Камбоџа

Од Википедија, слободна енциклопедија

Скокни на: навигација, барај

Камбоџа е држава во Југоисточна Азија. Се протега на полуостровот Индокина. Се граничи со Тајланд на запад и на северозапад, со Лаос на североисток и со Виетнам на исток и југоисток. На југ излегува на Тајландскиот Залив. Главен град е Пном Пен.

[уреди] Историја

Од 9-от до 15-от век Камбоџанското царство владее со голем дел од Индокина. Од 1863 до 1953 година, Камбоџа е протекторат на Франција. Независност добива на 9 ноември 1953 година, при што се конституира како монархија на чело со кралот Нородом Сиханук. Со разгорувањето на Виетнамската војна, Сиханук усвојува политика на неутралност. Во 1970 година е извршен државен удар при кој е соборен Сиханук и е прогласена Кмерската Република. Новата власт води проамериканска политиката, а соборениот монарх се поврзува со Пекинг и со Црвените Кмери.

На 17 април 1975 година Црвените Кмери го освојуваат Пном Пен и ја прогласуваат Демократска Кампучија. Режимот што го воведуваат комунистите претставува еден од најрепресивните режими во 20-от век и е одговорен за смртта на околу 1,7 милиони Камбоџанци.

Овој режим е соборен по поразот од Виетнам во Камбоџанско-виетнамската војна. Виетнам ја воспоставува Народна Република Кампучија и останува во Камбоџа до 1989 година. По неговото повлекување и по обновувањето на политичката стабилност на земјата, во 1993 година се одржуваат избори под покровителство на Обединетите Нации, а Нородом Сиханук е повторно поставен за крал.


Лични алатки
Други јазици