Киргистан

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Република Киргистан
Кыргыз Республикасы
Kyrgyz Respublikasi
Кыргызская Республика
Kyrgyzskaya Respublika
Знаме Грб
Геслонема
Главен град
(и најголем град)
Бишкек
42°52′N 74°36′E / 42.867°N 74.6°E / 42.867; 74.6
Службен јазик киргиски, руски
Демоним Киргизи, Киргистанци[1]
Уредување Привремена влада
 -  Шеф на привремената влада Роза Отунбаева
Независност од СССР 
 -  Прогласена 31 август 1991 
 -  Потполна 25 декември 1991 
Површина
 -  Вкупна 199.900 km2 (86та)
77,181 sq mi 
 -  Вода (%) 3,6
Население
 -  проценка за јули 2005 5.264.000 (111- та)
 -  Попис 1999 4.896.100 
 -  Густина 26/km2 (176та)
67/sq mi
БДП (ПКМ) проценка за 2005
 -  Вкупен $10.764 милијарда (134та)
 -  По жител $2.150 (140та)
Џини (2003) 30,3 (medium
ИЧР (2007) 0.696 (medium) (116та)
Валута Сом (KGS)
Часовен појас KGT (UTC+6)
НИД .kg
Повик. бр. 996

Киргистан или Киргизија (киргиски: Кыргызстан) е држава во Централна Азија, претежно планинска. Официјално име е Киргиска Република. Киргистан се граничи со Казахстан на север, Узбекистан на запад, Таџикистан на југозапад и со Народна Република Кина на исток. Главен град е Бишкек.

Содржина

[уреди] Етимологија

[уреди] Историја

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Киргистан.

[уреди] Рана историја

Според скорешните пронајдоци, киргистанската историја датира од 201 г п.н.е. Киргистанците живееле во горниот дел на долината на реката Енисеј во централен Сибир. Откритието на пазиричката и таштикската култура покажуваат дека се туркски номадски народ. Кинеските и муслиманските извори од 7 и 12 век ги опишуваат Киргизите како народ со црвена коса и со зелени и цини очи.

Потомците на Киргизите од автохтоното сибирско население е потврдено од друга страна пак со скорешните генетски истражувања. [2] Интересно е што 63% од машкото население на Киргистан делат хаплогрупа R1a1 (Y-DNA) со Таџикистанците, со Украинците 54%, со Полјаците 56% па дури и со Исланѓаните 25%. Хаплогрупа R1a1 (Y-DNA) се верува дека е обележувач на прото-индоевропските јазици и нивните говорители.

Киргистанската држава ја достигнала својата најголема експанзија после победувањето на Ујгурскиот канат во 840 година. Тогаш Киргизите набрзина се преселиле се до планинскиот венец Тиан Шан и имале контрола врз територијата цели 200 години. Во 12 век киргиската доминација се преместила до планината Алтај и до Сијанските планини како резултат на растење на монголската држава. Со растење на Монголската империја во 13 век, Киргизите мигрирале јужно.

[уреди] Руско влијание

Во раниот 19 век, јужниот дел на денешен Киргистан бил под контрола на Канатот од Коканд. Територијата позната на руски како Киргизија била вметната како дел на Руската Империја во 1876 година. Русите презеле неколку револти против царските власти, и многу од киргистанското население се преселило во Памир и Авганистан. Додатно на ова, репресијата врз немирот во 1916 резултирало со преселба на Киргизите и во Кина.

Многу од етничките групи во тој регион биле поделени помеѓу соседните држави, како што е и денес, каде што границите не биле толку добро повлечени и регулирани, било полесно за движење кон планините и враќање назад се со цел за подобар живот на Киргизите.

[уреди] Периодот под советска власт

Излог на поранешниот музеј Ленин (сега дел од националниот музеј)

Советската власт биле почетно основана во регионот во 1919 и бил формиран Кара-Киргиската автономна област во рамките на империјата. На 5 декември 1936 година Киргиската Советска Социјалистичка Република била основана како рамноправна членка во склоп на Советскиот Сојуз.

