Лариса

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лариса
Λάρισα
Првиот антички театар во Лариса
Првиот антички театар во Лариса
Местоположба
Лариса се наоѓа во Грција
Лариса
Координати 39°38′ СГШ 22°25′ ИГД / 
Управа
Држава: Грција
Област: Тесалија
Округ: Лариса
Окрузи: 4+1
Градоначалник: Апостолос Калојанис
Население (2011)
Општина
 - Население: 162.591
 - Површина: 335,1 км2
 - Густина: 485 жит/км2
Општинска единица
 - Население: 146.926
 - Површина: 122,6 км2
 - Густина: 1.198 жит/км2
Друго
Часовен појас: EET/EEST (UTC+2/3)
Надм. височина: 67 м
Пошт. бр.: 41x xx
Повик бр.: 241
Рег. табл.: ΡΙ,ΡΡ
Портал
www.larissa-dimos.gr

Лариса (грчки: Λάρισα, старогрчки: Λάρισσα), е главен град на периферијата Тесалија во Средна Грција и седиште на округот Лариса. Лариса е исто така еден од најважните градови на Грција.

Според името на градот беше именуван еден астероид, како и сателит на Нептун.

Име[уреди]

Зборот "Лариса" на старогрчки значи "тврдина, упориште", а во грчката митологија нимфата Лариса е ќерка на грчкиот прататко од племето Пелазги, кои беа првите познати жители на областа. Ова племе имаше многу населби со ова име.

Природни услови[уреди]

Градот Лариса се наоѓа во централниот дел на Тесалиската Рамнина, на реката Пинејос. Положбата на градот е многу поволна, бидејќи тоа е во близина на главниот пат во земјата, автопатот Атина - Солун.

Климата во Лариса е медитеранска климаизменето средоземноморска, која се карактеризира со жешки летолета и ладни зимазими со чести врнежи од снег. Лариса е познат како еден од најжешките грчки градови во летниот период.

Историја[уреди]

Најстарите археолошки наоди од областа на Лариса покажуваат дека областа е населена уште од праисториско време.

Првите познати жителите на областа Лариса беа грчкото племе Пелазги. Во 5 век п.н.е. оваа област е вклучена во главните текови на цивилизацијата, но тоа беше на маргините на главните настани. Сепак, тоа е толку важно за да го посетат многу познати личности, филозофи како Хипократ и Горгија, кои починале тука. За време на Пелопонеската војна, Лариса беше на страната на Атина. Во 344 година областа на Лариса падна под власта на Античка Македонија, а во 196 година потпадна под римска власт. Во 5 век, градот станал седиште на архиепископија. Во средниот век, градот беше најдолго под византиска власт, накратко под средновековна Бугарија и Србија, а во 15 век, градот потпаднал под османлиска власт. Под турско Лариса останува следните четири века, и е познат како "Новиот грчки град". Во 1881 градот припаѓа на модерна Грција, а месното муслиманско население масовно се иселува, во текот на грчко-турската војна 1897-1898.

Население[уреди]

Лариса има 126.076 жители и е седмиот по големина град во Грција. Населението се главно етнички Грци. Движење на населението низ годините:

Збратимени градови[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Twinnings“. „Central Union of Municipalities & Communities of Greece“. http://www.kedke.gr/uploads/twinnedcities.pdf. конс. 25 август 2013. 
  2. „Rybnik Official Website — Twin Towns“. „City of Rybnik“. Urząd Miasta Rybnika, ul. Bolesława Chrobrego 2, 44–200 Rybnik. http://www.rybnik.pl/index.php?id=324. конс. 1 ноември 2008. 

Надворешни врски[уреди]