Инд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сателитска снимка на басенот на Реката Инд. Протекува низ Кина, Индија и Пакистан и се влева во Арабиското Море.


Реката Инд {Урду: سندھ Sindh; Синди: سنڌو Sindhu; пенџапски (سندھ, курмучки: ਸਿੰਧੂ); Хинду и Санскрит: सिन्धु; Персиски: Hinduحندو ; Паштунски: Abasin ّآباسن"Father of Rivers"; Тибетански: Sengge Chu "Lion River"; Кинески: 印度 Yìndù; е најдолгата и најважната река во Пакистан. Таа е и најдолгата река и трета најголема река, во однос на годишен проток, на Индискиот потконтинент. Британците го употребиле името „Индија“ за целиот потконтинент според оваа река. Извирајќи од Тибетската Висорамнина во близина на езерото Мансаровар, реката тече низ областа Ладак и северните делови на Пакистан, кон југ по целата должина на земјата, за конечно да се влее во Арапското Море во близина на пристанишниот град Карачи.

Вкупната должина на Инд е 3.180 км, а сливното подрачје е над 1.165.000 км2. Протокот на вода се проценува на 207 кубни километри годишно.

Почнувајќи од ледниците на „Покривот на светот“, реката го храни екосистемот на богати шуми, низини и пустински предели. Заедно со реките Ченаб, Рави, Сутлеј, Желум, Беас, и пресушената Сарасвати, Инд го формира „Сапта Синдум“ - седморечието во провинцијата Синд во Пакистан. Има вкупно 20 поголеми притоки.

Инд ги обезбедува потребите од вода за економијата на Пакистан - особено во земјоделскиот Пенџаб и Синд. Инд исто така ги задоволува и потребите за вода во тешката индустрија, а е и главен извор на вода за пиење во Пакистан.

Инд е една од малкуте реки во светот кои имаат прилив и одлив. Количината на вода во реката зависи во голема мера и од годишните времиња: значајно се намалува во зима, додека се излева во монсунскиот период - од јули до септември. Постојат и докази за постојано поместување кон запад на речното корито уште од предисторијата.