Горгија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Горгија (483-375 г.п.н.е.) од Леонтин, Сицилија. Во Атина доаѓа 427 г.п.н.е. како пратеник на својот нападнат град, за да бара помош од Атина. На неговата беседничка вештина се восхитувале сите. Тогаш со своите говори постигнал голем успех со што славата за реторика ја пренел од Сицилија на Грција. Меѓутоа, не само како говорник и учител во ораторството тој се истакнал и во философијата со својот теоретски "нихилизам". Во своите списи "За она што не постои или за природата", Горгија ја продолжува елејската философија, но не признавајќи дека постои битието.

Тој поставува три тези:

  1. Ништо нема.
  2. И да постои нешто не можеме да го спознаеме.
  3. Ако го спознаеме не можеме да го соопштиме на друг.

Докажувајќи ја првата теза вели дека за да постои нешто, мора од нешто да настане, или вечно да постои. Кога би настанало од нешто, тоа ја исцрпува својата егзистенција со што морало да настане од непостоечко а тоа е неможно. Исто така вели дека не може ништо вечно да постои. Вечноста има двојна бесконечност и во минатото и во иднината, а нема ништо што не знаеме дека е бесконечно. Се е ограничено во времето и во просторот.

Продолжувајќи ја својата втора теза, Горгија вели дека, кога би постоело нешто, не можеме да го спознаеме бидејќи се што спознаваме е или сетилно или разумско. Меѓутоа, она што е сетилно е чиста неразумност за нашиот разум. На пример, бојата и мирисот не се суштествени и немаат никаква смисла. Тие не можат да му се припишат на битието, а не можат да се докажат. На пример, на слепиот не може да му се докаже за боите. Значи, сетилното за разумот е ништо. Меѓутоа, и обратно. Она што му изгледа вистинито на разумот не значи дека е вистинито и сетилно. На пример, со паралелите: ни се чини дека тие во далечината се доближуваат (сетилно), а значи дека тоа не е можно (разумски). Горгија бил исто така и славен оратор кој ги пленел слушателите толку многу што бил масовно имитиран. Тој сметал дека се' е небитие (нихилизам) и дека постоењето на битието е апсурд.

Во третата теза, Горгија тврди дека и кога би го спознале нештото не можеме да го соопштиме на друг. Бидејќи она што го кажуваме се само зборови или само звуци кои ги користиме по договор. Меѓутоа, зборовите не можат да бидат ништо бидејќи се произволни симболи кои ги користи единката. На пример, ако некој види нешто црвено а друг зелено, и тоа го кажат со ист збор, тие можат да мислат дека гледаат и изразуваат исто, иако тоа не е така.

Што значи дека, доколку спознаеме нешто неможно, тоа да го прикажеме или докажеме на друг.

Вториот дел од филозофијата на Горгија е етиката. Тој се бори против измислиците со кои слабите сакаат да ги потчинат силните, со што зазел став за одбраната на натчовекот. Горгија мисли дека човечката природа е во волјата за моќ, за владеење со себе и со другите, со што тој прв ја замислил етиката за натпросечното. Горгија вели дека се е борба, а правото лежи кај посилниот. Па затоа правото претставува сретство за ограничување на посилните. Тогаш, правото добива етичка вредност; масите подобро се организираат а силните се задоволуваат. Горгија вели дека правото е нож со две сечива, бидејќи од една страна е сретство на масите против силните, а од друга страна сретство за отстранување на волјата на силните, каде има етичка вредност.

И Протагора и Горгија имаат ист основен хуманистички став но на различен начин ги решаваат моралните проблеми.

Шаблон:Ancient Greece

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: