страната на Германците на Источниот фронт против силите на СССР, меѓутоа не дозволил Шпанците да се борат против западноевропските држжави. Франко не се согласувал со нацистичкиот мистицизм и неговите обиди за манипулација со христијанството, тоа било спротивно од тенденцијата на Франко за за одбрана на христијанството и католицизмот [30].

По капитулацијата на Франција во јуни 1940 година, Шпанија прифатила една проосовинска политика, на пример: шпанска посада на германските бродови. Франко исто така размислувал за освојување на Гибралтар со што би се пресекол пристапот кон Средоземното Море за Сојузниците [29], меѓутоа не дошло до спроведување на планот, бидејќи тоа значело дирекно учество на Шпанија во војната и отварање можност за Британците, односно освојување на Канарските острови и Шпанско Мароко од нивна страна [29][31].

Според еден неодамна откриен документ од Втората светска војна, додека Франко преговарал со силите на Оската, им наредил на своите провинциски гувернери да состават список на Евреи. Франко му обезбедил на Хајнрих Химлер листа од 6 000 Евреи кои требало да влезат во нацистичкото конечно решение. Меѓутоа Франко не спровел системаска ликвидација на Евреите во Шпанија, ниту пак испратил Евреи во Третиот рајх [32]. На 14 јуни 1940 година, на шпанските сили го окупирале градот Тангер (кој бил под управа на Лигата на народите) и го држеле се до 1945 година.

Шпанија под Франко[уреди]

Франкова Шпанија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Франкова Шпанија.
Службен портрет на Франко, во 1970 година.
Франко во посета на инаугурацијата на INIA, 11 март, 1954

Во фервруари 1945 година, два месеци пред да заврши официјално Втората светска војна, власта на Франко била призната од страна на Велика Британија и Франција. Неговата официјална титула била Su Excelencia el Jefe de Estado (неговата екселенција водач на државата), во државните и службените документи титулата му била запишана како Caudillo de España (водач на Шпанија) или el Generalísimo. Во текот на своето владеење бил титулиран и како el Caudillo de la Última Cruzada y de la Hispanidad (водач на последниот Крстоносен поход во Хиспанскиот свет) и el Caudillo de la Guerra de Liberación contra el Comunismo y sus Cómplices (водач на војната за ослободување од комунизмот и неговите колаборатори).

Во 1947 година, Франко ја прогласил Шпанија за монархија, но не назначил монарх. Овој гест бил направен во голема мера за да се смири Националното движење (Карлистите и Алфонистите кои се залагале за обнова на монархијата). Иако била прогласена монархија, Франко немал желба да се прогласи за крал, ниту пак да дозволи со Шпанија да владее монарх. Франко го оставил шпанскиот престол празен, а истовремено се прогласил за кралски регент. Тој ја носел униформара на капетан - генерал (ранг традиционално резервиран за кралот) и живеел во палата Ел Пардо. Ја прифатил кралската привилегија да оди по балкадин, а неговиот портрет се појавувал речиси на сите шпански монети. Иако неговите службени титули биле Jefe del Estado и Generalísimo de los Ejércitos Españoles (генералисимус на шпанската војска), тој сакал владата која ќе го наследи да биде поавторитарна отколку претходната монархија и затоа Франко ја користел титулата по милост божја (на латински: Dei gratia), која во минатото била карактеристична само за кралевите т.е божјото право на монарсите.

Франко во 1972 година
Франко и Двајт Ајзенхауер, Мадрид, 1959 година

Франко првично барал подршка од разни политички групи. Најпрво власта ја приграбил со помош на фашистичката Фаланга, меѓутоа по поразот на силите на Оската во Втората светска војна се динстанцирал од неа. Франковата администрација ја маргинализирала фашистичката идеологија во корист на технократите, од кои многумина биле поврзани со Опус Деи, кој ја промовирале економската модернизација на Франко [33].

Иако неговото владеење имало некои елементи на фашизмот, неговата власт не се дефинира како фашистичка. Главната разлика се гледа во тоа што фашизмот се стреми да го трансформира општеството и да воведе нови вредности, нов вредносен сиситем, додека пак Франковиот режим се залагал за конзервирање на постојните општестевни норми и вредности во Шпанија [34][35][36][37][38]. И покрај различните погледи за режимот на Франко за тоа на која идеологија припаѓал тој, сепак преовладува една согласност дека неговиот режим потполно се залаглал за отфрлање на комунизмот, социјализмот и анархизмот.

