Хипократ

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хипократ од Кос

Гравура од Петар Паул Рубенс од 1638 година
Роден(а) прибл. 460 п.н.е.
Кос, Грција
Починал(а) прибл. 377 п.н.е.
Лариса, Грција
Други имиња грчки: Ἱπποκράτης
Занимање лекар

Хипократ од Кос II или Хипократ од Кос (грчки: Ιπποκράτης), 460 П.Н.Е. –ц. 370 П.Н.Е., бил доктор во Античка Грција кој живеел во добата на Перикле. Заради неговите огромни допринеси во полето на медицина, Хипократ се смета за „татко на медицината“. Хипократската школа ја дефинирала медицината како засебна дисциплина (одворена од други како на пример, теургијата и философијата).

Хипократ и неговите следбеници го создале Хипократскиот Корпус, збирка на тогашните целокупни познавања поврзани со медицината и дефинирала морален код според кој докторите треба да живеаат и работат.[1][2] Корпусот исто содржел клинички белешки за како да се прегледуваат пациентите. Белешките биле куси, но, мошне јасни и прецизни.[3] Длабочината на информациите презентирани во овој корпус е мошне ценет до ден-денес. Модерните доктори сѐ уште ја земаат Хипократовата заклетва во малку изменета форма.[4][5]

Биографија[уреди]

Асклеипион на грчкиот остров Кос

Единствените податоци за Хипократ кои се знаат со сигурност се датумот на неговото раѓање, местото на раѓање и неговата професија. Историчарите се согласуваат дека Хипократ постоел како личност, дека бил роден околу 460 П.Н.Е. на островот Кос и дека бил мошне познат доктор и професор по медицина. Сите останати биографски податоци се сметаат дека се можеби апокриф . Мошне е тешко да се одреди што точно се случило, а што е дел од легендата која што го прати Хипократ и неговото дело. Бидејќи „официјалната“ биографија била создадена дури неколку векови по неговата смрт, голем дел од тие податоци биле пренесувани од колено на колено и не се сметаат за целосно веродостојни.[6]

Соранус од Ефес, за кого малку се знае, ја создал првата биографија на Хипократ и е извор на најголем дел од информациите за Хипократ како личност. Според Соранус, таткото на Хипократ бил докторот Хераклид, а мајка му била Пракситела, ќерката на Фенаретис. Тој имал два сина, Тесалус и Драко и зет кој се викал Полибус. Сите тројца биле негови студенти, но, Гален смета дека Полибус бил вистинскиот наследник на Хипократ. Според Гален, и Тесалус и Драко имале синови кои ги нарекле Хипократ според татко им.[7][8]

Соранус исто тврдел дека Хипократ најпрвин научил за медицината од неговиот татко и дедо, додека за други области учел од Демокрит и Ѓорѓија. Се смета дека тој учел во Асклепионот во Кос и дека бил ученик на Херодикус од Селимбрија. Според Платон, Херодикус бил Асклепид.[3] Други антички биографичари на Хипократ биле Суидас, Цецес и Аристотел.[9][10]

Скоро е сигурно дека Хипократ патувал насекаде и дека ја посетил Тесалија, Тракија и Мраморното Море. Секаде каде што одел, Хипократ работел во функција на доктор.[8] Се смета дека починал во Лариса кога имал 83 или 90 години, но, податоците за неговата смрт се сметаат за мошне неверодостојни. Некои извори тврдат дека Хипократ доживеал над 100 години старост.[8]

Извори[уреди]

  1. Garrison 1966, стр. 92-93
  2. Nuland 1988, стр. 5
  3. 3,0 3,1 Martí-Ibáñez 1961, стр. 86-87
  4. Garrison 1966, стр. 94
  5. Garrison 1966, стр. 96
  6. Nuland 1988, стр. 4
  7. Adams 1891, стр. 19
  8. 8,0 8,1 8,2 Margotta 1968, стр. 66
  9. Garrison 1966, стр. 92
  10. Nuland 1988, стр. 7

Библиографија[уреди]

  1. пренасочување Шаблон:Наведување/core/testing.

Надворешни врски[уреди]