Устен јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Устен јазик (говорен јазик) е форма за комуникација меѓу луѓето и една од двете форми на јазикот. Усниот јазик е спротивен на пишаниот јазик. Усниот јазик користи голем број зборови со кои се изразуваат идеи, мисли, концепти и слично. Сите зборови се составени од одреден број самогласки и согласки, во зависност од природата на јазикот. Зборовите се надоврзуваат и формираат фрази (синтагми) и реченици.

Голем број јазици во светот се само усни и не постои пишана форма за истите. При потреба за запишување на усен јазик, јазичарите често се служат со Меѓународната фонетска азбука.

Некои јазици не го користат говорниот апарат за искажување зборови, туку сет на знаци. Знаковните јазици имаат некои природни елементи на говорен јазик, но разликата е во тоа што таквите јазици користат раце и мимики наместо гласови.

Луѓето го изучуваат мајчиниот јазик во раната возраст кога го примаат јазикот кој се зборува во околината. Најчесто таквото прифаќање е од мајката, но не е исклучиво од неа. Усниот јазик е доста побогат одошто пишаниот јазик поради голем број елементи кои се карактеристични за усниот говор, како на пример тон, интонација, акцент и сл.

Поврзано[уреди]