Синхалски јазик

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Синхалски јазик
සිංහල siṁhala
Word Sinhala in Yasarath font.svg
Застапен во Шри Ланка
Говорници 17 милиони  (2007)[1]
Јазично семејство
Претходни облици:
елу пракрит
  • синхалски јазик
Дијалекти
веда (можеби креолски јазик)
Писмо синхалска азбука
Статус
Службен во  Шри Ланка
Јазични кодови
ISO 639-1 si
ISO 639-2 sin
ISO 639-3 sin
Индско писмо
Оваа страница содржи индски текст. Без соодветна поддршка самогласките може да се прикажуваат на неправилни места, а зборовите може да бидат без сврзници. Повеќе...

Синхалскиот (සිංහල siṁhala /ˈsiŋɦələ/), или понекогаш наречен синхалезиски, е индоариски јазик, од групата на индоирански јазици од семејството на индоевропски јазици. Јазикот е мајчин јазик на Синхалите, доминантната етничка група на Шри Ланка. Синхалскиот е национален и официјален јазик на Шри Ланка. На Шри Ланка околу 16 милиони Синхали го зборуваат како мајчин јазик, а како втор јазик го зборуваат околу 3 милиони луѓе.[2] Синхалскиот се пишува на синхалска азбука. Најсроден на синхалскиот јазик е малдивскиот, но не се меѓусебно разбирливи. Двата јазика ја сочинуваат подгрупата островски индоариски јазици од групата на јужни индоариски јазици.

Етимологија[уреди]

Зборот 'sinhala' потекнува од санскритскиот јазик, што пак одговара со средно индоарискиот поим 'Sīhala'; всушност 'синхала' е 'хела' или '(h)eḷu'. Двата поима го содржат зборот 'simha' или 'sīha' што значи „лав“.[3] Според легендата, Синхабаху бил син на принцезата од Ванга и еден лав. Тој го убил неговиот татко и станал крал на Ванга. Неговиот син, Виџаја ќе пребегне од северна Индија во Ланка.[4] Зборот 'la' се поврзува со значањето “обзема, зграпчува“,[5] па така целосното име во слободен превод би било „фаќач на лав“ или „убиец на лав“. Сепак нема цврсти докази за ова, освен за поимот „лав“.

Развој[уреди]

Развојот на синхалскиот јазик е поделен на 4 етапи:

  • синхала пракрит (до 3 век)
  • прасинхалски (3 - 7 век)
  • средновековен синхалски (7 - 12 век)
  • современ синхалски (12 век - денес)

Фонологија[уреди]

уснени забно/
алвеоларни
ретрофлексни палатални веларни глотални
носни m ɳ ɲ ŋ
експлозивни безвучни p ʈ k
звучни b ɖ ɡ
пренасализирани ᵐb ⁿ̪d̪ ᶯɖ ᵑɡ
фрикативни (f) s (ʃ) h
ротички r
апроксимантни ʋ l j
предни централни задни
долги кратки долги кратки долги кратки
затворени i u
средни e (ə) o
отворени æː æ a
Синхалски јазик
Писмо синхалски
Пример Прв член од „Декларацијата за човекови права“
Текст සියලූ මනුෂ්‍යයෝ නිදහස්ව උපත ලබා ඇත. ගරුත්වයෙන් හා අයිතිවාසිකම් සමාන වෙති. යුක්ති අයුක්ති පිළිබඳ හැඟීමෙන් හා හෘදය සාක්ෂියෙන් යුත් ඔවුනොවුන්වුන්ට සැළකිය යුත්තේ සහෝදරත්වය පිළිබඳ හැඟීමෙනි.
Siyalū manuṣyayō nidahasva upata labā. Garutvayen hā ayitivāsikam samāna veti. Yukti ayukti piḷiban̆da hæn̆gīmen hā hṛdaya sākṣiyen yut ovunōvunvunṭa sæḷakiya yuttō sahōdaratvaya piḷiban̆da hæn̆gīmen.
Македонски Ситe чoвeчки суштeствa сe рaѓaaт слoбoдни и eднaкви пo дoстoинствo и прaвa. Tиe сe oбдaрeни сo рaзум и сoвeст и трeбa дa сe oднeсувaaт eдeн кoн друг вo дуxoт нa oпштo чoвeчкaтa припaднoст.
Портал: Јазици

Наводи[уреди]

  1. Nationalencyklopedin "Världens 100 största språk 2007" The World's 100 Largest Languages in 2007
  2. „Census of Population and Housing 2001“. Statistics.gov.lk. http://www.statistics.gov.lk/PopHouSat/PDF/Population/p9p11%20Speaking.pdf. конс. 16 ноември 2013. 
  3. Caldwell, Robert (1875). „A comparative grammar of the Dravidian or South-Indian Family of Languages“. London: Trübner & Co.. , pt. 2 p. 86.
  4. Geiger, Wilhelm: Culture of Ceylon in Mediaeval Times. 2nd edition, Stuttgart 1986. ISBN 3-515-04447-7. §21.
  5. Carter, Charles: A Sinhalese-English Dictionary. Reprint, New Delhi 1996. ISBN 81-206-1174-8. p678.

Поврзано[уреди]

Портал „Јазик

Дополнителни информации[уреди]

  • Gair, James: Sinhala and Other South Asian Languages, New York 1998.
  • Gair, James and Paolillo, John C.: Sinhala, München, Newcastle 1997.
  • Geiger, Wilhelm: A Grammar of the Sinhalese Language, Colombo 1938.
  • Karunatillake, W.S.: An Introduction to Spoken Sinhala, Colombo 1992 [several new editions].
  • Clough, B.: Sinhala English Dictionary, 2nd new & enlarged edition, New Delhi, Asian Educational Services, 1997.
  • Gair, James (1998). „Studies in South Asian Linguistics“. New York: Oxford University Press. ISBN 0-19-509521-9. 
  • Van Driem, George (Jan 15, 2002). „Languages of the Himalayas: An Ethnolinguistic Handbook of the Greater Himalayan Region“. Brill Academic Publishers. ISBN 90-04-10390-2. 
  • Indrapala, Karthigesu (2007). „The evolution of an ethnic identity: The Tamils in Sri Lanka C. 300 BCE to C. 1200 CE“. Colombo: Vijitha Yapa. ISBN 978-955-1266-72-1. 

Надворешни врски[уреди]