Анаксимен

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Анаксимен од Милет)
Анаксимен од Милет

Анаксимен (грчки: Άναξιμένης) од Милет (околу 585 п.н.е.[1][2] - околу 525 п.н.е.) бил грчки филозоф од втората половина на 6 век п.н.е., веројатно помлад современик на Анаксимандар, кој веројатно му бил негов учител[3][4].

Анаксимен е помлад сограѓанин на Талес и Анаксимандар. Според него праосновата и прапричината на сè е воздухот, животодајниот елемент, кој кога се вдишува и издишува се живее, а без тоа се умира. Тој сметал дека предметите и појавите настануват со разредување и згуснување на воздухот. Со разредување настанува огнот, а со згуснување се создава по ред: ветерот, облакот, водата, земјата, каменот и сè друго.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Vamvacas 2009, стр. 45.
  2. Dye 2014, стр. 74–75.
  3. Algra 1999, стр. 57.
  4. Eisman 2007, стр. 75.