Меѓународна вселенска станица
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Меѓународната Вселенска Станица (англиски: International Space Station, ISS; руски: Международная Космическая Станция, МКС ) е прва вселенска станица градена од страна на повеќе држави преку нивна меѓународна соработка. Моментално ја сочинуваат 6 главни модули (по завршувањето на изградбата треба да ги има 16) и овозможува престој на 3 членови на постојаниот екипаж (од 2008 година постојаниот екипаж на станицата треба да го сочинуваат 6 членови). Првите модули на станицата беа лансирани на орбитата и меѓусебно повразни во 1998 година. Првиот постојан екипаж во станицата пристигна во 2000 година. Извор на енергија за МВС се сончевите колектори, а за транспорт на луѓе и материјали до станицата се користат американските вселенски летала Спејс Шатли(Space Shuttle) преку проектот СТС (Space Transportation System - Вселенски Транспортен Систем) како и руските вселенски летала Сојуз и Прогрес.