Урду

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Урду јазик
اُردو
Ordu.jpg
Изговор [ˈʊrd̪uː]
Застапен во Пакистан, Индија,Фиџи, како и малцински јазик во САД, Обединетото Кралство, Германија, Канада, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Бахреин, Катар, Саудиска Арабија, Австралија, Авганистан, Норвешка, Јужна Африка, Маврициус, Гвајана, Малезија, Суринам, Тринидад и Тобаго и Мјанмар.
Подрачје Јужна Азија
Говорници 60 милиони (мајчин јазик) (2007)
180 милиони (вкупно)  
Јазично семејство
Писмо Урду азбука (насталик)
Статус
Службен во Пакистан Пакистан
Индија Индија (само 5 држави)
Фиџи Фиџи
Регулативен орган Агенција за национален јазик, (Пакистан);
Национален совет за промоција на урду, (Индија)
Јазични кодови
ISO 639-1 ur
ISO 639-2 urd
ISO 639-3 urd

Урду (pronunciation , اردو, транс. Urdū, историски Ordu) е дел од групата на централните јазици на индоариските јазици. Јазикот е официјален во Пакистан еден од 23 официјални јазици во Индија. Зборовниот фонд на јазикот се развил врз база на санскритскиот, персискиот, арапскиот и турските јазици. Јазикот почнал да се создава за време на султанатот Делхи и мугалската империја во Јужна Азија[2].

Научниците независно го карактеризираат јазикот како стандарден како дел од хиндистанските јазици[3]. Граматичкиот опис на оваа статија е базиран на стандардниот урду јазик. Општо гледано, терминот урду може се однесува кон дијалекти на хиндустански отколку стандардната верзија на јазикот. Оригиналниот јазик на мугалите бил турскиот јазик, но со доселувањето во Јужна Азија го прифатиле персискиот јазик а подоцна и урду јазикот. Името на урду се верува дека доаѓа од турскиот збор ордо. На почетокот се нарекувал Забан-е-орду или јазикот на војската, а подоцна се нарекувал едноставно урду.

Стандардниот урду јазик е еден од дваетсетте најголеми јазици покрај сите јазици. Тој е еден од 23 официјални јазици во Индија и е национален јазик на Пакистан.

Урду јазикот често е споредуван со хинди јазикот, другата стандардизирана форма на хиндистанскиот јазик[4]. Главната разлика помеѓу двата јазика е тоа што урду се пишува со писмото насталик и зборовите се под влијание на арапски и персиски јазик[5] додека стандардниот хинди јазик се пишува со деванагари и зборовите се под влијание на санскритски јазик[6][7]. Според одередени научници и лингвисти, урду и хинди се два стандарди на еден ист јазик[8] а од друга страна, други ги класифицираат посебно поради социолингвистички причини.[9].

Распространетост[уреди]

Поврзано: Јазици во Пакистан и Јазици во Индија

Има околу 60 до 80 милиони зборувачи на јазикот. Според Ethnologue, Хинди е петтиот најголем јазик во светот[10]. Според статијата на Џорџ Вебстер, Хинди/ урду јазикот е четвртиот најзборуван јазик во светот со околу 4.7% од вкупното светско население веднаш зад кинески јазик, англиски јазик и шпански јазик[11].

Поради сличноста на урду со хинди, луѓето од двете држави можат да се разберат меѓу себе. Поради вакавата состојба лингистите ги ставаат во една група на јазици и ги нарекуваат дијасистем. Покрај лингвистичките сличности, јазиците се различни од аспект на социо-политиката. Исто така, поради теренот каде се зборува, јазиците можат да се поделат на дијалекти.

Во Индија, урду се зборува на места каде има поголем број на муслиманско население или градови кои биле дел од муслимански империи. Така јазикот во Индија се зборува во Утар Прадеш, Делхи, Бопал, Хајдерабад, Бангалор, Калкута, Мисоре, Патна, Аџемер и Ахемдабад[12]. Некои од индиските училишта држат настава на урду јазик. Во Индија постојат над 3.000 публикации на урду од кои 405 се весници.

Во Пакистан, урду се зборува од поголемиот број на урбани жители во државата. Исто така се зборува во сите покраини во Пакистан, покрај фактот дека се зборуваат и различни јазици од урду. Јазикот се изучува до средното образование во сите училишта на Пакистан и тоа довело до зголемување на бројот на говорители на јазикот бидејќи и луѓето што ги зборувале панџаби, паштунски или синди јазиците сега го разбираат урду јазикот. Голем број зборови се воведени во урду јазикот како резултат на регионалните јазици

Фразата Забан-е Урду-е Муала напишан на писмото насталик.

Покрај во овие две држави, јазикот се зборува и во:

Официјален статус[уреди]

Урду е еден од официјалните јазици во Индија[23]

Урду е исто така национален и официјален јазик на Пакистан. Јазикот се користи во образованието, литературата, судството итн. Покрај тоа што има многу јазици во Пакистан, урду е лингва франка во државата.

