Науки за Земјата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вулканска ерупција е ослободување на складирана енергија од под површината на Земјата, која потекнуваод радиоактивното распаѓање и гравитационото распоредување во јадрото и обвивката на Земјата, и остатокот енергија добиена за време на формирањето на Земјата.[1]

Науки за Земјата е сеопфатен термин за науки поврзани со планетата Земја.[2] Тоа е веројатно посебен случај во планетарна наука, знаејќи дека Земјата е единствената планета за која што е познато дека има живот. Постојат два пристапи кон науките за Земјата редукционистичкиот и холистички. Официјалната дисциплина на науките за Земјата може да вклучи и проучување на атмосферата, хидросферата, океаните и биосферата, како и цврста земја. Обично научниците за Земјата ќе користат средтсва од физика, хемија, биологија, хронологија и математика да изградат квантитативно разбирање за тоа како работи Земјиниот систем, и како еволуирал до неговата сегашна состојба.

Полиња на проучување[уреди]

Лавата истекува од вулканот Килауеа во океанот на островот Хаваи

Следните полиња на науката обично се категоризирани во рамките на геонауките:

Внатрешноста на Земјата[уреди]

Тектонските плочи, масиви, вулканите, и земјотресите се геолошки феномени tкои можат да се објаснат во рамките на енергетски трансформации во Земјината кора.[10]

Под Земјината кора лежи обвивката која се загрева со радиоактивно распаѓање на тешки елементи. Обвивката не е сосема солидна и се состои од магма која е во состојба на полу-постојана конвекција. Овој процес на конвекција предизвикува литосферските плочи да се движат, иако тоа е бавно. Резултатот на процесот е познат како тектонски плочи.[11][12][13][14]

Тектонските плочи може да се сметаат за процес преку кој земјата повторно има површина. Преку процес наречен ширење на морското дно), создадена е нова кора од протокот на магма од под литосферата до површината, преку пукнатини, кадешто се лади и се стврднува. Преку процес наречен субдукција кога океанската кора се турка под земја- под остатокот од литосферата- каде доаѓа во контакт со магма и се топи- повторно соединувајќи се со обвивката од која оригинално потекнува.[12][14][15]

Области на кората кадешто се создава новата кора се наречени дивергентни граници, оние кои се вратени назад на Земјата се конвергентни граници а оние кај кои плочите се лизгаат еден под друг, но не се создава ниту уништува нов литосферички материјал се наведени како трансформирани (или конзервативни) граници[12][14][16] Земјотресите се резултат на движењето на литосферичките плочи, а тие обично се случуваат во близина на конвергентни граници кадешто делови од кората се присилени во земјата како дел од субдукција.[17]

Вулканите се резултат главно од топењето на субдуциран материјал од кората на Земјата. Материјалот од кората што е присилен во астеносферата се топи, и дел од стопениот материјал станува доволно лесен за да се крене на површината и така се раѓаат вулканите.[12][17]

Електромагнетно поле на Земјата[уреди]

Електромагнет е магнет создаден од струја што тече околу меко железно јадро.[18] Земјата има цврсто железно внатрешно јадро опкружено со полутечни материјали од надворешното јадро кои се движат во постојани струи околу внатрешното јадро;[19] така што Земјата е електромагнет. TОва е познато како динамо теорија на магнетизмот на Земјатa.[19][20]

Атмосфера[уреди]

Магнетосферата ја штити површината на Земјата од наелектризираните честички од соларниот ветар. Тоа се згуснува во текот на денот (Сонце) поради силата на честичките што пристигнуваат и се проширува во текот на ноќта. Да не се поместува сликата.

Тропосферата, стратосферата, мезосферата, термосферата, и егзосферата се пет слоеви кои ја сочинуваат Земјината атмосфера. Во сите нив, атмосферата е составена од околу 78.0% азот, 20.9% кислород, и 0.92% аргон. 75% од гасовите во атмосферата се наоѓаат во тропосферата, во најдолниот слој. Останатиот еден процент од атмосферата(сé освеназот, кислород, и аргон) содржи мали количини на други гасови вклучувајќи и CO2 и водна пареа.[21] Водните пареи и CO2 дозволуваат Земјината атмосфера да ја фати и држи сончевата енергија преку феномен наречен ефектот на стаклената градина.[22] Ова овозможува површината на Земјата да биде доволно топла за да има вода во течна состојба и да подржува живот.

