Горански јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е за индоирански јазик. За македонскиот дијалект во Косово видете горански дијалект.
Горански јазик
Hawrami
Застапен во Ирак и Иран
Подрачје Хавраман и Гармијан
Говорници 44,000  (2000)[1]
Јазично семејство
индоевропско
Јазични кодови
ISO 639-3 hac
Linguasphere 58-AAA-b

Горански, или гурански, е јазик или група дијалекти од подгрупата на ирански јазици од групата на индоирански јазици, дел од јазичното семејство на индоевропски јазици. Јазикот го опфаќа и авроманскиот дијалект[2][3] и овој јазик го зборуваат Курдите[4][5] во Ирански Курдистан и во Ирачки Курдистан. Според некои јазичари јазикот е дел од групата на зазогорански јазици.[6]

Иако горанскиот јазик има големи сличности со курдскиот јазик во поглед на зборовниот фонд, сепак јазикот е граматички различен и има сличности со зазаки.[6] Најстариот документ за сите овие јазици е напишан на горански. Горанскиот, порано, бил доста важен јазик во југоисточните предели на Курдистан, но денес е заменет со соранскиот јазик (курдски).[7]

Етимологија[уреди]

Името „горан“ е индоиранско потекло. Името најверојатно потекнува од авестискиот збор gairi, што значи „планина“, „гора“.[8]

Наводи[уреди]

  1. Горански јазик - Ethnologue (XVI изд, 2009)
  2. D. N. Mackenzie, Avromani, Encyclopedia Iranica
  3. D. N. Mackenzie, GURĀNI, Encyclopedia Iranica
  4. "Kurdish language." Encyclopædia Britannica. 2010. Encyclopædia Britannica Online. 23 Nov. 2010
  5. Edmonds, Cecil. Kurds, Turks, and Arabs: politics, travel, and research in north-eastern Iraq, 1919-1925. Oxford University Press, 1957.
  6. 6,0 6,1 J. N. Postgate, Languages of Iraq, ancient and modern, British School of Archaeology in Iraq, [Iraq]: British School of Archaeology in Iraq, 2007, p. 138.
  7. Meri, Josef W. Medieval Islamic Civilization: A–K, index. p444
  8. http://www.avesta.org/avdict/avdict.htm#dctg
  • D.N.MacKenzie (1966). „The Dialect of Awroman (Hawraman-i Luhon)“. Kobenhavn. 

Поврзано[уреди]

Портал „Јазик

Надворешни врски[уреди]