Флора

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Разновидни растителни видови

Флора (од лат. flora) е збирен поим за сите растенија во едно географско подрачје или временски период,[1] и обично се однесува на автохтоните видови. Еквивалентен поим во животинскиот свет е фауната. Флората, фауната и другите обливи на живот како габи заедно се нарекуваат биота.

Етимологија[уреди]

Поимот „флора“ доаѓа од Флора - римска божица на растенијата, цвеќињата и плодноста.[1]

Класификација на флората[уреди]

Растенијата се групираат во флори според подрачјето, периодот, посебна околина или клима. Подрачјата може да бидат географски посебни живеалишта (на пр. планинска наспроти рамничарска). Флората на некој минат временски период се нарекува „фосилна флора“. Според посебните околини, флората може да биде:

  • автохтона флора - домородната флора на извесно подрачје.
  • земјоделска и градинарска флора - растенијата што се одгледуваат.
  • коровна флора - растенија непожелни во земјоделството или локалниот екосистем, групирани со цел да се искоренат и спречат. Можат да бидат корови, инвазивни видови (кои не мора да бидат плевели).

Во флората понекогаш се вбројуваат и бактериите кои живеат на или од растенијата.[2] [3]

Како пишано дело[уреди]

Под „флора“ може да се подразбере и стручно дело наменето за ботаничари кое ги опишува растенијата и дава клуч за нивно распознавање.

Флората на Википедија[уреди]

Насловна страница на „Флора на Грција“ (1806) од Џон Сибторп

Флората ја има на следниве категории:

BlankMap-World5.svg

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „флора“ — Лексикон на македонскиот јазик на оф.нет
  2. http://webster.com/cgi-bin/dictionary?va=flora
  3. http://biology.usgs.gov/s+t/SNT/noframe/zy198.htm#F

Надворешни врски[уреди]