По завршувањето на Втората светска војна, Шпанија се наоѓала во тешка положба поради уништената економија и меѓународната изолација. Меѓународната позиција била подобрена поради стратешката положба на Шпанија во екот на Студената војна, Соединетите Американски Држави склучиле рговски и воен сојуз со Франко. Историскиот сојуз започнал со посетата на американскиот претседател Двајт Ајзенхауер во 1953 година, што резултирала со создавањето на Пактот од Мадрид, а Шпанија во 1955 година била примена во Обединетите Нации. Во 1952 година, синдикатот од Далас, Тексас, вклучувајќи ги и Џек Крајтон, Еверет Ли Деголјер и Клинт Муршисон побарале права за дупчење на нафта во Шпанија. Операцијата била управувана од страна на комапнијата Delta Drilling [39].

Политичко угнетување[уреди]

Франко на воена парада
Estandarte de Francisco Franco (variante gules).svg
Coat of Arms of Francisco Franco as Head of the Spanish State.svg
Placa "Victor" Francisco Franco, detalle.jpg
* Личниот грб на Франко како шеф на државата.
* Кралскиот грб на Кастилија, користен од Франко.
* Победник, друг амблем користен од страна на Франко.

Првата деценија на владеењето на Франко била исполнета со континуирано угнетување и убиства на неодреден број на политичките противници. Проценката е контроверзна, но бројот на лица убиени најверојатно е помеѓу 15 000 и 50 000 луѓе.

Постепено Франковиот режим станувал се помалку насилен, меѓутоа за време на неговото владеење невладините синдикатите и сите политички противници: комунистичките и анархистичките ораганизации, либералните демократи, баскиските и каталонските националисти биле потиснати или контролирани со сите можни средства, вклучително и полициска репресија. Единстевен легален трговски сојуз за време на неговиот режим бил Sindicato Vertical.

Франко промовирал унитарен национален идентитет и била сузбивана секаква културна различност во Шпанија. Коридата и Фламенкото биле промовирани како шпански национални традиции, додека оние традиции кои не биле сметани за "шпански" биле потиснати.

Франковите погледи за шпанската традиција биле помалку вештачки и произволни: додека некои регионални традиции биле потиснати, Фламенкото и Андалузиската традиција, се сметале за дел од еден поголем, националниот идентитет. Сите културни активности биле цензурирани, а многу, како на пример Сарданата, националниот танц од Каталонија, биле забранети. Оваа културна политика била олабавена кон крајот на 60 - те и почетокот на 70 - те години на 20 век.

Пречек на Националистите

Користењето на другите јазици, освен шпанскиот односно кастилијанскиот, биле забранети (особено каталонскиот, галицискиот и баскискиот јазик). Јазичната политика на Франковиот режим налагала сите документи и договори да бидат објавени на шпански јазик, а сите други докмунети кој би биле објавени на друг јазик немале правна основа.

Користењето на другите јазици било забранети и во училиштата, јавните плакати и постери. И покрај забраните, народот продолжил да говори на другите јзици.

Римокатоличката црква била прифатена како црква на Шпанската држава и привилегиите кој ги изгубила за време на Републиката и биле вратени. Државните службеници морале да биде католици, а за некои официјални работни места се барало поврда за "добро однесување" од страна на свешетниците.

Граѓански бракови кои биле случени за време на Шпанската Република биле прогласени за ништовни и неважечки ако не се потврдени од страна на католичката црква. Разводот, контрацептивните средства и абортусот биле забранети. Во 1954 година бил донесен закон со кој хомосексуалноста, педофилијата и проституцијата биле прогласени за криминал, меѓутоа овој закон не бил секогаш применуван [40].

Шпанска колонијална империја и деколонизација[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Шпанско колонијално царство.

Франковиот режим се обедел да ја задржи контролата над Шпанското колонијално царство и подржувал политика на конолијазлизам. Во текот на Алжирската војна (1954-1962), Мадрид стана база на Организацијата на Тајната армија составена од десничарски француски офицери и војници кои се залагале за зачувување на француски Алжир. Меѓутоа, Франко бил принуден да направи отстапки. Кога француско Мароко станало независна во 1956 година, тој го предал шпанко Мароко на Мухамед V, задржувајќи само неколку енклави. Година дена подоцна, Мохамед V ја нападнал шпанска Сахара во текот на Заборавената војна.

