Каракорум

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Каракорум

Глечерот Балторо во среден Каракорум со Гашербрум I и II.
Највисока точка
Врв K2
Надм. височина 8.611 м
Coordinates 35°52′57″ СГШ 76°30′48″ ИГД / 
Географија
{{{base_caption}}}
Поглед на највисоките врвови на Каракорум од Меѓународната вселенска станица
Земји Пакистан, Индија и Кина
Сој. држ./Покраини Гилгит–Балтистан, Ладак и Сјинџианг
Координати 36°00′00″ СГШ 76°00′00″ ИГД / 36, 76
Се граничи со Ладачки Пл., Памир и Хиндураџ (Хиндукуш)

Каракорум (кинески: 喀喇昆仑山脉, пинјин: Kālǎkūnlún Shānmài; хинди: काराकोरम, Kārākōrama; урду: سلسلہ کوہ قراقرم) е голем планински венец што се протега низ пограничните краишта на Гилгит–Балтистан (Пакистан), Ладак (Индија) и регионот Сјинџијанг (Кина). Влегува во состав на поширокиот систем на Хималаи, но сепак северно од самиот венец.

Венецот има најголема концетрација на планини над 8.000 м на светот,[1] каде спаѓа вториот највисок врв во светот, К2 (8.611 м), кој е само 237 м понизок од Монт Еверест.

Каракорум е долг околу 500 км и се одликува со најголема покриеност со глечери во светот (вон поларните региони). Глечерите Сијачен (70 км) и Бијафо (63 км) се на второ и трето место по должина во светот вон поларните региони.[2]

На североисток венецот се граничи со Тибетската Висорамнина, а на север со Памир. Јужната граница ја образуваат (од запад кон исток) реките Гилгит, Инд и Шјок, што го одделуваат од северозападниот крај на самите Хималаи како што реките се спојуваат на југозапад кон рамниците во Пакистан.

Содржина

Највисоки врвови [уреди]

The notable peaks of the Karakoram are:

Најголемиот дел од највисоките врвови се наоѓаат во регионот Гилгит-Балтистан во Пакистан. Балтистан има над 100 врвови повисоки од 6.100 м.

Врвови со ознаката К [уреди]

Превои [уреди]

Поглед на Каракорум во Пакистан

Од запад кон исток, Каракорум ги има следниве превои:

Од сите овие премини, само Хундерџапскиот Превој е прооден за моторни возила. Единствениот друг премин во редовна употреба е Шишалскиот, но истиот не навлегува во друга држава.

Поврзано [уреди]

Наводи [уреди]

  1. BBC, Planet Earth, "Mountains", Part Three
  2. Федченковиот Глечер во Таџикистан е долг 77 км. Балторо и Батура во Каракорум се долги 57 км, како и Бруген и Пио XI во јужно Чиле. Измерено од снимки, руски топографски карти и делото Jerzy Wala,Orographical Sketch Map: Karakoram: Sheets 1 & 2 од Швајцарската фондација за планински истражувања од Цирих, 1990.

Литература [уреди]

Надворешни врски [уреди]