Татиски јазик
- За другиот ирански јазик со слично име видете татски јазик.
| Татиски јазик | ||
| تاتی | ||
| Застапен во | Иран | |
|---|---|---|
| Регион | Северозападен Иран | |
| Говорници | 220.000 Такестани [1] 28,100 Харзани (2000) |
|
| Јазично семејство |
индоевропски
|
|
| Јазични кодови | ||
| ISO 639-3 | Разни: tks – такестански xkc – хојниски hrz – харзандски rdb – рудбарски esh – ештехардски tov – таромски xkp – кабатејски |
|
|
|
||
Татискиот е ирански јазик, или група ирански дијалекти, кои се зборуваат во Иран. Јазикот е сроден со талишкиот јазик. Некои јазичари го именуваат јазикот како староазерски или староазарски бидејќи тука се зборувал јазикот пред расширувањето на турските народи низ Азија.
Содржина |
Карактеристики [уреди]
Фонетски гледано, јазикот е сличен со систе останати северозападни ирански јазици. Во јазикот има присуство на гласови *z, *s, *y-, * v-, а во јужните западноирански јазици присутни се гласовите d, h, j-, b-. Потоа, во јазикот се развил гласот /ʒ/ < * j, */t͡ʃ/ наместо z, и зачувување на интервокално поствокално *r.
Во поглед на морфологијата, татискиот е помалку аналитичен јазик за разлика од останатите јужни западноирански јазици. Во јазикот се изгубиле основите на класите и глаголот, но ги зачувал падежите (јазикот има два падежа, номинатив и објектив). Јазикот е од типот јазици со неутрален род, но се разликува родот во некои глаголи и имиња.
Поврзано [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ такестански - Ethnologue (XVI изд, 2009)
хојниски - Ethnologue (XVI изд, 2009)
харзандски - Ethnologue (XVI изд, 2009)
Надворешни врски [уреди]
|
|||||||||||||||||||||||||||||