Пелазги

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Пелазгите биле прединдоевропски народ кој живеел во јужните делови на Балканскиот Полуостров. Се смета дека етимологијата на зборот Пелазги (Полазги) е словенска[се бара извор]. Словените [се бара извор] и Пелазгите живееле по ридовите и планините, особено во Грција и Тесалија, каде новодојдените агресивни Хелени во 12 век п.н.е. ги натерале Пелазгите да се повлекуваат по планините и на север во Македонија, Тракија итн. Старословенскиот збор за ваквото живеење на рид/планина е „по-лазеч“, т.е. Полазеч, Полазги или Пелазги.[1]

Во античка Грција има многу топоними, реки и планини со словенска етимологија, иако постојат тврдења[се бара извор] дека немало Словени во тие краишта. Некои од топонимите се:

Топоними
Risea
Bura
Eserus
Halysaea
Homolium
Horeum
Leucas
Lebadea
Phoronicium
Oleanum
Sellasia
Sperchia
Stantyra
Sicorium
Temnos
Zemene
Планини
Halesius
Homole
Scolis
Tomeus или T(a)marus
Temnos
Pretus
Stena
Реки
Peneus
Porina
Selenus
Selleis
Thiessa (Tiassus)

Славистот Шафариќ вели дека следниве антички топоними во географска Тракија, која ги опфаќа и македонските етнички територии се од словенско потекло:

Од Тракија
Arzos - Рашка
Bennica - Банско
Debre - Дебaр
Dolonici(ae) - Дољани
German - Чрмеп или Герман
Samaika - Самоков
Travus - Трева
Zdebrin, Zernae, Zirinae, Zirinia - Црнец
Во Македонија
Cavetza - Кавица
Melichiza - Малешево
Nestus - Места

За античката тракиско-пеонско-македонска област Стримион, се тврди дека подоцна ја населило македонското словенско племе Струмјани. Според ова, областа Стримион која носи чисто словенско име потекнува од предсловенската колонизација. Струмиен е старословенски збор и означува врело/извор, а денес истиот збор, со истото значење се употребува во полскиот јазик. Во Пиринска Македонија и денес постои реката Струма, а во Македонија градот Струмица кои влечат корен од старословенскиот збор Струмиен.

Античкиот историчар Трог Помпеј пишува дека Македонците потекнуваат од Пелазгите [2].

Во 450 г.п.н.е., Херодот за Пелазгите вели:

Ако се суди по останатите живи Пелазги,... каков јазик говореле Пелазгите, треба да кажам дека говореле еден варварски јазик; ако тоа е така тогаш жителите на Атика, која е пелазгиска земја, со нивното преминувањето кон Елините, примија друг јазик.[3]


Античкиот елински географ Страбон, вели:

Што се однесува до Пелазгите, сите докази укажуваат на тоа дека тие се еден стар народ, кој бил распространет на територијата на цел Хелас, особено меѓу Етолците во Тесалија.


Понатаму, Страбон пишува дека Тесалија, меѓу устието на реката Пенеос, Термопилите и планината Пинд, се нарекувала Пелазгиски Аргос, оти Пелазгите ја населуваaт таа земја [4]. Страбон ова го напишал во 9 век по Христа, што говори во прилог на тоа дека Пелазгите и тогаш живееле во Елада, Тесалија, Македонија итн. Од тие Пелазги-Аргaјци произлегувала македонската царска династија, почнувајќи од македонскиот цар Александар Први (Александар Трети е големиот Александар Македонски). На друго место, Страбон вели дека и Етолците (како и Македонците) не се Елини [5]. Како Акаранците, Македонците и Етолците биле неелини, туку Пелазги, римскиот историчар Тит Ливиј пишува дека сите тие зборувале на еден ист јазик, неелински:

Aetolos, Acarnanas, Macedonas eiusdem linguae hominess [6].


Наводи[уреди]

  1. Зборник „Словенско братство“, Белград, 1947 год.; стр. 696-710
  2. Justin. VII, 1, 3
  3. Херодот I, 57-58
  4. Страбон, стр. 221
  5. Страбон V, 2, 4
  6. Tit Livi, XXX, 29