Наркоманија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Цигара

Наркоманијата се смета како ментално-хигиенски и општествен проблем. Според пишувањата на старогрчките писатели (Хомер 2500 г. п.н.е), Елена, ќерката на Зевс, во виното ставала материја, а потоа им давала на војниците пред борбата, од што тие биле најхрабри и заборавале на болката и жалоста. Денес луѓе лаици и недоволно информирани мислат дека земањето дрога е мода или болест на современото човештво, што е многу погрешно. Денес изборот на дрога е многу голем, а и бројот на оние кои ја консумираат е многу голем. Така, и одгледувањето на дрогата е сè поголемо. Арапите уште во VIII век го прошириле одгледувањето мак сè до Индија и Кина, а хашишот бил прогласен за света билка бидејќи ги отворал патиштата во рајот. Наркоманите и нивното психичко здравје – Денес со сигурност можеме да кажеме дека се болни и несигурни луѓе, но и неспособни да го прифатат животот и да се замислат себе како самстојни личности. Освен честите разочарувања, кај нив се создава уште поголемо незадоволство и револт и кон општеството, како и кон себеси поради неуспехот и немоќта. Наркоманите ги сметаат другите за старомодни. Ова се проектира и врз семејството со омаловажување од средината. Постои мислење, што е сосема прифатливо, дека наркоманите се емоционално незрели, несамодоверливи, невротичари, кои преку дрогата ја ублажуваат напнатоста и конфузноста одејќи во имагинарниот свет на сигурност и задоволство, не водејќи сметка дека тоа е само привремено, а дека со тоа проблемите не се решени. Денешново темпо и начинот на живот го прави современиот човек изолиран од неговата социјална средина. Спореед C3O (Светска здравствена организација ), наркоманијата е синдром кој се состои од следниве симптоми:

  • развиена е психичка и физичка зависност
  • несовладливи желби да се продолжи земањето дрога
  • со стремеж да се зголеми количеството дрога

Поради постојаното земање изложени се на хронично труење, бидејќи тоа е супстанција туѓа за организмот на човекот. Во почетокот земањето дрога не претставува трајна физичка и психичка зависност, но подоцна влегува во метаболизмот на клетките и без неа не може да живее. Постојат поголем број дроги кои денес се употребуваат (тие значат опасност), но сите дроги немаат наркотично дејство, па наркоманијата се заменува со токсикоманија – кој е поширок поим.
Дрогата може да се подели на:

  • дрога која предизвикува физичка зависност
  • дрога која предизвикува и физичка и психичка зависност.

Старосната структура е различна. Постарите најчесто се кријат, плашејќи се да не ги откријат и плашејќи се од мерките кои би следувале. Помладите се најчесто адолесценти кои бараат друштво за примање дрога во помали или во поголеми групи. Најчесто меѓу наркоманите постои врска поради набавувањето, но и поради начинот на живеење, често се во групи и го менуваат местоо на живеење е се облекуваат упадливо. Бидејќи дрогата е многу скапа, проблем се парите за купување, затоа расте криминалот од лица кои се дргираат. елта што сакаат да ја постигнат е бегство од реалноста, одење во светот на фантазијата, а во него наоѓаат мир, безгрижност и олеснување.
Според своите ефекти се разликуваат:

  • Морфиномани – можат морно да ја извршуваат својата работа бидејќи се расположени, зборлести и со добра работна способност. Кај хероинот, кој е дериват на морфиумот, е нагласен агресивен однос, Хероинот ги зголемува силата и самодовербата и често под негово дејство се вршат криминални дела-кражби, убивања – и претставува посебен проблем, главно се малолетници.

Доколку се прекине внесувањето дрога, се јавува апститенцијална криза, а чести се и смртните случаи поради предозирање од хероин. уѓето кои земаат кокаин се претерано плашливи, искажуваат немир, но се зборлести и активни, се развива слика на “кокаинско пијанство”. При пушење хашиш, по неколку минути доаѓа до добро расположение и до зголемено чувство на незадоволство. Се зголемува чувството за бои и звук и интелектуалната способност.

  • Амфетамин – како дрога најмногу ја користат студентите и спортистите, бидејќи ги намалува заморот, сонот и гладот. Дава чувство на зголемена интелектуална способност, дејствува на кората на големиот мозок. Амфетаминот доведува до психичка зависност, а има и примена во медицината. Голем е број на луѓе кај кои се применува како терапија.
  • Модерната дрога која е во експензија е LSD-25, халуциногена дрога која се употребува педесетина години. Создава голема психичка зависност. Според досегашниве искуства, LSD претставува вовед во морфиумот, а таа дрога предизвикува оштетување на хромозомите и наследувањето.

