Западноевропско време

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Часовни појаси во Европа:
сино Западноевропско време (UTC+0)
Западноевропско летно време (UTC+1)
светлосино Западноевропско време (UTC+0)
црвено Средноевропско време (UTC+1)
Средноевропско летно време (UTC+2)
жолто Источноевропско време (UTC+2)
Источноевропско летно време (UTC+3)
портокалово Калининградско време (UTC+2)
зелено Московско време (UTC+3)
Со светли бои се обележани земјите кои не сметаат летно време: Алжир, Тунис, Исланд и Русија.

Западноевропското време (крат. WET од англиски: Western European Time; UTC±00:00) — часовен појас што опфаќа делови од западна и северозападна Европа. Појасот го користат следниве земји и региони:

Сите горенаведени земји освен Исланд применуваат летно сметање на времето, што значи дека се префрлаат на западноевропско летно време (WEST, UTC+1), кое е еден час понапред. Во Британија ова се нарекува „британско летно време“.

Појасот во теорија се протега од 7,5° ИГД до 7,5° ЗГД (0° ± 7,5°), но WET не се применува во Холандија, Белгија, Луксембург, Франција, Гибралтар и Шпанија, кои користат средноевропско време (CET), иако сите тие се целосно (освен дел од Франција) западно 7,5° ИГД. Обратен случај се Исланд и Источен Гренланд, кои се вклучени во WET иако обете се западно од 7,5° ЗГД.

Во минатото[уреди]

Западноевропското време во минатото се користело и во други европски земји, земајќи го тогашниот Париски меридијан како појдовна линија:

Наводи[уреди]

  1. „Еден час помалку во Канарија: Историско-правен осврт“. Универзитет на Лас Палмас де Гран Канарија. 2006. http://mdc.ulpgc.es/cdm/singleitem/collection/tebeto/id/161/rec/7. конс. 7 декември 2012.  (шпански)
  2. „Часовни појаси во Португалија“. Statoids. http://www.statoids.com/tpt.html. конс. 18 октомври 2011.  (англиски)

Поврзано[уреди]