Фарски Острови
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Фарските Острови (фарски: Føroyar, со значење "Овчи Острови", дански: Færøerne) се група на острови во Атлантскиот Океан, помеѓу Шкотска, Норвешка, и Исланд. Тие се автономен регион на Кралството Данска од 1948, и со текот на времето, ги имаат во своја надлежност повеќето области, освен одбраната (немаат сопствена војска, која е одговорност на Данска, освен мали Полициски Сили и Крајбрежна Стража) и надворешни работи.
Фарските Острови имаат традиционални врски со Исланд, Шетландските Острови, Оркниските Острови, Надворешните Хебриди, и Гренланд. Архипелагот бил одвоен од Норвешка во 1815. Фарските Острови имаат свој претставник во Нордискиот Совет.
Од 18 острови, само едно (Лујтла Дујмун), е потполно ненаселено. Најголем и главен град е Торсхавн, кој брои околу 19,000 жители. Основната религија е протестантство. Фарците се занимаваат главно со риболов, како и овчарство. Островите се познати по својата богата фауна.
Надворешни врски [уреди]
- Официјално мрежно место
- Официјална туристичка страница
- Фотографии од Flickr поврзани со Фарските Острови
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Фарски Острови“ |