Дрога

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кофеин е најраспространетата психоактивна супстанца во светот.[1]
Цигарите се е една од најпродаваните дроги.[2]
Алкохолот е општоприфатена дрога во многу земји.
Канабис е често користена рекреативна дрога[3].

Дрога е природна или синтетичка хемиска супстанца која влијае на физиолошките и психичките (интелектуални, емоционални, мотивациони) функции. Повеќекратна употреба води кон навикнување или (психичка и/или физичка) зависност. Земањето на некои дроги (хероин, крек, кокаин) брзо предизвикува зависност, а наглото прекинување на нивната употреба предизвикува појава на апстиненцијален синдром.

Според Светската здравствена организција, дрога е "секоја супстанца, која е во состојба да, кога ќе се најде во жив организам, модификува една или повеќе негови функции и да по повторната употреба предизвика психичка или физичка зависност". Дрогите главно делуваат на вегетативниот нервен систем.

Зависноста од дрога се нарекува наркоманија.

Многу денешни дроги низ историјата се користеле како лекови (хероин, марихуана, хашиш, кокаин). Сумерите, Кинезите, Ацтеките и други народи користеле опиум, кокаин и халуциногени габи за отстранување на болки, зголемување на физичката издржливост на воините, како и во религиозни и други слични цели.


Поделба на дрогите[уреди]

Светска здравствена организација ја дава следната подела на психоактивните дроги:

Според начинот на кој дрогите се третираат во законските одредби, можат да се поделат на легални и илегални. Во легални дроги спаѓаат алкохолот и никотинот, како и многу лекови (пр. лекови за смирување, против болка, за спиење).

Според психоактивните ефекти дрогите можат да се поделат во три групи: психодепресори, психостимулатори и халуциногени.

Според зависноста дрогите се делат на тешки (опиум, морфиум, кодеин, хероин, кокаин, амфетамин...) и лесни (марихуана, хашиш, псилоцибин, мескалин).

Наводи[уреди]

  1. Deutscher Kaffeeverband (4 мај 2001). „Kaffee-Text 1/99“ (на германски) (PDF). http://www.kaffeeverband.de/pdf/kt1-99.pdf. конс. 14 декември 2007. 
  2. Според статистиките на "Food and Agriculture Organization", производството на кафе во 2006 година било 7,8 милиони тони, а на тутун 6,7 милиони тони.
  3. Lingeman, Drugs from A-Z A Dictionary, Penguin ISBN 0-7139-0136-5