Поради можните позитивни ефекти кои се изразени осбено во почетокот, примањето дрога е опасно и брзо доведува до тешки оштетувања на црниот дроб и на мозокот, а со тоа се скратува и животот. Најголем број наркомани има во периодот на создавање – адолесценција. Поради тоа мерките за превенција се многу сложени, специгични и бараат соодветен пристап. За превенцијата е неопходно учеството на општеството. Со порастот на наркоманијата расте и бројот на заболените од SIDA. Превенцијата треба уште пред да дојде детето на свет, со постоење на посебни советувалишта за брачни партнери, за трудници, стручно водење на бременоста и создавање оптимални услови за развој на детето. За школските деца, адолесцентите и за младите е потребна посебна програма, организирање повеќе предавања на повеќе актуелни теми за нив, бидејќи тие се највулнерабилната (најранлива) категорија од нашата популација. Со поголема информација преку јавните гласила (радио и ТВ), поголемо ангажирање на здравствените служби, социјалните работници, педијатрите, психолозите, педагозите, на Црвениот крст и др.

Лекување[уреди | уреди извор]

Лекувањето на наркоманите е тешко и долго. Околу 90% лекувани наркомани во рок од 6 месеци повторно и се враќаат на дрогата. Постојат два вида наркомани кои се лекуваат:

  • едни се принудени да дојдат и кај нив ефектот е мал
  • вторите се оние кои доброволно доаѓаат и кај нив ефектот е подобар.

Во современата концепција кај спречувањето на наркоманијата постои:

  • рано откривање на лицата наркомани
  • лекување на заболените
  • спречување на илегално ширење на дрогата
  • прекинување на веригата за внесување дрога од надвор
  • спречување секакво производство на дрога во нашава земја
  • поголема контрола на лицата кои се задолжени за наркотичните средства
  • строго почитување на пропишаните норми за наркотични средства.

Во спротивно, строго спроведување на казнените мерки, се во интерес на менталното и телесното здравје на човекот. Порано во Европа пушењето се користело како тераписко средство, а не како средсрво за уживање поради неговото екцитативно дејство. Постоело мислење дека тутунот ги лекува речиси сите болести, според што го добил името “Herba panacea” Во тутунот се наоѓаат повеќе алкалоиди, а од нив најзначаен е никотинот. Никотинот е безбојна течност која лесно се раствора во органска растворувачи, а многу е значаен од токсиколошки поглед. Лесно се ресорбира во лигавицата на усната празнина, желудникот, цревата и во респираторниот систем. Детоксикацијата на никотинот се врши главно во црниот дроб. Неговите метаболитети се излачуваат преку урината, преку млечните жлезди и др. Никотинот влијае врз нервниот систем. Мали дози предизвикуваат недоразбирање, а поголеми ја намалуваат надразливоста. Треба да се истакне дека никотинот е јак отров. Труење од никотин се јавуваат и при акутно и хронично земање. Акутната форма настанува ако за кратко време се испушат повеќе од 15 цигари. Многу е значајно хроничното труење, бидејќи штеното дејство на никотинот е повеќекратно. Многу студии говорат дека најмалку 96% оперирани од карцином на белите дробови биле пушачи. Значи, причина за карцином на белите дробови е пушењето. Никотинот може да предизвика нарушување во гениталните органи кај жените и мажите. Работниците во фабрките за тутун се аменореични (отсуство на менструалниот циклус, крвавење) или имаат нередовен менструален циклус. Кај трудниците е поголем бројот на спонтани абортуси, се раѓаат деца со мала телесна тежина. Треба да се истакне дека пушачите спаѓаат во редот на високоризични групи за настанување на инфаркт поради јаглеродниот моноксид кој се создава при согорување на тутунот, кој доведува до анемизација на ендотелот од крвните садови, при што се таложат масти и неоргански материи, се создаваат “плаки”. Содржината на полониум 210 во цигарите може значајно да ја зголеми дозата на зрачење на белите дробови и да биде блажен фактор за појавата на рак кај пушачите. Се нарушува функцијата на различни ензими (ферменти), се појавува анемија.

Наркоманијата како мотив во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Наркоманот се суши“ (англиски: Junkie's Runnin' Dry) - песна на американската рок-група Operation Ivy.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]