Памир
| Памир | |
| Планински венец | |
|
Поглед на Памир од птичја перспектива
|
|
| Земји | Таџикистан, Киргистан, Авганистан, Пакистан, Кина |
|---|---|
| Региони | Горнобадахшанска АО, Вахан, Хајбер Пахтунхва, Гилгит–Балтистан, Сјинџианг |
| Највисока точка | Исмаил Самани |
| - височина | 7.495 м |
| - координати | |
Памир е планински венец во средна Азија што го образува вкрстувањето на Хималаите, Тјеншан, Каракорум, Кунлун и Хиндукуш. Се вбројува меѓу највисоките планини на светот и го носи прекарот „Покривот на светот“ (веројатно превод од персиски).[1]
На други јазици, венецот се нарекува: киргиски: Памир тоолору; персиски: رشته کوه های پامیر Реште Кух-хаје Памир; таџички: Кӯҳҳои Помир; паштунски: د پامير غرونه; ујгурски: پامىر ئېگىزلىكى; урду: پامیر کوهستان; хинди: पामीर पर्वतमाला; кинески: 葱岭 (мктр: „Цунглинг“),[2] но денес почесто 帕米尔 („Памиар“).
Кои сè планини влегуваат во венецот зависи од тоа како се сметаат оние што се надоврзуваат на други масиви.[3] Планините се протегаат претежно во Горнобадахшанската автономна област на Таџикистан и покраината Бадахшан во Авганистан. На север тие продолжуваат во масивот Тјеншан долж Алајската Долина во Киргистан. На југ се спојуваат со Хиндукуш по должината на Ваханскиот Коридор во Авганистан и Гилгит–Балтистан во Пакистан. На исток завршуваат на границата со Кина, но може да се смета и дека навлегуваат во венецот на Конгуртаг, кој понекогаш се смета за составен дел на Кунлун.
Содржина |
Geography [уреди]
Трите највисоки планини на Памир се Исмаил Самани („Сталинов Врв“ од 1932 до 1962 и „Врв на Комунизмот“ до 1998), со висина од 7.495 м; Ибн Сина (и денес неофицијално познат како „Ленинов Врв“), со висина од 7.134 м; и Корженевскаја, висок 7.105 м.[4]
На планините има доста глечери како што е Федченковиот Глечер долг 77 км, најдолг во некогашниот СССР и најдолг во светот вон поларните региони.[5]
Клима [уреди]
Планините се прекриени со снег во текот на целата година и се одликуваат со долги и многу студени зими и кратки, свежи лета. Годишното количество на атмосферски врнежи изнесува околу 130 мм, што значи дека вегетација е степска и има мошне малку дрва.
Стопанско значење [уреди]
Главна стопанска во подрачјето е овчарството, кое се одвива по планинските пасишта. Покрај ова, во западниот дел се експлоатира и јаглен.
Стратешка положба [уреди]
Памир во историјата играл значајна улога во караванскиот сообраќај меѓу Кашгар и Коканд по Северниот пат на свилата и затоа бил повод за чести борби за превласт над регионот. Северниот пат на свилата (долг 2.600 км) ја поврзувал древната кинеска престолнина Сјиан со западните краишта преку Памир, и водел до Кашгар, а потоа сè до Партија.[6] XX век бележи разни поважни настани во регионот. Тука се одвивала Таџикистанската граѓанска војна и се водел граничниот спор помеѓу Кина и СССР (1991). Подоцна во подрачјето се воспоставени воени бази на САД, Русија и Индија,[7] а во поново време постои поголем интерес за развој на трговијата и искористувањето на природните ресурси.[8]
Поврзано [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ PAMIRS - Енциклопедија Британика, XI изд. (1911) (англиски)
- ↑ 水經注 (цитирајќи од 西河舊事: ”蔥嶺在敦煌西八千里,其山高大,上生蔥,故曰蔥嶺也。“
- ↑ Памир - Голема советска енциклопедија (руски)
- ↑ „Таџикистан: 15 години независност“, Душанбе, 2006, стр. 8 (руски)
- ↑ Orographic Sketch Map: Karakoram: Sheets 1 and 2, Swiss Foundation for Alpine Research, Zurich, 1990
- ↑ „Пат на свилата, северна Кина“. megalithic.co.uk. http://www.megalithic.co.uk/article.php?sid=18006. проверено на 10 август 2009.
- ↑ „„Памирскиот јазол“ на Индија“. The Hindu. http://www.hinduonnet.com/thehindu/2003/11/11/stories/2003111101861200.htm. проверено на 3 август 2007. (англиски)
- ↑ „Западот е црвен“. Time. http://www.time.com/time/magazine/article/0,9171,1218611-1,00.html. проверено на 16 август 2007. (англиски)
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Памир“ |
- Туристичко здружение на Памир (англиски)
- Младински хостел „Кашгар Памир“ (англиски)
- Juldu.com - планинарски портал за Памир во Вахан и Авганистан (англиски)

