Средна Азија
|
|
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
| Средна Азија | |
| Area | 4.003.400 km2 (1,545,721 sq mi)[1] |
|---|---|
| Population | 64,746,854[2] |
| Density | 15 /km2 (39 /sq mi) |
| Држави | |
| Ниминален БДП (2009) | $ 166 милијарди |
| БДП по глава на жител (2009) | $ 2,700 |
Средна Азија или Централна Азија е регион во Азија од Каспиското Море на запад до средна Кина на исток, на север до јужна Русија, а на југ до северен Пакистан.
Содржина |
Држави [уреди]
| држава | површина km² |
население (2009) |
густина на население на km² |
номинален БДП во милијарди долари (2009) |
БДП по глава на жител (2009) |
главен град | официјален јазик |
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 2,724,900 | 16,004,800 | 6 | 109,273 | $6,823 | Астана | казашки, руски | |
| 199,900 | 5,482,000 | 27 | 4,570 | $850 | Бишкек | киргиски, руски | |
| 143,100 | 7,349,145 | 51 | 4,982 | $766 | Душанбе | таџички | |
| 488,100 | 5,110,000 | 10 | 16,197 | $3,242 | Ашхабат | туркменски | |
| 447,400 | 27,606,000 | 62 | 32,816 | $1,175 | Ташкент | узбечки |
- Држави кои понекогаш се сметаат за дел од Средна Азија
| држава/ територија | површина km² |
население (2009) |
густина на население на km² |
главен град | официјален јазик |
|---|---|---|---|---|---|
| 647,500 | 31,889,923 | 49 | Кабул | паштунски, персиски | |
| 9,640,821 | 1,338,612,968 | 139.6 | Пекинг | кинески | |
| 1,648,195 | 76,923,300 | 45 | Техеран | персиски | |
| 1,564,116 | 2,736,800 | 2 | Улан Батор | монголски | |
| 803,940 | 168,925,500 | 210 | Исламабад | урду, англиски | |
| 13,000,000 | 141,945,966 | 8.3 | Москва | руски |
Население [уреди]
Во Средна Азија се вбројуваат државите: Авганистан, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркметистан и Узбекистан. Заедна зафаќаат површина од 4 646 600кm². На оваа територија живеат околу 85 милиони луѓе. Се забележува дека на многу голема површина живее релативно мал број население. Причина за тоа се релјефните и климатските услови. Тоа е територија која од запад, југ и исток е граничена со планини, а на север е многу оддалечена од морето, така што врнежите во Средна Азија достигнуваат од 200мм до максимум 500мм годишно. Во отсуство на доволни количества вода се оформени пространи пустини. Со нешто поголем број население се одлигуваат Авганистан и Узбекистан. Етничкиот состав на населението го претставуваат: Казаси, Руси, Туркмекинци, Узбеци, Киргизи, Таџици и Паштуни. Со исклучок на Авганистан, каде што се зборува пашту и се користи арапско писмо, сите други држави имаат свои јазици и користат кирилица. Покрај официјалните јазици се користи и рускиот јазик. Населението во Средна Азија е со исламска веросиповед(80%), христијанска(10%) итн. Исклучок е Казахстан каде што околу 45% од населението се православни христијани.
Стопанство [уреди]
Од државите на Средна Азија, според развојот на стопанстовто Казахстан, Узбекистан, Туркмекистан и Киргистан се славо развиени аграрно-индустриски земји. Огромните територии со непрегледни рамници во Казахстан, Узбекистан и Туркмекистан се основа врз која се потпира земјоделското производство. Поважни земјоделски култури се пченицата, јачменот, оризот, пченката, сончогледот, памукот, виновата лоза, компирот. Посебна одлика е одгледувањето памук и свилена буба, кои како суровини се основа за извоз и развој на текстилната индустрија. Недостиг на вода се надоместува со наводнување, особено од реките Аму Дарја и Сир Дарја, кои поради преголема употреба, често не стигнуваат до Аралското Езеро, па тоа постојано се намалува. Во Средна Азија е застапено и сточарството. Главно се одгледуваат овци и кози, а од крупниот добиток - говеда, коњи, камили, јакови. Се одгледуваат и животни со ценети крзна и кожи. Карактеристично за регионот е што поседува разновидни природни богатства, како што се: нафта, земјен гас, железо, јаглен, обоени метали, полуметални руди, волфрам, уран, жива итн. Особено важно е богатството со нафта и земјен гас околу Каспиското и Араиското Езеро. Богатите наоѓалишта на јаглен, железо и обоени метали, со исклучок на Авганистан, овозможиле развој на црната и обоената металургија, на машинската индустрија, на хемиската и нафтопреработувачката индустрија. Врз основа на суровините од земјоделско и сточарско потекло се развиени гранки на лесната индустрија, како што се текстилната, прехрамбената итн. Поради пустинските и планинските територии, транспортните услови во Средна Азија не се доволно развиени.
Карти [уреди]
Наводи [уреди]
Поврзано [уреди]
| Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |

