Паштунски јазик

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Паштунски јазик
پښتو paʂto
Зборуван во: јужна Централна Азија
Вкупно говорници:
Јазично семејство: Индоевропско
 Арјански јазици
  пашто јазик
   Паштунски јазик 
Официјален статус
Официјален јазик во: Авганистан Авганистан
Знаме на Пакистан Пакистан (провинцијалски)
Регулиран од: Академија на науки на Авганистан
Јазични кодови
ISO 639-1: ps
ISO 639-2: pus
ISO 639-3: варијанти:
pus — Pashto (generic)
pst — Central Pashto
pbu — Northern Pashto
pbt — Southern Pashto

Паштунскиот јазик (насх: پښتو‎ - МФА: [paʂ'to]), исто така познат и како авганистански,[1][2] е индоевропски јазик што се зборува во Авганистан и северозападен Пакистан[3]. Јазикот припаѓа во групата на индо-ирански јазици[4]. Пашту зборуваат околу 38 до 42 милиони луѓе во целиот свет[5]. Пашту јазикот е официјален и национален јазик на Авганистан.

Содржина

[уреди] Дијалекти

Како последица на лошиот терен на кој живеат паштунците, јазикот има многу акценти или дијалекти на паштунскиот јазик. Двата главни дијалекти се мекиот или јужен дијалект и тврд или северен дијалект. Пактика е грубо кажано границата помеѓу двата дијалекти. Поглавни карактеристики или разлики помеѓу дијалекти е во изговорот на следните две букви:

Јужен (Кандахар): [ʂ] [ʐ]
Југисточен (Куета): [ʃ] [ʒ]
Централен Ванеци (Тарин): [ʂ] [ʐ]
Централен Вазири (Вана): [ɕ] [ʑ]
Централен Хости (Хост): [x] [g]
Северозападен (Гилзај): [ç] [ʝ]
Северен (Нангархар): [x] [g]
Североисточен (Јусуфзај): [x] [g]

Разликите помеѓу јужните дијалекти и северните дијалекти се воглавно фонолошки и има едноставни разговорни правила. Морфолошките разлики помеѓу нив се многу мали и незначајни. Како и да е, централните дијалекти се лексиколошки поразлични и варираат од дијалект во дијалект. Јужниот дијалект од Кандахар е најконзервативниот дијалект во поглед на фонологијата. Паштунската азбука се базира на јужниот дијалект. Одредени дијалекти покажуваат многу архаични особини.

[уреди] Распространетост

Распространетост на паштунски јазик (во лилава боја).

Паштунскиот го зборуваат околу 27 милиони луѓе во западните покраини Северозападни предели, Белуџистан во Пакистан со околу 20 % од населението[6] и уште 11 милиони луѓе низ Авганистан, што ги прави околу 35% од населението на Авганистан[7]. Покрај Пакистан и Авганистан, значајно паштунско население има и во Иран.

[уреди] Официјален статус

Паштунски е национален јазик на Авганистан и официјален јазик во државата. Јазикот се користи од авганистанската администрација, образованието, телевизиите и религиозните институции.

[уреди] Систем на пишување

[уреди] Паштуанска азбука

Буквите на паштунската азбука се:[8][9]

ا ب پ ت ټ ث ج ځ چ څ ح خ د ډ ذ ر ړ ز ژ ږ س ش ښ ص ض ط ظ ع غ ف ق ک ګ ل م ن ڼ ه و ى ئ ي ې ۍ

[уреди] Букви карактеристични за паштунски

Следните букви се карактеристични само за паштунски јазик:

ټ، ځ، څ، ډ، ړ، ږ، ښ، ګ، ڼ، ې ،ۍ

[уреди] Петте јаса на паштунскиот јазик

Следните се петте јаса:

ی، ي، ې، ۍ، ﺉ

[уреди] Латинска паштунска азбука

Латинската паштуанска азбука е базирана на следните 41 графеми:

Aa ( َ ), Ââ (ا), Bb (ب), Cc (څ), Çç (چ), Dd (د), Ďď (ډ), DHdh (ذ), Ee (ې), Ëë (ہ), Ff (ف), Gg (ګ), Ģģ (غ), Hh (ه), Ii (ي), Jj (ژ), Kk (ک), Ķķ (خ), Ll (ل), Mm (م), Nn (ن), Ňň (ڼ), Oo (و), Pp (پ), Qq (ق), Rr (ر), Řř (ړ), Ss (س), Šš (ښ), Şş (ش), Tt (ت), Ťť (ټ), THth (ث), Uu ( ُ or و), Vv (ب or و), Ww (و), Xx (ځ), XHxh (ج), Yy (ى), Zz (ز), Žž (ږ)


[уреди] Граматика

Пашто е јазик што има реченици од типот П-П-Г (подмет-прирок-глагол). Придавките доаѓаат пред именките. За разлика од персиски јазик, именките на паштунски јазик имаат род (машки и женски) како и вообичаениот број на именки. Покрај ова, јазикот има и падежи и тие се: директив, облигатив I, облигатив II и вокатив. Глаголите ги разликуваат следните граматички времиња: сегашно време, субјунктив, минато време, минато продолжено време, сегашен перфект и минат перфект.

[уреди] Фонологија

[уреди] Самогласки

Предни Средни Задни
Затворени i u
Средни e ə o
Отворени a ɑ

Покрај овие ги има и дифтонзите /ai/, /əi/, /ae/, /ɑw/, /aw/.

[уреди] Согласки

Лабијални Дентални Алвеоларни [Ретрофлексивни Посталвеоларно Непчани Веларни Увуларни Глотални
Носни m n ɳ
Плозивни p b t d ʈ ɖ k g (q) ʔ
Фрикативни (f) v (θ) (ð) s z ʂ ʐ ʃ ʒ x ɣ h
Африкативни ts dz tʃ dʒ
Апроксимантни l j w
Вевни r ɺ̡

/f/, /θ/, /ð/, /q/ се наоѓаат само во странски зборови.

[уреди] Зборовен фонд

Повеќето од зборовите во паштунскиот јазик се од самиот тој јазик. Зборовите што се преземале низ историјата најчесто се од арапско потекло, а додека во последно време се преземаат и од персиски јазик.

[уреди] Примери

  • Забелешка- Следната транслитерација го претставува јужниот дијалект.

Примери со зборот "tlël" (оди):

Команда:

  • Wë šawanxi ta xa! (се изговара како 'dza')
  • (ти) Оди на училиште!

Сегашно:

  • (Zë) wë šawanxi ta xëm.
  • Јас одам на училиште.

Сегашен Перфект:

  • Wë šawanxi ta tlëlai yëm.
  • Јас имам отидено на училиште.

Минато:

  • Wë šawanxi ta wlâřëm.
  • Јас бев на улилиште.

Минат Перфект:

  • Wë šawanxi ta tlëlai wëm.
  • Јас имав отидено на училиште.

Минато Продолжено:

  • Wë šawanxi ta tlëm.
  • Јас одев на училиште.

Субвјунктив:

  • Cheh zë wë šawanxi ta tlëlai.
  • Јас би сакал да одам на училиште.

Прашања:

  • Cë nameže? или Stâ num cë dae? (Како се викаш?)
  • Çereh или çerta xe? (Каде одиш?)

[уреди] Надворешни врски

[уреди] Паштунски фонтови

[уреди] Наводи

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици