Нагорно-Карабах

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Нагорно-Карабах / Լեռնային Ղարաբաղ / Dağlıq Qarabağ
Flag of Nagorno-Karabakh.svg Coat of arms of Nagorno-Karabakh.png
Знаме Грб
Химна: Азат у Анках Арцах
("Слободен и независен Арцах")
Локација на Нагорно-Карабах
Политички статус Непризнат
Јазици ерменски
Главен град Степанакерт (Ксанканди)
Претседател Аркадиј Гукасјан
Премиер Анушван Даниелјан
Независност
 – Референдум
 – Прогласена
 – Признавање
од Азербејџан
 10 декември, 1991
 6 јануари, 1992
  непризната
Површина 4,400 km²
Население3
Етнички групи4
 
145,000 (проц. 2002)
Над 95% Ерменци
5% малцинства
Валута Драм (ерменски)
Временска зона UTC +4
Повикувачки број 374 97 (Карабахска мобилна мрежа)
Nagorno karabakh republic.png

Нагорно-Карабах или Горен Карабах (ерменски: Լեռնային Ղարաբաղ Հանրապետություն, Lernayin Gharabaghi Hanrapetut’yun) е де факто независна република во Јужниот Кавказ, официјално дел од Република Азербејџан, околу 270 километри западно од азербејџанскиот главен град Баку, и многу блиска до границата со Ерменија.

Регионот е познат по повеќе имиња: рускиот назив е Нагорни Карабах и тој потекнува од советскиот период ("нагорни" означува висок или планински на руски), ерменскиот назив е Арцах (историска област што приближно соодветствува со денешниот регион), додека пак азербејџанскиот назив е Карабах (кој означува Црна градина, од турското кара = црна и персиското бах = градина).

Во 1923, Советскиот Сојуз го инкорпорирал регионот кој е претежно населен со Ерменци во Азербејџанската ССР и го именувал како Нагорно-Карабахска Автономна Област (НКАО). На 10 декември 1991, како што Советскиот Сојуз се распаѓал, во НКАО и во соседниот округ Шахумијан бил одржан референдум на кој била прогласена независност од Азербејџан како Нагорно-Карабахска Република (НКР), која не е призната од ниту една меѓународна организација или држава, вклучувајќи ја и Ерменија.

Во последните години на распаѓањето на Советскиот Сојуз, регионот станал причина за спор помеѓу Ерменија и Азербејџан, кулминирајќи со војната во Нагорно-Карабах. По примирјето постигнато со руска помош на 12 мај 1994, најголемиот дел од Нагорно-Карабах и неколку региони на Азербејџан околу него се под контрола на војската на Ерменија, а НКР се здобива и со де факто посебна влада. Од тогаш, страните водат мировни разговори со посредство на ОБСЕ Групата Минск.