Во 1968 година, Франко под притисок на Обединетите Нации и дал независност на Екваторијална Гвинеја, а следната година ја вратил покраината Ифни на Мароко. Франковиот режим започнал кампања за добивање на Гибралтар од страна на Обединето Кралство, откако тоа не било постигнато во 1969 година границата кон Гибралтар била затворена се до 1985 година.

Шпанско економско чудо[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Шпанско економско чудо.
Споменик на автомобилот СЕАТ 600,симбол на шпанското економско чудо[41]
Шпанска пезета од 1957 година со ликот на Франциско Франко , Caudillo de España, por la gracia de Dios (водач на Шпанија, со милоста од бога)

Граѓанската војна ја опустошила шпанската економија. Инфраструктура била сериозно уништена, голем дел од квалификуваните работниците загинале или ја напуштиле Шпанија, а рзвојот на бизнисот бил сериозно попречен. Една деценија по победата на Франко во граѓанската војна, економијата бавно се развивала. Во почетокот Франковиот режим спроведувал политика на автаркија, отескувајќи ја шпанската економија од меѓународната трговија. Оваа политика имала катастрофални последици, економијата стагнирала, а црниот пазар процутел.

Таквата сосотојба доприенела Франковиот режим да започне една нова економска политика, условена од можен банкрот, како и притисокот на Соединетите Американски Држави, Меѓународниот монетарен фонд и технократите од Опус Деи за послободна пазарна економија. Многумина од старата гарда кои биле задолжени за економијата биле заменти од страна на технократите и покрај првичната опозиција на Франко.

Од средината на 60 - те годин на 20 век се започнало со скромна економска активност и мали економски реформи. Меѓутоа кога старите министри биле заменети од Франко со аполитички технократи, режимот започнал да спроведува развојна економска политика со длабоки економски реформи. По еден период на рецесија, во 1959 година започнал период на економски развој кој траел се до 1974 година, познат како Шпанско економско чудо. Во текот на 60 - те година, Шпанија доживеала понатамошно зголемување на богатство. Меѓународните компании отварале фабрики во Шпанија, под влијание на ниските плати и даноци, забраната на штрајковите и заштитата на државата за странскиот капитал. Фирмите во државна сопственост, кака СЕАТ, Пегасо и ИНХ масовно го прошириле производството. Шпанија станала нов масовен пазар. Шпанија станала втората најбрзорастечка економија во светот во периодот помеѓу 1959-1973 година, веднаш зад Јапонија.

Региони[уреди]

Авенија Генералисимус
Регионите во Шпанија

Франко не вовел никаква форма на административна или законска децентрализација, се залагал за зачувување на целосната центразлизација воспоставена од Бурбоните и генералот Мигел Примо де Ривера. Таквиот систем бил зоснован врз Француската централизирана држава.

Главен недостаток на овој вид на управување е добра волја на регионалните претставници на Владата отколку регионалните потреби. Нееднаквостите во образованието, здравствената заштита или траспортните врски во регионите допринеле за нееднаков економски раст помеѓу регионите, од една страна биле богатите Мадрид, Каталонија и Баскија, а од друга страна сиромашните Екстремадура, Галиција и Андалузија. Некои региони, како Екстрамадура, немале универзитети.

Регионите Баскија и Каталонија биле меѓу оние кој му дале најсилниот отпор на Франко во текот на граѓанската војна. Франко ја поништил автономија на овие два региони, кој ја добиле за време на втората Шпанска Република, како и на Галиција. Франко ги укинал вековните фискални привилегии и автономијата во две од трите баскиски провинции: Гуиппузкоа и Бискеј, но ја зачувал за Алава која застанала на страната на националистите во граѓанска војна. Областа Навара, во која доминантен бил баскискиот јазик, во текот на граѓанската војна била на страна на Франко, отука Навара останала посебна област од Баскија и Франко ја потврдил фискалната привилегија и автономија т.н Fuero General de Navarra.

Смрта и погребот на Франко[уреди]

Гробот на Франко

Во 1969 година, Франко му доделил нова титула на Хуан Карлос, кои бил школуван од него во Шпанија, принц на Шпанија со што очигледно го поставил за свој наследник. Ова било изненедување за карлистичкиот претендент за шпанскиот претол, таткото на Хуан Карлос, дон Хуан - грофот на Барселона, кои имал првенствоно право на тронот. До 1973 година, Франко се откажал од должноста премиер, а се декларирал како шеф на државата и врховен командант на војската.