Магнетното поле создадено од внатрешните движења на јадро ја произведува магнетосферата која што ја штити Земјината атмосфера од соларниот ветар.[23] Како што Земјата е стара4.5 милијарди години ,[24] до сега би ја изгубила својата атмосфера ако не постоеше заштитничката магнетосфера.

Во прилог на складирање на топлина, атмосферата исто така ги штити живите организми со оклопување на површината на Земјата од космичките зраци. Имајте во предвид дека нивото на заштита е доволно високо за спречување на космичките зраци од уништување на живиот свет на Земјата, но доволно ниско да им помогне на мутациите кои имаат важна улога во протуркување на разновидноста во биосферата.[се бара извор]

Методологија[уреди]

Како и сите други научници, научниците за Земјата го применуваат научниот метод. Тие креираат хипотези по набљудување на настани и собирање податоци за природните феномени, и тие ги тестираат хипотезите од таквите податоци.

Една современа идеја во науката за Земјата е униформизам. Униформизмот says that вели дека "античките геолошки карактеристики се интерпретираат со разбирање активни процеси кои се лесно забележани".[се бара извор] Едноставно кажано, ова значи дека геолошките процеси што се случуваат денес се случиле и во минатото -. Сегашноста е клучот за минатото. На пример, една планина не треба да се смета како да е создадена во еден момент, туку тоа може да се гледа како резултат на континуирана субдукција предизвикувајќи магма да расте и да се формираат континентални вулкански лакови.

Земјините сфери[уреди]

Науката за Земјата генерално познава четири сфери, литосферата, хидросферата, атмосферата, и биосферата;[25] овие одговараат на карпи, вода, воздух, и живот. Некои практичари вклучуваат, како дел од сферите на Земјата, крајосферата (што одговара на мраз) како посебен дел од хидросферата, како и педосферата (што одговара на почва) како активна и измешана сфера.

Делумна листа на главните теми на науката за Земјата[уреди]

Види: Листа на основните теми на науката за Земјата

Атмосфера[уреди]

Биосфера[уреди]

Хидросфера[уреди]

Литосфера или геосфера[уреди]

Педосфера[уреди]

Системи[уреди]

Други[уреди]

Види исто[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Резиме на науката за Земјата.

Шаблон:Книги на Википедија

Наводи[уреди]

  1. Encyclopedia of Volcanoes, Academic Press, London, 2000
  2. „Науки за Земјата“. „Memidex/WordNet Dictionary“. http://www.memidex.com/earth-science. конс. 11 јуни 2012. 
  3. Adams & Lambert 2006, стр. 20
  4. 4,0 4,1 Smith & Pun 2006, стр. 5
  5. Fundamentals of Physical Geography, 2nd Edition, by M. Pidwirny, 2006
  6. Wordnet Search: Geodesy
  7. NOAA National Ocean Service Education: Geodesy
  8. Elissa Levine, 2001, The Pedosphere As A Hub broken link?
  9. Duane Gardiner, Lecture: Why Study Soils? excerpted from Miller, R.W. & D.T. Gardiner, 1998. Soils in our Environment, 8th Edition
  10. Earth's Energy Budget
  11. Simison 2007, paragraph 7
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 Adams & Lambert 2006, стр. 94,95,100,102
  13. Smith & Pun 2006, стр. 13-17,218,G-6
  14. 14,0 14,1 14,2 Oldroyd 2006, стр. 101,103,104
  15. Smith & Pun 2006, стр. 327
  16. Smith & Pun 2006, стр. 331
  17. 17,0 17,1 Smith & Pun 2006, стр. 325,326,329
  18. American Heritage, стр. 576
  19. 19,0 19,1 Oldroyd 2006, стр. 160
  20. Demorest, Paul (21 мај 2001). „Dynamo Theory and Earth's Magnetic Field.“. http://setiathome.berkeley.edu/~pauld/etc/210BPaper.pdf. конс. 17 ноември 2007. 
  21. Adams & Lambert 2006, стр. 107-108
  22. American Heritage, стр. 770
  23. Adams & Lambert 2006, стр. 21-22
  24. Smith & Pun 2006, стр. 183
  25. Earth's Spheres. ©1997-2000. Wheeling Jesuit University/NASA Classroom of the Future. Retrieved November 11, 2007.

Понатамошно читање[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Шаблон:Physical Earth

Шаблон:Natural sciences-footer