Екологија

Од Википедија, слободна енциклопедија

Скокни на: навигација, барај

Екологија може да значи или:

  • природна средина или
  • анализа или студија базирана на принципите и методите на еколошката наука.
Екологија во суштина е наука за развојот на планета Земја.
Екологија во суштина е наука за развојот на планета Земја.

Потребата да се изучуваат односите меѓу нивните организми и природата за прв пат се појавила пред околу сто години, во доба на засилената индустријализација на производството. Во тоа време човекот за прв пат се соочил со крупни измени во природата што ги предизвикал со својата дејност (исцрпување на природните резерви на руди, нафта, употреблива вода и почва, натрупување на отпад од различно потекло, загадување на водата, почвата и воздухот).

Заради тоа, екологијата спаѓа во релативно младите биолошки науки што сеуште се развива, барајќи ги патиштата за подобрување на нарушените односи помеѓу човекот и природата и за нејзиното унапредување.

Поимот "oekologie" е составен во 1866 од страна на германскиот биолог, Ернст Хекел, од грчкиот oikos што значи „домаќинство“ и logos што значи „студија“, или наука за домот.

Во последните години екологијата станува се поактуелна, поради поголемите нарушувања во природата што ги предизвикува човекот. Живееме во време кога науката и техниката отидоа многу далеку, а ние сме тука некаде - животот полека замира. Но, ние имаме право на свој живот а наша обврска е: здравиот живот во чиста средина.

Земјата, е единствената планета во вселената со својата величествена моќ на живот и природна рамнотежа, заслужува големо влијание и љубов. Основните медиуми за живот на земјата се: водата, воздухот и почвата.

Човекот како ремек дело на природата, отсекогаш имал определено влијание врз природата и животот во неа. Паралелно со филогенетскиот развој на човекот, тоа вилание се менувало и по интензитет и по карактер, преминувајќи ја честопати границата на дозволеното, при што се јавуваат несакани последици.

Екологија е наука што ги изучува распределбата и изобилството на живи организми, и односите меѓу организмите и нивната средина. Средината на организмите ги вклучува и нивните физичките карактеристики, кои можат да се опишат како сума на локални абиотички фактори како клима и геологија, како и другите организми што го делат истото живеалиште.

[уреди] Види исто така

Лични алатки