Дијалекти[уреди]

Урду има четири дијалекти: дахини, пинџари, рехта и модерен урду базиран на хариболи дијалектот. Социолингвистите го сметаат урду како еден од дијалектите на хинди-урду дијасистемот[24].

Дахини се зборува во регионот декан во јужна Индија. Тој се разликува поради мешавината на зборови со марати и телугу јазиците како и со арапскиот, персискиот и турскиот јазик. Кога станува збор за изговорот, најлесно се позната кога се изговара буквата "qāf" (ﻕ) како "kh" (ﺥ).

Модерниот урду јазик е форма на јазикот што се зборува околу Делхи и е дијалект што ги изгубил арапските и персиските зборови.

Азбука[уреди]

Буква Име на азбука МФА
ا alif /ɪ/,/ʊ/,/ɘ/,/ɑ/ во зависност од наредениот знак
ب be /b/
پ pe /p/
ت te /t̪/ (забно)
ٹ ṭe /ʈ/ (свиено)
ث se /s/
ج jīm /dʒ/
چ ce /tʃ/
ح baṛī he /h/
خ khe /x/
د dāl /d̪/ (dental)
ڈ ḍāl /ɖ/ (свиено)
ذ zāl /z/
ر re /r/
ڑ ṛe /ɽ/ (свиено вевно)
ز ze /z/
ژ zhe /ʒ/
س sīn /s/
ش shīn /ʃ/
ص su'ād /s/
ض zu'ād /z/
ط to'e /t/ (забно)
ظ zo'e /z/
ع ‘ain /ɑ/ по согласка; а подруго како /ʔ/, /ə/ или тивко.
غ ghain /ɣ/
ف fe /f/
ق qāf /q/
ک kāf /k/
گ gāf /g/
ل lām /l/
م mīm /m/
ن nūn /n/ или носна
و vā'o /v/, /u/, /ʊ/, /o/, /ow/
ہ, ﮩ, ﮨ choṭī he /ɑ/ на крај од зборот, инаку како /h/ или тивка.
ھ do cashmī he покажува дека претходната согласка е приздивна (/pʰ/, /t̪ʰ/, /ʈʰ/, /tʃʰ/, /kʰ/) или (/bʱ/, /d̪ʱ/, /ɖʱ/, /dʒʱ/, /gʱ/).
ء hamzah /ʔ/ или тивка.
ی choṭī ye /j/, /i/, /e/, /ɛ/
ے baṛī ye /eː/

Фонологија[уреди]

Двоуснени Уснено-
забни
Забно-
венечни
Свиени Заедно-
венечни
Задно-
непчени
Ресични Гласилни
Носни m n
Избувни p
b

t̪ʰ

d̪ʱ
ʈ
ʈʰ
ɖ
ɖʱ
k
g
q  
Слеани
tʃʰ

dʒʱ
Струјни f s z ʃ x ɣ ɦ
Вевни ɾ (ɽ)
(ɽʱ)
Приближни ʋ l j
Самогласки

Hindi vowel chart.png

Зборовен фонд[уреди]

Урду има богат зборовен фонд со потекло од хинди и од јазиците околни на Пакистан, така има зборови со арапско и персиско потекло. Исто така има и мал број на зборови од турско, [[Персиски јазик}португалско]] и англиско потекло. Повеќето позајмени арапски зборови имаат различно значење одошто правилното оригинално значење.

Примери[уреди]

Македонски Урду Транслитерација
здраво السلام علیکم assalāmu ‘alaikum
Здраво (возврат) و علیکم السلام wa'alaikum assalām
Догледање خدا حافظ Khuda hāfiz
да (разговорно) ہاں n
да (формално) جی
да (формално) جی ہاں jī hān
не (разговорно) نہ
не (формално) نہیں، جی نہیں nahīn, jī nahīn
ве молам مہربانی meharbānī
Ви благодарам شکریہ shukrīā
Ве молам влезете تشریف لائیے tashrīf laīe
Ве молам седнете تشریف رکھیئے tashrīf rakhīe
Мило ми е што ве сретнав اپ سے مل کر خوشی ہوئی āp se mil kar khushī hūyī
Дали зборувате англиски? کیا اپ انگریزی بولتے ہیں؟ kya āp angrezī bolte hain?
Јас не зборуван урду. میں اردو نہیں بولتا/بولتی main urdū nahīn boltā/boltī
Моето име е ... میرا نام ۔۔۔ ہے merā nām .... hai
Како до Лахор? لاھور کس طرف ہے؟ lāhaur kis taraf hai?
Каде е Лукнау? لکھنؤ کہاں ہے؟ Lakhnau kahān hai
Урду е добар јазик. اردو اچھی زبان ہے urdū achchhī zabān hai

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Речници[уреди]