Балкански Полуостров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Географски граници според линијата Сава-Купа
Политичка карта на Балканот во рамките на Европа.

Балканскиот Полуостров или само Балкан е полуостров во Европа и културен и геополитички европски регион. Балканскиот Полуостров опфаќа територија од околу 550.000 километри квадратни и има жители од околу 55 милиони луѓе. Името на полуостровот е од турско потекло или поточно од турскиот збор „Balkan“ што значи „ланец пошумени шуми“[1] Географските граници на Балканскиот Полуостров варираат во зависност кои параметри се сметаат, но најчесто се сметаат водните површини кои го заобиколуваат полуостровот како што се Црно Море, Егејско Море, Јадранско Море и реките Сава и Дунав. Како и географските, така и политичките граници на полуостровот варираат во зависност од тоа како се земаат во предвид, односно врз база на географската положба на земјите или нивната политичка соработка. Балканскиот Полуостров е познат и под терминот Југоисточна Европа.

Географија[уреди]

Од географска гледна точка полуостровот на север најчесто е дефиниран со границата: Кварнерски Залив - реката Купа - реката Сава - реката Дунав, но се среќаваат и други дефиниции за северната граница кои оваа линија ја поместуваат посеверно. Од исток, запад и југ Полуостровот е обиколен со вода. Највисок врв е Мусала во Рила (Бугарија), втор - Митикас во Олимп (Грција), трети - Вихрен во Пирин (Бугарија)

Политичка поделба[уреди]

Политичка карта на Балканот.

Држави кои се целосно на Балканскиот Полуостров:

Држави кои во поголем дел се на Балканскиот Полуостров:

Држави кои се скоро надвор од Балканскиот Полуостров:

Демографија[уреди]

Населението на Балканскиот Полуостров според држави е:

Држава Население
 Албанија 3.639.453[2]
 Босна и Херцеговина 4.613.414[3]
 Бугарија 7.928.901[4]
 Хрватска 4.489.409[5]
 Грција 11.257.285[6]
 Косово 2.180.686[7]
 Италија 236.520 во покраината Трст[8]
 Македонија 2.048.619[9]
 Црна Гора 620.145[10]
 Романија 971.643[11] во Добруџа
 Србија 7.334.935[12] без Косово
 Словенија 2.038.733[13]
 Турција 10.691.518[14] во европскиот дел на Турција
Забелешка: Голем дел од териториите на Хрватска и Словенија не се дел од Балканот, но во оваа табела целокупното население на овие држави е вклучено.

Наводи[уреди]

  1. "Balkan."“.. Microsoft Corporation. (конс. 31 март 2008)
  2. „Anketa e Matjes së Nivelit të Jetesës 2008“. http://www.instat.gov.al/. 
  3. CIA World Factbook
  4. „Population by districts and ethnic group as of 1.03.2001“. http://www.nsi.bg/Census_e/Ethnos.htm. конс. 19 август 2009. 
  5. „CIA World Factbook: Croatia“. „Central Intelligence Agency, United States“. 24 февруари 2009. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/hr.html. конс. 25 февруари 2009. 
  6. „Total population“. Eurostat. 1 јануари 2009. http://epp.eurostat.ec.europa.eu/tgm/table.do?tab=table&language=en&pcode=tps00001&tableSelection=1&footnotes=yes&labeling=labels&plugin=1. конс. 2 август 2009. 
  7. „Statistical office of Kosovo“. Ks-gov.net. http://www.ks-gov.net/ESK/eng/. конс. 17 април 2010. 
  8. Италијански попис од 2009
  9. „State Statistical Office, Republic of Macedonia“. Stat.gov.mk. http://www.stat.gov.mk/english/glavna_eng.asp. конс. 17 април 2010. 
  10. Official results of the 2003 Montenegrin census
  11. 715.151 Констанца (округ) и 256.492 луѓе во Тулчеа (округ), Recenseamant.ro
  12. 2009 estimate by „The Statistical Office of the Republic of Serbia“. http://webrzs.stat.gov.rs/axd/index.php. конс. 23 април 2010. 
  13. „Population, Slovenia, 31 March 2009“. Statistical Office of the Republic of Slovenia. 31 јули 2009. http://www.stat.si/eng/novica_prikazi.aspx?id=2505. конс. 23 април 2010. 
  14. Turkish Statistical Institute. „2009 Census, population by provinces and districts“. Turkish Statistical Institute. http://tuikapp.tuik.gov.tr/adnksdagitapp/adnks.zul?dil=2. 

Користена литература[уреди]