Во неговите последни години од владеењето со Шпанија, дошло до заслилување на тензијата помеѓу различните фракции во Националното движење, кои започнале борба за превласт. На 19 јули 1974 година, поради тоа што остарениот Франко имал различни здравствени проблеми, Хуан Карлос бил именуван за вршител на должноста - шеф на државата. Франко наскоро закрепна и на 2 септември ги продолжил своите обврски како шеф на државата, но една година подоцна, неговата здравствена состојба се влошила, вклучувајќи ја и долга борба со Паркинсоновата болест. На 30 октомври 1975 година, Франко паднал во кома и бил ставен на апарати за одржување на виталните функции. Франко умрел по полноќ на 20 ноември 1975 година, на 82 година возраст.

Шпанскиот крал Хуан Карлос I решил да го закопа во Долина на паднатите, колосален споменик во чест на сите паднати во текот на Шпанската граѓанска војна. Споменикот бил дизајниран по наредба на Франко и имал јасен националистички тон. На неговиот погреб присуствувале чилеанскиот диктатор Аугусто Пиноче и боливискиот диктатор Хуго Банзер.

Франковото наследство[уреди]

Франков споменик на ѕид во Авила, Шпанија
Коњанички споменик на Франко

Најсигурниот Франков наследник, Луис Кареро Бланко бил убиен во 1973 година во терористички напад на ЕТА. По смрта на Бланко, наследник на Франковата титула бил шпанскиот крал Хуан Карлос I. Иако тој ги имал сипатиите на Франко, сепак Хуан Карлос I имал либерални и поинакви погледи за иднината на Шпанија.

Хуан Карлос I наместо да ја продолжи политиката на Франко, по доаѓањето на власт започнал да ја обновува демократијата во и одржал демократски избори во 15 јуни 1977 година, а исто така помогнал во задушувањето на воениот пуч од 1981 година.

Од страна на Доминик Гомез (самопрогласен папа под името Григур XVII) од Палмаријанската католичка црква (десничарска католичка црква), Франциско Франко бил прогласен за светец, но неговата канонизација не била призната од Римокатоличката црква

Во 2005 година, социјалистичката влада започнала процез за откривање на масовните гробници на Франковиот режим. Денес постои официјално признавање за сторени злосторства од страна на Франковиот режим во текот на Шпанската граѓанска војна. Некои Франкови споменици и симболи на неговиот режим се отсранети. Европската Унија започнала со преземање на чекори за нова резолуција и поправка на историските погледи за Франко [42]. Во Германија, легијата која била именувана по Вернер Молдерс, била преименувана бидејќи тој ја предводел ескадрилата која ја бомбардирала Герника.

Контроверзиите околу Франко, продолжуваат и денес. ББС во 2006 година објавил новисна вест за еден Пољак кој се воодушевувал на Франковата статуа и говорел дека Франко е спасител на светот [43]. Истата година бил донесен закон со кој се овозможува ексхумација на масовните гробници, оштета за жртвите на војната и Франковиот режим и давање на шпанско државјанство на припадниците на Интернационалнте бригади. Меѓудругото, се водат дискусии за семејното богатство на Франко (вклучувајќи многу недвижен имот наследен од Франко, како што се Pazo de Meirás, Canto del Pico или Палатата Cornide во Коруња). Се проценува дека семејството на Франко поседува околу 350,000,000-600,000,000 евра. Кога Франко бил болен, Кортезите изгласале пензија за неговата сопруга, Кармен Поло. Во времето на нејзината смрт во 1988 година, Кармен Поло добивала повеќе од 12,5 милиони пезети (четири милиони повеќе од Фелипе Гонзалес, тогашниот шеф на владата).

Предци[уреди]

Во популарните медиуми[уреди]

  • Espíritu de una Raza
  • Franco, ese hombre
  • Espérame en el cielo
  • ¡Buen Viaje, Excelencia!
  • 20-N: Los ultimos dias de Franco
  • MadreGilda

Извори[уреди]