Во 1920-те години Киргистан значително се развил на културното, образовното и социјалното поле на општествениот живот. Литературата значително се развила и се основал стандардниот киргиски јазик. Економскиот и социјалниот развој исто така бил значителен. Многу аспекти на киргистанската национална култура биле користени покрај противењето на режимот на Сталин и како резултат на тоа имало доста тензии помеѓу властите и републиките. Во раните години на гласноста многу малку го зафатило политичкиот живот на Киргистан. Како и да е на издаваштвото во Киргистан му било дозволено да има поголема либералност и да основа нови публикации како што е Литератуни Киргистан издадено од Унијата на писатели. Неофицијално, политичките групи биле забранети, но неколку групи се развиле во 1989 година.

Во јуни 1990 избиле етничките тензии помеѓу Узбеците и Киргизите во областа Ош, каде што Узбекистанците се мнозинство. Тензиите се зголемувале и се вовела вонредна состојба. Тензијата траела до август 1990 година.

Раните 1990 години довеле значителни промени во Киргистан. Киргистанското демократско движење се преобразило во значителна политичка сила со поддршка од парламентот, Претседателот на Киргистанската академија на науки, Ашкар Акаев, бил избран за претседател во октомври 1990 година. Во јануари наредната година, Акаев вовел нова владеачка структура и назначил нова влада сосатена повеќето од млади реформирани политичари. Во декември 1990 година, Врховниот Совет изгласал за промена на името на републиката во Република Киргистан, а додека во 1993 година се смени името во Киргистанска Република. Во февруари 1991 година името на главниот град Фрунзе беше сменето со стариот назив Бишкек. Покрај сите овие промени што го зафатија Киргистан, економскиот развој се чинеа дека работаат против нив. Како резултат на тоа на референдум за зачувување на Советскиот Сојуз во март 1991 година 88.7% гласале за обновување на Советскиот Сојуз во реформирана федерација.

На 19 август 1991 година, кога Државниот комитет за безбедност се обиде да го лимитира Акаев во Киргистан, Акаев и премиерот Герман Кузнецов ја напуштија Комунистичката партија на Советскиот Сојуз и сите киргистански членови. Тое беше првиот чекор за прогласување на независноста и на 31 август 1991 година Киргистан ја проглси својата независност како суверена и самостојна држава.

По парламентарните избори во март 2005 година, претседателот Акаев беше приниден да поднесе оставка на 4 април 2005 година. Опозициските лидери формираа коалициска влада на чело со претседателот Курманбек Бакиев. На 6 април 2010 година избија нови протести против претседателот Бакиев. По овие протести, на 15 април 2010 Бакиев ја напуштил земјата и официјално дал оставка. По ова е формирана привремена влада на чело со поранешниот шеф на дипломатијата Роза Отунбаева во улога на нејзин шеф.

[уреди] Административна поделба

Киргистан е поделен на седум провинции или области (ед. oblast (область), мн. oblasttar (областтар)) водени од назначени гувернери. Главниот град е админитративно независен град (shaar) со еднаков статус со областите.

Провинции на Киргистан

Провинциите (областите) и главниот град се следните:

  1. Бишкек
  2. Баткенска област (Баткен)
  3. Чујска област (Чуи-Токмок)
  4. Жалалабадска област (Џалал-абад)
  5. Наринска област (Нарин)
  6. Ош област (Ош)
  7. Таласка област (Талас)
  8. Исик-кулска област (Каракол)

Секоја провинција се состои од неколку дистрикти (региони), водени од назначени владини претставници (akim). Руралните заедници (ayıl ökmötü) се состојат од 20 мали населби и имаат нивни избрани претставници.

[уреди] Географија и клима

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Киргистан.

[уреди] Политички систем

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политики на Киргистан.

[уреди] Економија

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Киргистан.

[уреди] Население, јазик и религија

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Киргистан.

Населението на Киргистан брои околу 5.2 милиони во 2007 година. Киргизи се 69% од населението, 14.5% се Узбеци, кои главно живеат на југот од земјата и 9% Руси, концентрирани на северот од земјата.

[уреди] Култура

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Киргистан.

[уреди] Наводи

[уреди] Видете исто така

[уреди] Надворешни врски

Влада

Преглед

Вести

Слики

Други линкови


Заедница на независни држави

Азербејџан | Белорусија | Грузија | Ерменија | Казахстан | Киргистан | Молдавија | Русија | Таџикистан | Туркменистан | Узбекистан | Украина

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици