Катар
Катар (арапски: قطر), или официјално Држава Катар (دولة قطر), е држава во Југозападна Азија. Се наоѓа на полуостровот Катар. Главен град е Доха. Го опфаќа малиот полуостров на западниот брег на Персискиот залив и неколку соседни островчиња. На југ се граничи со Саудиска Арабија, а на запад по море се граничи со Бахреин. По државно уредување е апсолутна монархија - емират.
Во последните 150-ина години, во политиката на Катар доминира семејството Ал-Тани, од коешто потекнува и сегашниот емир. По крајот на британскиот протекторат во 1971, земјата не се приклучува во Обединетите Арапски Емирати, одбирајќи целосна независност.
Најзастапена религија е исламот. Јазикот на мнозинството од населението е арапскиот, односно неговиот локален дијалект. Голем број од жителите се странски државјани на работа во индустријата на нафта и на земен гас.
Со нафтената индустрија доминира доминира владата. Приходите од продажбата на нафта овозможија подобрување на животниот стандард и воведување на социјална држава, слична на оние во Европа. Во 2003, БДП по семејство бил 21 500 американски долари.
Катар е седиште на познатата арапска ТВ-станица Ал-Џазира. Во последно време, земјата забрзано се демократизира. Локални избори првпат се спроведени во 1999, а собраниски избори во 2005.
Содржина |
[уреди] Етимологија
Според одредени историски извори, името на државата доаѓа од името на античкиот град „Катара“ или Катари, важен трговски град. Зборот Катар, за прв пат се појавил на птоломејска карта за Арапскиот полуостров.
Во стандардниот арапски јазик името се изговара како [ˈqɑtˁɑr], додека локално името се изговара како [giṭar].
[уреди] Историја
Скорешни археолошки истражувања укажуваат дека на работ на островот на запад од Катар имало човечки живот во праисторијата. Во текот на ископините, откриен е антички град од 6 милениум п.н.е. именуван како Шагра. На северо-исток од земјата се ископани исто така важни археолошки пронајдоци за животот на Катар во праисторијата.
Исламот се проширил на целиот Арапски полуостров во 7 век, отфрлајќи ги старите верувања.
После вековна отоманска и британска доминација, Катар станал независна држава на 3 септември 1971, но како ден на слободата во Катар се слави 18 декември.
[уреди] Географија и клима
Катарскиот полуостров е долг 161 километар. Поголемиот дел од земјата е покриена со песок и со ниски треви. На југот од земјата се наоѓа Хор ал Адаид или во превод „внатрешно море“- територија со дини.
Највисоката точка на Катар е Кураин Абу ал Бавл со 103 метри надморска височина и се наоѓа на запад од земјата.
[уреди] Политички систем
Политичкиот систем на Катар е апсолутна монархија, каде Емирот на Катар е шеф на државата и претседател на владата.
| Емир | Премиер |
|---|---|
| Хамад бил Халифа | Хамад ибн Џабер ал Тани |
| од 27 јуни 1995 | 3 април 2007 |
[уреди] Право на религиска определба
Владата на Катар ги користи сунитските закони како основа за криминалните и граѓанските регулативи. Во државата се почитува одредена религиска толеранција. Странските граѓани имаат право да се поистоветуваат со други религии освен Исламот, како на пример Христијанството, Хиндуизмот, Сикизмот или Будизмот, сè додека тие не се приватни работи и не го нарушуваат „јавниот ред“ и „морал“. Во март 2008 година црквата „Нашата дама од Розари“ била осветена во Доха. Сепак, таму не биле дозволени мисионери, не се дозволиле ѕвона, крстови и останати христијански симболи на објекот.
[уреди] Рамазански пости
Јадење и пиење на јавни места за време на светиот муслимански месец Рамазан се казнува со закон во Катар и најчесто следува притвор.
[уреди] Алкохол и храна
Конзумирањето алкохол во Катар е дозволено но со голем број ограничувања. Луксузните хотели и ноќни клубови може да продаваат алкохол на возрасни лица кои не се Муслимани. Конзумацијата и поседувањето алкохол надвор од наведените места не е легално, освен во приватни простории каде лица кои не се Муслимани имаа стекнато дозвола за истото од Катарската дистрибутивна компанија. На јавните места не смее да се има алкохол, освен кога се пренесува од едно место до друго, но и тпогаш треба да се има дозвола. Со закон се казнува возење во пијана состојба, понудување алкохол на малолетен или Муслиман и пиење на јавно место. Исто така во државата не е дозволен увоз на свинско месо и нема продажба на свински производи, поради исламските вредности.
[уреди] Сексуална ориентација
Кон хомосексуалноста во Катар се гледа негативно и општеството и јавноста не ги одобрува. Аналниот секс во државата се смета за нелегален и може да доведе до казна затвор од пет години. Сексуалната ориентација и половите идентитети не се дел од ниту еден граѓански закон за човекови права и во државата не се признати истополовите бракови, граѓанските сојузи или домашните партнерства.
[уреди] Административна поделба
До 2004 година, Катар бил поделен на 10 општини:
Од 2004 година, Катар е поделен на седум општини.[4] Така се создала новата општина Дајен во Резолуцијата бр. 13,[5] со спојување делови од Ум Салал и Хор. Исто така Гуварија била споена со Хор, Џумалија била споена со Рајан и Џарајан ал Батна била поделена меѓу Рајан и Вакра.
[уреди] Економија
Пред да се открие нафтата, економијата на Катар се фокусирала на риболов и производство на бисери. По појавувањето на јапонските бисери, овој бизнис во Катар пропаднал. Во 1940-те се открила нафтата и тоа било проследено со реконструкција на економијата која се базирала на нафтата. Денес, Катар има висок стандард на живеење и една од најбогатите земји во светот.
[уреди] Население, јазик и религија
[уреди] Религија
Исламот е доминантна религија во Катар со околу 77.5% од населението. Од муслиманското население, сунити се околу 98%. Останатиот процент од населението се христијани, шиити, хиндуси и будисти. Хиндусите се скоро сите од Индија, додека будистите се од јужна, југоисточна и источна Азија.
[уреди] Население
Поголемиот дел од населението се етнички арапи. Покрај арапите, има и население од останати националности кои мигрирале во Катар за да работаат во нафтената индустрија. Арапскиот јазик е официјален јазик, но англискиот е исто така многу зборуван во Катар. Покрај овие два јазика во Катар се зборуваат и хинди јазик, пашто, малајалам, урду и други.
| Година | Население |
|---|---|
| 1908 | 26.000 - 27.000[6] |
| 1939 | 28.000[6] |
| доцни 1960-ти | 70.000[7] |
| 1986 | 369.079 |
| 1997 | 522.023[8] |
| 2000 | 744.483 |
| 2001 | 769.152 |
| 2002 | 793.341 |
| 2003 | 817.052 |
| 2004 | 840.290 |
| 2005 | 863.051 |
| 2006 | 885.359 |
| 2007 | 907.229 |
Населението во Катар денес е околу 1.650.000.[6][9][10][11]
[уреди] Култура
Катарската култура е многу слична со културата на останатите арапски земји во тој регион. Арапските племиња од Саудиска Арабија мигрирале во Катар и поради тоа културата е слична со околните држави.
[уреди] Наводи
- ↑ „Populations“. Qsa.gov.qa. http://www.qsa.gov.qa/QatarCensus/Populations.aspx. проверено на 2010-10-02.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Qatar“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2011/01/weodata/weorept.aspx?sy=2008&ey=2010&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=453&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=35&pr.y=6. проверено на 2011-04-21.
- ↑ „Human Development Report 2010“. United Nations. 2010. http://hdr.undp.org/en/media/HDR_2010_EN_Table1.pdf. проверено на 5 November 2010.
- ↑ Municipalities of Qatar, Statoids.com
- ↑ „AlDaayen Municipality“. Baladiya.gov.qa. http://www.baladiya.gov.qa/portal/page?_pageid=135,231041&_dad=portal&_schema=PORTAL&subTabIndex=5500&branchIndex=0&tabIndex=8000. проверено на 2010-03-28.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 The population of Qatar
- ↑ Qatar - Country overview, Location and size, Population, Industry, Mining, Manufacturing, Services, Tourism
- ↑ CGIS Home Page - Main Section
- ↑ Current population in Qatar, Doha
- ↑ CIA - The World Factbook - Qatar
- ↑ Qatar's population doubles since '04 - Politics & Economics - ArabianBusiness.com
[уреди] Видете исто така
[уреди] Надворешни врски
| Најдете повеќе за Катар на сестринските проекти на Википедија: | |
|---|---|
| Вики речник | |
| Вики книги | |
| Вики цитати | |
| Вики извор | |
| Заедничка ризница | |
| Вики вести | |
| Вики универзитет | |
- Qatar Living - вести и информации
- Катар во 1940
- Министерство за надворешни работи
- Статистички центар на Катар
- ILQ Вести и информации
- Шеф на државата и владата
- Катар на UCB
- Катарски Yellow Pages
|
||||||||||||||||||||||||||||||||