  1. „Francisco Franco“. Spartacus.Schoolnet.co.uk. http://www.spartacus.schoolnet.co.uk/2WWfranco.htm. конс. 2 декември 2009. 
  2. Beevor, Anthony. The Spanish Civil War. London: Penguin, 1982. p 49.
  3. Beevor, Anthony. The Spanish Civil War. London: Penguin, 1982. p 51.
  4. "Batista's Boost", Time, January 18, 1943. Retrieved March 2, 2010.
  5. Sinova, J. La censura de prensa durante el franquismo/ The Media Censorship During Franco Regime. Random House Mondadori. ISBN 84-8346-134-X.
  6. Lázaro, A. James Joyce's encounters with Spanish censorship, 1939–1966. Joyce Studies Annual, 1 Jan 2001.
  7. Rodrigo, J. Cautivos: Campos de concentración en la España franquista, 1936–1947, Editorial Crítica.
  8. Gastón Aguas, J. M. & Mendiola Gonzalo, F. (eds.) "Los trabajos forzados en la dictadura franquista: Bortxazko lanak diktadura frankistan."
  9. Duva, J. Octavio Alberola, jefe de los libertarios ajusticiados en 1963, regresa a España para defender su inocencia Diario El País, 9 November 1998
  10. Spiegel Online International "Landmark Law Condemns Dictatorship." 11 January 2007 [1]
  11. Vidal y de Barnola, Luis Alfonso. Ortegal genealogy.
  12. Carmen Franco y Polo, 1. grofica Franco na thePeerage.com.
  13. Discurso de Franco a los cadetes de la academia militar de Zaragoza (španjolski)
  14. Revolución de 1934 (španjolski)
  15. Sobre la imparcialidad del historiador y otras cuestiones de teoría de la Historia (španjolski)
  16. Polémicas en El Catoblepas (španjolski)
  17. Manifesto de las palmas (španjolski)
  18. Santos Juliá, coord. Víctimas de la guerra civil, Madrid, 1999, ISBN 84-8460-333-4
  19. „Spanish Civil War“. „Enyclopædia Britannica“. Concise.britannica.com. http://concise.britannica.com/ebc/article-9379223/Spanish-Civil-War. конс. 2 март 2010. 
  20. La Memoria de los Nuestros (španjolski)
  21. Hugh Thomas, Španjolski građanski rat, 1977., New York: Harper & Row. ISBN 0-06-014278-2. str. 258
  22. Thomas piše, "radije ga pacificirati, nego ga uzdignuti." op. cit., str. 282.
  23. Thomas, op. cit., str. 282.
  24. Thomas, op. cit., str. 421.
  25. Thomas, op. cit., str. 356.
  26. Thomas, op. cit., str. 420–422.
  27. Thomas, op. cit., str. 424.
  28. Thomas, op. cit., str. 689–690.
  29. 29,0 29,1 29,2 The Goebbels Diaries, ed. Louis P. Lochner (London: Hamish Hamilton, 1948), 25 Oct. 1940, стр. 153.
  30. Meyers, William P.. „Pius XI and the Rise of General Franco“. III Publishing. http://www.iiipublishing.com/religion/catholic/popes/pius_xi_franco.html. 
  31. Sager, Murray (јули 2009). „Franco, Hitler & the play for Gibraltar: how the Spanish held firm on the Rock“. Esprit de Corps. архивирано од оригиналот на 8 јули 2012. http://archive.is/1ynt. 
  32. Aderet, Ofer. "World War II document reveals: General Franco handed Nazis list of Spanish Jews." Haaretz News Agency. 22 June 2010
  33. „The Franco Years: Policies, Programs, and Growing Popular Unrest“. „A Country Study: Spain“. Library of Congress Country Studies. http://lcweb2.loc.gov/frd/cs/estoc.html#es0034. 
  34. Laqueur, Walter Fascism: Past, Present, Future p. 13 1996 Oxford University Press]
  35. De Menses, Filipe Ribeiro Franco and the Spanish Civil War, p. 87, Routledge
  36. Gilmour, David, The Transformation of Spain: From Franco to the Constitutional Monarchy, p. 7 1985 Quartet Books
  37. Payne, Stanley Fascism in Spain, 1923–1977, p. 476 1999 Univ. of Wisconsin Press
  38. Payne, Stanley Fascism in Spain, 1923–1977, p. 347, 476 1999 Univ. of Wisconsin Press
  39. „Jack Alston Crichton“. spartacus.schoolnet.co. http://www.spartacus.schoolnet.co.uk/MDcrichton.htm. конс. 8 април 2010. 
  40. [2]
  41. El coche como símbolo del declive http://www.abc.es/hemeroteca/historico-14-11-2008/abc/Opinion/el-coche-como-simbolo-del-declive_911233353595.html
  42. Von Martyna Czarnowska, Almunia, Joaquin: EU komisija (4): Skok od pola godine, Weiner Zeitung, 17 февруари 2005.
  43. Europe diary: Franco and Finland, BBC, 6 јули 2006.

Дополнителни информации[уреди]

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]


Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Франциско Франко“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).