Таџички јазик

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Таџички јазик
тоҷикӣ, تاجیکی‎, tojikī 
Изговор: тоџики
Зборуван во: Таџикистан, Казахстан, Авганистан, Пакистан 
Регион: Централна Азија
Вкупно говорници:
Јазично семејство: индоевропски
 индо-ирански
  ирански
   западни ирански
    југозападни ирански
     Таџички јазик 
Писмо: Таџикистанска азбука 
Статус
Службен во: Таџикистан
Регулиран од:
Јазични кодови
ISO 639-1: tg
ISO 639-2: tgk
ISO 639-3: tgk

Таџичкиот јазик (таџикистански или таџички персиски) е модерна варијанта на персискиот јазик што се зборува во Централна Азија. Јазикот спаѓа во семејството на индоевропски јазици од иранската подгрупа на јазици. Јазикот е мајчин јазик на таџикистанците и е официјален јазик во Таџикистан. Поради историските и политичките причини, јазикот се одделил од порано истиот персиски јазик што се зборува во Иран и Авганистан. Јазикот добил посебна стандардизација и имал големо влијание од рускиот јазик. Таџикистанскиот се базирал на северозападниот дијалект околу градот Самарканд и поради тоа се чувствува и влијание од узбечки јазик.

Распространетост[уреди]

Најзначајните градови каде се збори таџички персиски јазик во Средна Азија се градовите Самарканд и Бухара, денес во Узбекистан. Во овие градови денес има значајно таџичко население, но има и на границата со Таџикистан. Според официјалните податоци на Узбекистан, во државата живеат околу 5% Таџици од вкупното население[1]. Ова не вклучува етнички Таџици кои од различни причини не се изјасниле како такви. За време на СССР Таџиците во Узбекистан имале две можности: или да останат во Узбекистан и да се пишат како Узбеци или да се преселат во послабо развиениот Таџикистан. .[2] Така, грубо гледано, околу 15 до 20 проценти од вкупното население на Узбекистан се Таџици.[3][4]

Во Таџикистан, 80% од населението се Таџици и персискиот јазик доминира во државата. Во северен Авганистан, Таџиците се доминантно население, каде во државата има 25% до 30% Таџици. Најголема дијаспора Таџиците имаат во Русија и во средноазиските држави.

Дијалекти[уреди]

Таџичките дијалекти се поделени на следните групи:

  1. Северни дијалекти (северен Таџикистан, јужен Узбекистан и Киргистан).
  2. Централни дијалекти
  3. Јужни дијалекти
  4. Југоисточни дијалекти

Фонологија[уреди]

Самогласки[уреди]

Предни Централни Задни
Затворени i u
Средни e o1
Отворени a

Согласки[уреди]

лабиодентални дентално/
алвеоларни
посталвеоларни непчани веларни увуларни глотални
носни м
/m/
н
/n/
експлозивни п б
/p/ /b/
т д
/t/ /d/
к г
/k/ /g/
қ
/q/
ъ
/ʔ/
фрикативни ф в
/f/ /v/
с з
/s/ /z/
ш ж
/ʃ/ /ʒ/
х ғ
/χ/ /ʁ/
ҳ
/h/
африкативни ч ҷ
/tʃ/ /dʒ/
вевни р
/r/
апроксимантни л
/l/
й
/j/

Писмо[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Таџичка азбука.

Во Таџикистан како и во останатите држави од поранешниот СССР, таџичкиот се пишувал со кирилица, иако до 1930 година се пишувал на латиница и на персиско писмо. Од 1928 до 1930 година се користела латиницата, но била заменета со кирилица која се користи и денес. Во 2008 министерот за култура на Таџикистан изјавил дека кога ќе се запознае целото таџикистанско население со персиската азбука, тогаш кирилицата и латиницата ќе бидат заменети со персиското писмо.[5]

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Uzbekistan. The World Factbook. Central Intelligence Agency (13 декември, 2007). Retrieved on 2007-12-26.
  2. Rahim Masov, The History of the Clumsy Delimitation, Irfon Publ. House, Dushanbe, 1991 (руски). English translation: The History of a National Catastrophe, transl. Iraj Bashiri, 1996.
  3. Bureau of Democracy, Human Rights, and Labor (23 февруари, 2000). „Uzbekistan“. „Country Reports on Human Rights Practices - 1999“. U.S. Department of State. http://www.state.gov/g/drl/rls/hrrpt/1999/369.htm. конс. 19 декември 2007. 
  4. Richard Foltz, "The Tajiks of Uzbekistan", Central Asian Survey, 15(2), 213-216 (1996).
  5. "Tajikistan may consider using Persian script when the conditions are met", interview of Tajikistan's Deputy Culture Minister with Iranian News Agency, 2 мај 2008.

Користена литература[уреди]

  • Ido, S. (2005) Tajik ISBN 3-89586-316-5
  • Korotow, M. (2004) Tadschikisch Wort für Wort. Kauderwelsch ISBN 3-89416-347-X
  • Lazard, G. (1956) "Caractères distinctifs de la langue tadjik". Bulletin de la Société Linguistique de Paris. 52. pp. 117--186
  • Lazard, G. "Le Persan". Compendium Linguarum Iranicarum. Wiesbaden. 1989.
  • Windfuhr, G. (1987) in Comrie, B. (ed.) "Persian". The World's Major Languages. pp. 523--546
  • Perry, J. R. (2005) A Tajik Persian Reference Grammar (Boston : Brill) ISBN 90-04-14323-8
  • Rastorgueva, V. (1963) A Short Sketch of Tajik Grammar (Netherlands : Mouton) ISBN 0-933070-28-4

Надворешни врски[уреди]