Индекс на човековиот развој

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Индексот на човековиот развој (ИЧР) е показател кој се пресметува преку нормализирани вредности на очекуваниот животен век, писменоста, образованието и БДП по глава на жител за населението во една земја. Тоа е стандарден начин за пресметување на човековиот развој во една земја, концепт кој според УНДП би требало да ги прошири опциите на луѓето и да им даде поголеми можности за образование, здравствена заштита, приходи, вработување, итн. Основен начин на употреба на ИЧР е да ги рангира земјите според тоа дали се развиени, во развој или неразвиени.

ИЧР бил развиен во 1990 од пакистанскиот економист Махбуб ул Хак и Ричард Џоли од универзитетот Јејл од САД, со помош на Густав Ранис и Мегнад Десаи. Од 1990 се употребува од Обединетите нации во нивниот годишен извешта за човеков развој.

ИЧР комбинира три фактори:

  • Очекуван животен век при раѓањето, како показател на здравјето и долговечноста на популацијата,
  • Знаење и образование, мерено преку писменоста на возрасните (како 2/3 од тежината) и вкупното запишување во примарно, секундарно и терцијарно образование (како 1/3 од тежината),
  • Животниот стандард, изразен преку природен логаритам од бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител во УСД.

Вредноста на ИЧР може да се движи од 0 до 1. Вредности под 0,5 се смета дека претставуваат низок степен на развој на земјата. Сите земји со ИЧР под 0,5 се во Африка. ИЧР од 0,8 и повеќе се сметаат за развиени. Ова ги вклучува сите развиени земји од Северна Америка, Западна Европа, Источна Азија, како и некои земји во развој од Источна Европа. Седум земји, меѓу кои и Македонија, од 2007. година преминале во оваа група.

Во продолжение се дадени првите 30 земји во светот како што се рангираат според ИЧР во извештајот на ОН за 2007/2008:

  1. Знаме на Исланд Исланд 0,968 ()
  2. Знаме на Норвешка Норвешка 0,968 ()
  3. Австралија Австралија 0,962 ()
  4. Знаме на Канада Канада 0,961 ( 2)
  5. Знаме на Ирска Ирска 0,959 ( 1)
  6. Знаме на Шведска Шведска 0,956 ( 1)
  7. Знаме на Швајцарија Швајцарија 0,955 ( 2)
  8. Flag of Japan (bordered).svg Јапонија 0,953 ( 1)
  9. Знаме на Холандија Холандија 0,953 ( 1)
  10. Знаме на Франција Франција 0,952 ( 6)
  1. Знаме на Финска Финска 0,952 ()
  2. Flag of the United States.svg САД 0,951 ( 4)
  3. Знаме на Шпанија Шпанија 0,949 ( 6)
  4. Знаме на Данска Данска 0,949 ( 1)
  5. Знаме на Австрија Австрија 0,948 ( 1)
  6. Знаме на Белгија Белгија 0,946 ( 4)
  7. Знаме на Велика Британија Велика Британија 0,946 ( 1)
  8. Знаме на Луксембург Луксембург 0,944 ( 6)
  9. Нов Зеланд Нов Зеланд 0,943 ( 1)
  10. Знаме на Италија Италија 0,941 ( 3)
  1. Знаме на Хонг Конг Хонг Конг 0,937 ( 1)
  2. Знаме на Германија Германија 0,935 ( 1)
  3. Израел Израел 0,932 ()
  4. Знаме на Грција Грција 0,926 ()
  5. Сингапур Сингапур 0,922 ()
  6. Знаме на Јужна Кореја Јужна Кореја 0,921 ()
  7. Знаме на Словенија Словенија 0,917 ()
  8. Знаме на Кипар Кипар 0,903 ( 1)
  9. Знаме на Португалија Португалија 0,897 ( 1)
  10. Брунеи Брунеи 0,894 ( 4)

[уреди] Поврзано

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици