Мртов јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Изумрен, мртов или исчезнат јазик е јазик кој нема зборувачи,[1] или кој не е е во активна употреба. Научно, изумрените јазици често се споредуваат со мртвите јазици, кои сепак се познати во оредена форма или во некој контекст, но не како основно средство за комуникација. Така на пример, старомакедонскиот јазик е изумрен јазик, додека старословенскиот е мртов јазик. Како и да е, овие два поима во македонскиот функционираат како синоними еден на друг.

Губење на јазикот[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Јазично изумирање.

Нормалната транзиција на еден јазик од зборуван во мртов се одвива преку процесот на изумирање. Често, мртвите јазици се заменуваат од некои други јазици. Така на пример, староседелските јазици во Америка биле заменети со англиски, француски, португалски или шпански за време на колонизацијата.

Научно, мртвите јазици се разликуваат од исчезнатите јазици, првенствено бидејќи мертвите јазици се користат во некои сфери од општествениот живот, а исчензнатите не. Така на пример, тракискиот јазик не е во никаква употреба и научно се смета за исчезнат, додека старословенскиот, латинскиот и коптскиот се користат за литургии и се сметаат за мртви јазици.

Како мртви јазици се сметаат и старите фази на еден јазик. Пример за ова се развојните фази на англискиот јазик. Староанглискиот јазик се смета за мртов јазик бидејќи денешниот англиски подлегнал на голем број промени и значајно се разликува од староанглискиот.

Мртви јазици[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Список на мртви јазици.

Наводи[уреди]

  1. Lenore A. Grenoble, Lindsay J. Whaley, Saving Languages: An Introduction to Language Revitalization, Cambridge University Press (2006) p.18

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]